Пребарување

Внесете клучни зборови:

Лето 2022

Вила Афродити – 2022 Нидри, Лефкада

Вила Афродити – 2022
Нидри, Лефкада

Вила Афродити, Нидри, Лефкада

Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој  се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името;  сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја.. Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен. Нидри е најголем и најпознат туристички град кој се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Сместен е во залив опкружен со малите островчиња Мадури, Меганиси, Скорпио кои се сопственост на Оназис. Ова летовалиште изобилува со продавници, таверни, ресторани, кафулиња и има долга градска плажа. Покрај пристаништето во кое се закотвени бродовите кои крстарат околу островот и превезуваат капачи до другите островчиња, тука се наоѓа и марината за јахти која претставува совршено уточиште на многубројните наутичари и едриличари.

Вила Афродити Б кат. – Нидри – на самиот брег, 300 метри од плажа, во непосредна близина на центарот, многуте таверни и шеталиштето, уреден двор со зеленило и мала пицерија, рецепција, прикладни места за паркирање во близина. Студијата се опремени со мали кујни, тоалет, ТВ, клима ВКЛУЧЕНА во цена, тераси, чистење на апартманите на 3 дена. Студиата се со традиционален дизајн , со различна големина , некои се со поглед на море.

 

ПОПУСТИ: 20% до 28.02.2022 15% до 30.03.2022 10% до 30.04.2022
Вила Афродити Б кат Нидри Maj Јуни Јули Август Септември
25 01 08 15 22 29 06 13 20 27 03 10 17 24 31 07 14 21
Број на ноќевања 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
1/2 студио ( 2лица) 89 119 139 189 239 259 319 359 389 389 389 389 389 389 329 249 99 89
1/2 сту.SV ( 2 лица) 109 139 159 209 259 279 339 379 409 409 409 409 409 409 349 269 109 99
1/3+1 ст. (4 лица) 99 129 149 199 249 269 329 369 399 399 399 399 399 399 339 259 119 109
Коментар промо промо промо / / / / / / / / / / / / / промо промо
Цените се дадени за наем на студио на 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден/Еур.
Дозволено е сместување према капацитетот на студио(број на кревети), освен 1 дете до 7 години во кревет со родител.
Автобуски превоз 50 Еур возрасни – Скопје, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола. Доплата за превоз 5 Еур Охрид и Струга
Деца од 2 до 11,99 год: Попуст 15 Евра од редовната цена.
Климата i Wi-Fi ВКЛУЧЕНИ во цена. За уплата на 2 и повеќе термини одобруваме 7% попуст.
Термините кои се обележани со црвено се промотивни и не подлежат на попуст. Студијата со назнака ЕКО имаат 7% попуст.
 Важат Општите услови за патување на СКТМ.

Време на поаѓање кон Грција:

01:00 h Скопје (Дрводекор)
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
12:45 h Штип (паркинг пред пошта)
02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)
04:00 h Битола (Спортска сала)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола
02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: