Пребарување

Внесете клучни зборови:

Лето 2022

Вила Спирос, Нидри

Вила Спирос, Нидри

Вилата Spiros има убав уреден двор и е лоцирана на влез во Нидри, на 150м од плажа, 1 км од центар на Нидри. Објектот располага со двокреветни студија, сите со поглед на море, опремени со тоалет со туш, кујна и балкон. Студијата се целосно реновирани во 2020 година.

Цените во табелата се однесуваат за наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
* Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава. 


ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ  
– Употребата на клима уред во SPIROS е бесплатна (каде што е достапен),
– Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
– Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
– Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице).

 

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 60 EUR (40 EUR за дете 2 до 12 год.) 

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
– Скопје, во  00:30 ч.  (паркинг спроти хотеl Holiday Inn”)
– Велес, во  01:00 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Градско, во  01:10 ч.  (патарина Градско)
– Росоман, во  01:20 ч.  (БП Црна Река петрол 1)
– Прилеп, во  02:15 ч.  (БП Лукоил)
– Битола, во  03:15 ч.  (паркинг кај спортска сала)
Поаѓање од Грција:
– Истиот ден попладне.

– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор.
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување..
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
* Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .

 

 

 

 

 

 

 

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: