Пребарување

Внесете клучни зборови:

Лето 2021

Вила Јонио, Катизма, Лефкада

Вила Јонио, Катизма, Лефкада

Лефкада или Лефкос е остров во Јонското Море, поврзан со копното со автопат. Лефкада спаѓа меѓу поголемите острови во Грција. Во насока север-југ е долг 35 километри, додека исток-запад, преку 15 километри. Вкупната површина на островот изнесува 336 километри квадратни. Највисоката точка на островот е планината Ставрота, која се издига до 1.158 метри надморска височина. Од Лефкада редовно сообраќаат ферибродови до Кефалонија, Итака и Меганиси. Главниот град на островот е истоимениот град, Лефкада, којшто се наоѓа на северно-источниот дел од островот. Островот е познат е по прекрасните плажи од кои застанува здивот.

 

Вила Јонио – Катизма, Лефкада

Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја…Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен.

Катизма – Агиос Никитас е идеално место за патниците кои сакаат да ја запознаат традиционалната Грција. Прекрасна долга и пространа плажа, која ве мами со самото прво видување: бела песок, тиркизно море, широк простор на кој има место за сите, за оние кои сакаат да се на уреден дел со лежалки чадори и музика, но и за оние кои сакаат да се на мирен дел каде во мир ќе уживаат во престојот. Плажата е ориентирана западно, па сонцето заоѓа долго и убаво, што денот се продолќува се до 21 часот. Додека пак селцето Агиос Никитас оддалечено 2 км од плаќата сместено е не ридче помеѓу маслинови и борови дрва и прекрасен поглед кон тиркизната вода на Јонското море. Местото плени со прекраасната традиционална грчка архитектура, камени улици и голем број на традиционални ресторани каде може да се вкуси најразлична вкусна храна

Вила Јонио Б кат. – Катизма се наоѓа на оддалеченост 2км од Катизма и 1 км од Агиос Никитас, во идиличен дел на недопрена природа со широк двор со многу зеленило, прикладен паркинг за возила и место за заедничко дружење на гостите. Располага со 10 студија кои се со поглед кон заливот на Агиос Никитас, комплетно опремени со тоалет, кујна, ТВ и големи тераси. Вилата е идеална за патници кои се со сопствен превоз и сакаат да ја прошетаат Лефкада, а за патниците кои се со организиран превоз нудиме изнајмување на моторчиња или коли по одлични цени.

Попусти:25% за уплата до 31/12/2019 20% за уплата до 31/01/20 15% за уплата до 28/02/20 10% за уплата до 30/04/20
Вила Јонио Б кат. Аг. Никитас- Maj Јуни Јули Август Септември
26 02 09 16 23 30 07 14 21 28 04 11 18 25 01 08 15 22
Број на ноќевања 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
1/2 ст. ( 2лица) 59 69 99 179 219 249 299 339 379 379 379 379 349 319 269 189 99 59
1/3 ст.( 3 лица) 69 79 109 189 229 259 309 349 399 399 399 399 369 339 289 199 109 69
Коментар промо промо промо / / / / / / / / / / / / / промо промо
Цените се дадени за наем на студио на 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден/Еур.
Дозволено е сместување према капацитетот на студио(број на кревети), освен 1 дете до 7 години во кревет со родител.
Автобуски превоз 45 Еур возрасни – Скопје, Велес, Кавадарци. Доплата за автобуски превоз 40 Еур возрасни – Битола и Прилеп
Деца од 2 до 11,99 год: Попуст 15 Евра од редовната цена – Лица по возрасни од 63 год: Попуст 10 Евра од редовната цена
Климата i Wi-Fi ВКЛУЧЕНИ во цена. За уплата на 2 и повеќе термини одобруваме 7% попуст.
Термините кои се обележани со црвено се промотивни и не подлежат на попуст.
 Важат Општите услови за патување на СКТМ.

 

Повратен билет до Лефкада чини:

Скопје – 45€ по лице
Штип – 45€ по лице
Велес- 45€ по лице

Битола – 40€ по лице
Прилеп – 45€ по лице
Струга  – 45€ по лице
Кичево  – 45€ по лице
Охрид – 45€ по лице
Ресен -45€ по лице
Деца до 1,99 години бесплатно

 

Време на поаѓање кон Грција:

01:00 h Скопје (Дрводекор)
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
12:45 h Штип (паркинг пред пошта)
02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)
04:00 h Битола (Главна автобуска станица)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола
02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

 

Време на заминување од Грција:

Бус Лефкада

(времињата се по МК време)
Агиос Никитас 12.30 часот
Нидри 13.00 часот
Никиана 13.30 часот
Канали 14.15 часот
Бус Парга-Врахос
Врахос 13.00 часот
Амудиа 13.15 часот
Парга 13.45 часот

 

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: