Пребарување

Внесете клучни зборови:

БОЖИЌ И НОВА ГОДИНА 2022

ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА ВО СРЦЕТО НА ИБЕРИЈА - МАДРИД 30.12.2021-02.01.2022

ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА ВО СРЦЕТО НА ИБЕРИЈА -
МАДРИД 30.12.2021-02.01.2022

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Метропола во срцето на Пиринејскиот полуостров, со импресивни палати, пространи плоштади, раскошни фонтани, паркови, цркви и културно историски споменици. Тоа е Мадрид! Главниот град на Шанија е познат по блескавата Кралска Палата во која живее кралското семејство, по своите музеи, зелените оази во Ретиро паркот, како и по љубезното и гостопримливо население кое живее на неговата површина.Метропола во срцето на Пиринејскиот полуостров, со импресивни палати, пространи плоштади, раскошни фонтани, паркови, цркви и културно историски споменици. Тоа е Мадрид! Главниот град на Шанија е познат по блескавата Кралска Палата во која живее кралското семејство, по своите музеи, зелените оази во Ретиро паркот, како и по љубезното и гостопримливо население кое живее на неговата површина.

ПРЕДЛОГ ПРОГРАМА

1 ден 30.12.2021 (четврток) СОФИЈА-МАДРИД

Пријавување на аеродромот во Софија, 3 часа пред предвидениот лет кон Мадрид во 06:55 часот. Пристигнување во Мадрид во 09:50 часот локално време. По завршување на пасошка и царинска контрола, со организиран трансфер се упатувате кон хотелот (пример хотел Hotel Puerta de Toledo 3*). Сместување според правилата за влез во собите на хотелот. Одмор и релаксација пред пладневна прошетка во еден од туристички најатрактивните градови во Европа. Ноќевање.

 

2. ден 31.12.2021 (петок) МАДРИД

Појадок во хотел. Европската метропола Ве чека да ја истражите! Прошетајте по Шпански плоштад, Гран Виа, Пуерта дел Сол, Плаза Мајор (главен плоштад), Кралската Палата со нејзината уникатна фасада, импрегнирана со различни архитектонски стилови, од барок во ориентален. Внатрешноста е украсена со делата на големите креатори: Караваџо, Веласкез и Гоја, а во истата има збирка на виолини Страдивариус и античко оружје. Во замокот има соба од порцелан, како и познатата соба со огледала која е отворена е за посетители повремено или при официјални церемонии. Следен на нашата агенда е Пуерта де Толедо, светски познатиот парк Ретиро, плоштадот Сибелес, Саламанка, стадионот Сантијаго Бернабе. Предновогодишната еуфорија е незаменлива во секој европски град, а тогаш Мадрид зрачи со прекрасна енергија. Препуштете се на забавата и музичките перформански кои одекнуваат низ целиот град и дочекајте ја новата година во едно поинакво светло. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!. Ноќевање.

 

3 ден 01.01.2022 (сабота) МАДРИД

Појадок во хотел. Доколку сакате да видите повеќе од Мадрид и неговата околина, за последниот ден од ова патување Ви препорачуваме да го посетите градот Толедо, кој е оддалечен 70км од Мадрид или Сан Лоренцо де Ел Ескориал. Легендата вели  дека оваа престолнина (Толедо) била основана од еврејски колонисти 540 години п.н.е, кои притоа го дале нејзиното име. Турбулентна историја во која Римјаните, Визиготите, Маварите и уште многу други нации, оставиле свој белег во целокупниот развој на градот. Тука се изградени некои од поважните цркви, синагоги и џамии. Бил главен град се до 1561-тата година, кога славата била превземена од Мадрид. Толедо е исто така познат како град во кој живеел и создавал познатиот сликар, скулптор, архитект и писател Ел Греко (кој има потекло од Крит) кон крајот на 16-ти и почетокот на 17-ти век. Доколку се одлучите пак за Сан Лоренце де Ел Ескориал кој се наоѓа на само 45км од Мадрид, ќе уживате во овој импозантен комплекс кој бил историска историска резиденција на шпанските кралеви, а воедно и симбол на шпанската моќ во 16 век, но во исто време ја имал улогата на манастир, музеј и училиште. Бил изграден од страна на Филип II за време на неговото владеење, во средината на 16-ти век. Благодарение на големите резерви на злато од ново освоените територии на Новиот свет, Америка, УНЕСКО го вметнува во својата листа на Светско културно наследство во 1984-та година. Ноќевање.

 

4 ден 02.01.2022 (недела) МАДРИД-СОФИЈА

Појадок и одјавување од хотелот. Со организиран трансфер се упатувате кон аеродромот во Мадрид, за летот кон Софија во 10:35 часот. Пристигнување на аеродромот во Софија во 15:05 часот локално време.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ: 449 €

 

 

Пакет цената е изразена по лице, при што истата вклучува:

 

Пакет цената НЕ вклучува:

 

Напомени:

newwaysoftravel Превземи целосна понуда   

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: