Пребарување

Внесете клучни зборови:

Есен 2021

ДУБАИ

ДУБАИ

 

 

 

 

 

 

 

 

Дубаи, во денешно време претставува синоним за луксузен живот и атрактивна туристичка дестинација - една од најпосетените во светот. Специфичен спој на комфор, помешан со традиционални обичаи и стил на живот. Дубаи е модерен град со преубави плажи, луксузни хотели, импресивнаа архитектура, високи згради, вештачки остров во облик на палма… Највисоката зграда на светот Burј Kalifа, единствениот хотел со 7 ѕвезди, 70 шопинг центри, покриен ски центар со 5 стази и многу други објекти го одземаат здивот со што посетата на Дубаи станува незаборавна.

Плажите се песочни и со разновидни активности а уживаењето е неизбежно. Најпозната е Jumeirah Beach Park, која плени со својот бел песок и тиркизно плава боја на водата. Една од најпосетените атракции во Дубаи е пустинскито сафари.

Проверете зашто Дубаи во последните години е туристички центар број 1 во светот.       

                                                                                                                                                                                                                                                           6 дена/4 ноќи

                                                                                                                                                                                                               

02.12-03.12  (Четврток/Петок)                                 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ДУБАИ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18.00ч. Полетување за Дубаи во 20.35 преку Истанбул со Turkish Airlines. Полетување од Истанбул во 01.30 и слетување во Дубаи 07.00ч. Трансфер до хотелот. Оставање на багажот во дежурна соба до времето за check in. Сместување. Полудневен разглед на Дубаи со лиценциран водич на српски јазик.

Идеална можност да се запознае градот! Разгледот започнува со посета на музеjот во Дубаи, а потоа следи пловење со стар брод до местото каде што е настанат Дубаи. По враќање во минатото каде што се тргувало со бисери и зачини, се доаѓа и до првиот сјај на Дубаи-златниот сук. Излетот продолжува со посета на најпознатата плажа Jumeira од каде што се пружа поглед на најфотографираното обележје, хотел Burj Al Arab. Краток одмор во Мадинат – комплекс хотели и ресторани изграден во арапски стил.  Излетот завршува на палуостровот Палма пред хотел Атлантис. Ноќевање.

04-06.12 (Сабота/Недела/Понеделник)                ДУБАИ

Престој во хотел на база ноќевање со појадок. Време предвидено за одмор, индивидуални прошетки, факултативни излети: пустинско сафари, крстарење со брод по Дубаи марината, Burj Khalifa ...

 

07.12-08.12 (Вторник/Среда)                                  ДУБАИ – ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот во 12.00ч. Слободно време. Трансфер до аеродром во 23.30ч. Авионот од Дубаи за Истанбул полетува во 02.40 и слетува во 06.35ч. Авионот од Истанбул за Скопје полетува во 08.50 и слетува во 08.15ч. (локално време)

За уплати до 05 Ноември: 659 евра ограничен број на места

Цена на аранжманот: (699 евра)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-Авионска карта на релација Скопје – Истанбул - Дубаи – Истанбул – Скопје со Turkish Airlines

-Рачен багаж до 7 кг. и багаж за чекирање до 30 кг.

-Трансфер Аеродром – Хотел – Аеродром

-Сместување во хотел “Signature 1 Hotel Tecom” 4*, на база 4 ноќевања со појадок

-Разглед на Дубаи со водич на српски јазик

-Водич на српски јазик на пристигнување и заминување

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Виза за Дубаи 85 евра

-Аеродромски такси 85 евра

-За влез во Дубаи потребно е негативен ПЦР тест не постар од 72 часа пред полетување. За деца до 12 години кои патуваат со родители не е потребен ПЦР тест

-Патничко здравствено осигурување кое покрива KOVID 19

-Туристичка такса, се плаќа во хотелот, околу 3 евра по соба на ден

-Early check in

-Факултативни излети: Пустинско сафари 45 евра, Крстарење по Дубаи марина 45 евра, Burj Khalifa влезница 45 евра...

-За влез во Македонија потребно е сертификат за вакцина/ или негатиен ПЦР или антиген тест за сите лица над 18 години/ или согласност за изолација 7 дена по враќањето во Македонија

 

НАПОМЕНИ:

-Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

-За резервација потребно е авансна уплата од миниму 60% од цената на аранжманот а остатокот 10 дена пред поаѓање (Поврат на сретства во случај на сторна резервација е според политиката на Turkish Airlines)

-Во случај на одбивање на барањето за виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ уплатата за визирање е неповратна

-Потребни документи за виза: скениран пасош со висока резолуција и слика во JPG формат со бела позадина со големина како за пасош

-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници

-Факултативните излети ги организира локална туристичка агенција, пријавување и плаќање на излетите се прави на лице место

-За овој програм важат Опшите Услови на патување

-Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 денари

-Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини

-Т.А. го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање

 

Пустинско сафари

Една од најбараните и највозбудливите атракции во целокупната раскошна туристичка понуда на Дубаи. Со удобен џип започнува возењето по песочните дини и нејзиното волшебство, залезот на сонцето во пустината овозможува да се направат прекрасни фотографии, а вечерта има програма со незаборавен стомачен танц, неизбежното  традиционалното цртање со к’на, јавање на камила... Посета на бедуински камп и време за чај, кафе и специјалитети од арапската кујна. Соколот е национална птица на ОАЕ е една од главните атракции на пустинско сафари.

 

Burj Khalifa

Овој неверојатен облакодер кој е апсолутен белег на Дубаи, висок 828 метри со повеќе од 160 ката, го држи рекордот за зграда со најмногу катови во светот. Можност да се ужива во иконскиот поглед на градот додека сте во облаци. Во него се наоѓа и највисокото живеалиште во светот - апартманот на височина од 385 метри и највисокиот ресторан во светот на височина од 441 метар (или 122 кат). Burj Khalifa го има и највисокиот лифт на светот со височина на искачување од 504 метри и брзина од 60 км/ час.

 

Burj Al Arab

Е единствениот хотел во светот со седум ѕвездички и е симбол на Дубаи. Величествена градба во облик на бродско едро, изграден е на вештачки остров, а со копното е поврзан преку приватен мост.

 

Dubai Mall

Трговскиот центар се состои од повеќе од 1200 продавници за ексклузивно шопинг искуство. Покрај шопингот, трговскиот центар нуди и места за забава и одмор, вклучувајќи го познатиот аквариум во Дубаи и подводната зоолошка градина, во кои се прикажани повеќе од 3000 морски видови. Не смее да се пропушти и светски познатиот златен сук кој го симболизира раскошот. Како дел од комплексот е и најголемата танцувачка фонтана на светот - фонтаната Дубаи.

 

Дубаи Марина

Синоним за новиот и модерен Дубаи. Таа е дом на најмаркантните облакодери и атракции изградени во најнов, ултрамодерен стил. Најдобар начин да се доживее марината е крстарење на зајдисонце, кога се претвора во ултрамодерна и футуристичка метропола. Забава на брод проследена со богата програма, со ориентален египетски танц, вечера во арапски стил и уживање во пловидбата и нејзината неверојатна глетка. Во оваа област се наоѓа и највисокиот блок облакодери на светот, сите повисоки од 300 метри.

 

The Palm Jumeirah

Овој вештачки остров во форма на палма е познат по своите прекрасни хотели, апартмани и луксузни ресторани. Може да се истражат многу возбудливи активности како скијање на вода, слободни падови, веслање околу дланката и уживање во раскошот на градот.

 

Музеј Дубаи

Идеално место за оние кои сакаат да истражуваат различни културни вредности и историја, и да се едуцираат за секојдневниот живот во Дубаи и цивилизациите пред откривањето на нафтата. Посетителите можат да се запознаат со сите урбани и рурални аспекти на Дубаи, вклучувајќи морски, крајбрежен, пустински, планински живот. Ретки автентични споменици, оригинални примероци, цртежи и дијаграми, аудио и видео медиуми се расфрлани низ крилата на музејот за посетителите да добијат појасна слика за моменталната состојба на напредок и пионерство.

                               

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: