Пребарување

Внесете клучни зборови:

2023/24

Дубаи со Авион декември месец

Дубаи со Авион декември месец

 

 

 

 

 

 

 

 

 

15.12.2023 - Состанок на групата на пред хотел Вип во 08:00 часот. Организиран трансфер до Аеродромот во Тирана  Полетување од Тирана во 17:50, пристигување во Абу Даби на 16 декември во 02:05 (локално време). Трансфер од аеродром до Дубаи. Сместување во хотел.Ноќевање.

16.12.2023
 ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour (4 часа) – 7-12 Pax – 60 ЕУР по лице/ на српски јазик (ако се пријавени под 7 лица тура е индивидуална и е поскапа)

Појадок. По појадокот имаме слободно време за да уживаме на плажа..Попладнето започнува нашата полудневна градска тура и разглед на Дубаи. Tурата започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. На враќање панорамски ги гледаме DUBAI MARINA и JBR THE WALK. Потоа го посетуваме познатиот пазар MADINAD JUMAIRAH, наречена уште и Мала Венеција, каде ќе имаме пауза за мала закуска и кафе пауза. Од тука е и најубавиот поглед кон Burj Al Arab и се прават најдобри фотографии. Нашата тура завршува во BURJ KALIFA/ DUBAI MALL . Во молот ги гледаме распеаните фонтани (почнуваат после 18 часот и има изведба на секои 30 минути). Слободно време за индивидуалкни активности и шопинг.  Во попладневните часови одиме во Dubai Mal, еден од најголемите шопинг центар во светот полн со активности за забава и одмор. Со повеќе од 1.200 продавници и стотици ресторани, Dubai Mall опфаќа повеќе од 1 милион квадратни метри - површина еднаква на 200 стадиони. Не го пропуштајте аквариумот (кој има повеќе од 15,000 риби меѓу кои и ајкули), “човечкиот” водопад (скулптура која е 24 метри висока и 30 метри широка), внатрешното лизгалиште, или картингот кој се наоѓа на кровот на центарот…Враќање во сместувањето околу во вечерните часови. Слободно време за посетување на некои од нашите омилени руфтоп барови и ноќни клубови во Дубаи!! . Индивидуално враќање во хотелот. ОПЦИОНО - Burj Khalifa (САМО влезници 50 евра normal hours после 18.3, за 124 кат)
Ноќевање.


17.12.2023
- Претпладне слободно време. ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА - 
ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА - после 14.30 часот до 21 часот (со вклучен трансфер од/до хотел) – 50 ЕУР по лице 

Појадок. Во попладневните часови трансфер од Дубаи со jeep 4x4, се упатуваме кон Hatta и Oman, напуштање на границите на урбаното во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат (off-road) и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини кон планината Hajar. По краток одмор, продолжуваме со возење по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини. На крај пристигнуваме на фарма за камили и правиме краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, застануваме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со  ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), можност за цртеж од к'на со традицопнални арапски мотиви. Можност и за јавање на камили.
Враќање кон хотелот. Ноќевање.

18.12.2023
ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА  ПОСЕТА НА MIRАCLE GARDENS, EMIRATES MALL I MADINAH JUMEIRAH - 70 ЕУР по лице

По појадокот одиме да ги видиме градините со милиони цвеќиња и егзотични аранжмани во расцут. Свет на цветни чуда ве очекува во Dubai Miracle Garden, најголемата природна цветна градина во светот. Паркот од 72.000 квадратни метри има импресивна постава на познати згради и градби целосно трансформирани во шарени цветни експонати. Во Дубаи сѐ е возможно, дури и цвеќиња растат во пустина :). Потоа продолжуваме кон Emirates Mall каде што ќе ги видиме прочуените скијачки терени на затворено и ќе имаме слободно време за шопинг и разгледување. А доколку сакате уникатно искуство ви препорачуваме да влезете во Dreamscape, Virtual Reality (VR) искуство кое ќе Ве воодушеви! Продожуваме кон Madinat Jumeirah. Инспириран од арапските градови, Madinat Jumeirah е мини-град во Дубаи, кој се состои од хотели со пет ѕвезди, раскошни пазари и прекрасни плажи. Постои цел речен систем, во должина од пет километри, полн со сопствена флота од традиционални чамци Абра. А на оваа локација се наоѓа и познатиот симбол на Дубаи — бродското едро Burj Al Arab. Враќање во хотел.
Ноќевање.

19.12.2023 
 ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА - ПРЕТПЛАДНЕ ПЛАЖА LA MER BEACH
Појадок, По појадокот слободно време и посета  на плажата La Mer Beach,.Слободно време и можност за посета на Global Village.  Global Village не запознава со културата на околу 90 држави. Исто така имаме и прилика да пробаме традиционална храна, или пак да видиме некој традиционален танц и перформанс.
Ноќевање.

20.12.2023 
Појадок. Одјава од хотел. Трансфер до Аеродромот во Абу Даби. Во 14:00 полетувме од Абу Даби  и во 17:05 слетуваме во Тирана. Трансфер до Македонија.

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА УПЛАТИ ДО 20.10.2023 - 749 ЕУР 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ПОСЛЕ  20.10.2023 - 800 ЕУР 

 

 

 

Во цената е вклучено

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот Аеродром во Тирана
  • 5 ноќевања со појадок во хотел со 4* 
  • Хотели во кои ќе биде сместувањето, еден од понудените или сличен 
  • 4* Al Khoory Courtyard Hotel

    4* Holiday Inn Dubai Al Barsha Hotel

  • Авио билет со сите такси на релација Тирана - Абу Даби, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од Абу Даби до сместувањето во Дубаи
  • Трансфер од сместувањето во Дубаи до Абу Даби
  • Авио билет со сите такси на релација Абу Даби -Тирана , во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Тирана до Скопје

Во цената не е вклучено

  • Факултативни екскурзии
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Туристичка такса за престој (се плаќа директно во хотелот)
  • Доплата за еднокреветна соба ( информации во агенција)
  • Виза и осигурување за влез во Дубаи
  • Доплата за дополнителен багаж (10 kg. или 20 kg.)



 

*** МИНИМУМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ГРУПНО ПАТУВАЊЕ – 15 ЛИЦА

 УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Во готово/ кредитни картички/ преку фактура - уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање

Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:

 

Важни напомени:
За добивање на виза за ОАЕ  потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот:  info@newwaysoftravel.com.mk ). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност  имиграционото одделение да  побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.   

НАПОМЕНА: Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
За оваа програма важат Опшите Услови на патување.

Начини на плаќање:
30% при резервација, остатокот 14 дена пред поаѓање

Општи напомени за патување:

 

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.