Пребарување

Внесете клучни зборови:

2024

ЕМИЛИЈА РОМАЊА – БОЛОЊА 11.04-14.04.2024

ЕМИЛИЈА РОМАЊА – БОЛОЊА
11.04-14.04.2024

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Болоња, центарот на Италија и на Европа, е крстосница на знаење и искуства и отсекогаш била место на размена и комуникација. Болоња е главен град на регионот Емилија Ромања, позната по колонадите кои ви доаѓаат во пресрет додека чекорите низ плоштадите и улиците на градот во должина од речиси 40 километри. Позната по своите многубројни кули и долги колонади, Болоња го чува речиси недопрен својот средновековен и ренесансен идентитет без да се откаже од потребите на сегашноста. Град богат со историја, уметност и наука која е секогаш во еволуција. Навистина значајна дата во историјата на овој град е, несомнено, раѓањето на првиот универзитет во Европа во 1088 година. Болоња е престолнина на италијанската музика. Многубројни се пејачите кои се родени овде или по нивен избор се преселиле под двете кули. Лучо Дала, Франческо Гучини, Васко Роси, се само дел од имињата на познати италијански канавтори кои оставиле траги од Болоња во нивните композиции. Уште еден навистина важен податок е дека Болоња е град на гурманите и вкусната кујна. Но, овој град не е познат по шпагетите Болоњезе како што сите сметаат туку по таљателите со Рагу. Таљателите спаѓаат меѓу највкусниот и најпознатиот вид тестенини во италијанската гастрономска традиција. Токму традицијата сакала овој деликатес да биде карактеристичен за Болоња.

 

ПРОГРАМА

11.04.2024 | СКОПЈЕ-БОЛОЊА

Пријавување на шалтерите на аеродромот во Скопје, 2 часа пред предвидениот лет кон Болоња во 20:40 часот. Пристигнување во Болоња во 22:25 часот. По завршување на пасошка и царинска контрола, со организиран приватен трансфер, се упатувате кон хотелот (пример хотел Starhotels Excelsior 4*). Сместување во хотел. Ноќевање.

 

12.04.2024 | БОЛОЊА

Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности и пришетки или предлог факултативни излети од агенцијата. Ноќевање.

 

 

13.04.2024 | БОЛОЊА (ФИРЕНЦА)

Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности или предлог посета на Фиренца (патување со воз). Ноќевање.

 

14.04.2024 | БОЛОЊА-СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Одјавување од хотелот согласно политиките на истиот. Слободен ден за последни прошетки по преубавата Болоња, се’ до моментот на однапред организираниот приватен трансфер од аеродромот во Болоња. Летот кон Скопје е 23:00 часот, а слетувањето во 00:45 часот по полноќ.

 

 

ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА: 579

 

 

Пакет цената е изразена по лице во двокреветна/трокревена соба, при што истата вклучува:

 

Пакет цената НЕ вклучува:

 

Напомени:

newwaysoftravel Превземи целосна понуда   

// $(".covid19").on('click', function() { // $(".covid19").fadeOut().remove(); // });