Пребарување

Внесете клучни зборови:

Индивидуални патувања

ЗАНЗИБАР – СПОЈ НА МИСТЕРИЈА И ЕГЗОТИКА 01МАЈ-10МАЈ21’

ЗАНЗИБАР – СПОЈ НА МИСТЕРИЈА И ЕГЗОТИКА
01МАЈ-10МАЈ21’

 

 

 

 

 

 

 

Авио билет + Хотел (9 ноќевања со појадок) + Трансфер

Занзибар – дестинација која од секогаш претставувала спој на мистерија и егзотика, привлекувајќи со својата недопрена природа и плодната почва која дарува најразлични видови овошја и зачини. Од моментот кога ќе зачекорите на овој рајски остров, ќе го почуствувате духот низ столетијата од древната Персија и приказните за трговците Ширази кои биле инспирација за морепловецот Синбад. Повеќе од 2000 години, монсунските ветрови го обликувале пејзажот и културата на овие острови. Со својата тропска атмосфера и уникатна култура, овој архипелаг нуди незаборавно искуство, задоволувајќи ги сите сетила. Волшебен, егзотичен, романтичен, но истовремено див и недопрен. Ова е еден од најегзотичните острови каде летуваат туристи од целиот свет.Архипелагот Занзибар, кој се наоѓа во Индискиот Океан, на 40 километри од брегот на Танзанија, е вистинска дестинација за релаксација и бегство од секојдневието. Овде имате шанса да уживате во бистра и тиркизно сина вода, долги песочни плажи и многу мали но речиси пусти острови со недопрена природа. Камениот град (Stone City) кој  e прогласен за културно наследство на УНЕСКО, е место каде талкајќи низ тесните улички ќе ја откриете магијата на Танзанија.

ПРОГРАМА

1 ден (01.05.2021) СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

Пријавување на аеродромот во Скопје, 3 часа пред времето на полетување кон Истанбул, во 08:50 часот, со авиокомпанијата Turkish Airlines. Пристигнување на аеродромот во Истанбул во 11:30 часот. Поврзаниот лет кон Занзибар е во 19:45 часот.

2 ден (02.05.2021) ИСТАНБУЛ-ЗАНЗИБАР

Слетувањето на интернационалниот аеродромот Abeid Amani Karume во Занзибар, во 03:05 часот по полноќ. Пријавување во хотелот веднаш при пристигнување. Добре дојдовте на Занзибар! Започнува приказната за рајскиот остров каде единтвено мото е ХАКУНА МАТАТА, кое во превод значи Без грижи”. Ноќевање.

3-9 ден (03.05-09.05.2021) ЗАНЗИБАР

Појадок во хотел. Слободни денови за уживање на песочните плажи и прекрасната природа на Занзибар или посета на знаменитости и места, преточени во факултативни екскурзии, предложени од страна на нашата агенција. Ноќевање.

10 ден (10.05.2021) ЗАНЗИБАР-ИСТАНБУЛ

Рано одјавување од хотелот, за летот кон Истанбул, предвиден во 04:00 часот. Слетување на аеродромот во Истанбул12:55 часот. Летот кон Скопје е во 19:25 часот, а слетувањето на Меѓународниот аеродром Скопје во 20:00 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ: 1.190

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

ОПШТИ НАПОМЕНИ

За патување во Занзибар не е потребен негативен PCR тест на Ковид-19, ниту пак задолжителен карантин.

newwaysoftravel Превземи целосна понуда   

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: