Внесете клучни зборови:
Тајниот остров на мистеријата во Африка. Занзибар – дестинација која од секогаш претставувала спој на мистерија и егзотика, привлекувајќи со својата недопрена природа и плодната почва која дарува најразлични видови овошја и зачини. Од моментот кога ќе зачекорите на овој рајски остров, ќе го почуствувате духот низ столетијата од древната Персија и приказните за трговците Ширази кои биле инспирација за морепловецот Синбад. Повеќе од 2000 години, монсунските ветрови го обликувале пејзажот и културата на овие острови. Со својата тропска атмосфера и уникатна култура, овој архипелаг нуди незаборавно искуство, задоволувајќи ги сите сетила. Волшебен, егзотичен, романтичен, но истовремено див и недопрен. Ова е еден од најегзотичните острови каде летуваат туристи од целиот свет.Архипелагот Занзибар, кој се наоѓа во Индискиот Океан, на 40 километри од брегот на Танзанија, е вистинска дестинација за релаксација и бегство од секојдневието. Овде имате шанса да уживате во бистра и тиркизно сина вода, долги песочни плажи и многу мали но речиси пусти острови со недопрена природа. Камениот град (Stone City) кој e прогласен за културно наследство на УНЕСКО, е место каде талкајќи низ тесните улички ќе ја откриете магијата на Танзанија.
ПРОГРАМА
(04.03.2021) СОФИЈА-ДУБАИ
Полетување од аеродромот во Софија кон Дубаи со авиокомпанијата Fly Dubai во 14:20 часот. Пристигнување на аеродромот во Дубаи во 21:15 часот.
(05.03-06.03.2021) ДУБАИ-ДАР ЕС САЛААМ (ТАНЗАНИЈА)
Полетување кон Дар Ес Салаам во Танзанија во 01:30 часот, а слетувањето е во 07:50 часот. По завршување на царински и пасошки формалности, следува организиран трансфер до хотел во Дар Ес Салаам и сместување според политиката на истиот (1 ноќевање).
(06.03-08.03.2021) САФАРИ ТАНЗАНИЈА
Во раните утрински часови се одјавувате од хотелот при што следува Сафари тура со организан трансфер од Дар Ес Салаам до националниот парк Микуми и каде започнува оваа прекрасна авантура неможе да се опише со зборови, освен да се почуствува (2 ноќевања со појадок, ручек, вечера, ужина пијалоци).
(08.03-14.03.2021) ДАР ЕС САЛААМ-ЗАНЗИБАР
При завршување на Сафари турата, следува пловидва со траект до островот Занзибар (околу 3 часа). Пристигнување на островот, при што следува организиран трансфер до хотелот/објектот на Занзибар според избор од понудата (6 ноќевања со појадок во Guest Houses).
(14.03.2021) ЗАНЗИБАР-ДУБАИ
Појадок. Одјавување од хотелот/објекто според правилата за истиот. Во однапред договорено време, следува организиран трансфер до аеродромот во Занзибар. Летот кон Дубаи е во 23:20 часот.
(15.03.2021) ДУБАИ-СОФИЈА
Пристигнување на аеродромот во Дубаи во 05:55 часот. Летот кон Софија е во 09:40 часот, а слетувањето во 13:25 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ: 1.420 €
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
ОПШТИ НАПОМЕНИ