Пребарување

Внесете клучни зборови:

# ДОМА СИ Е ДОМА

Зима во Македонија - Попова Шапка 20/21

Зима во Македонија - Попова Шапка 20/21

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Зима во Македонија - Попова Шапка

Попова Шапка како туристички центар е познат по планинскиот туризам. Поседува 11 ски-лифтови во должина од 11.000 метри, со капацитет од 8000 скијачи на час и должина на патеката од околу 20 км. Ски патеките се погодни за сите нивоа на скијање, од почетници до професионалци.

Исто така, во текот на летото, се организира авантуристички туризам со професионални водичи за пешачење (Hiking) во најубавите места на Шар Планина.

Попова Шапка нуди разновидни активности во текот на целата година и претставува рајско засолниште за лубителите на природата и планинските спортови.


 

Хотел АРЕНА ТЕТЕКС 3*

Хотел Арена се наоѓа на прва линија пред ски патеките, располага со вкупно 33 соби и апартмани. Со оглед на ограничениот капацитет на гости овозможува домашен и топол ампиент
Сите соби се со прекрасен поглед кон ски центарот, ТВ, WIFI.
Нуди и голема тераса со поглед и капацитет од 150 гости, ресторан со камин, кафитерија и сопствен паркинг. Хотелот има нов спа центар со базен, џакузи, турска бања, финска бања, топли клупи и лежалки со прекрасен поглед кон ски центарот.

 

Цени валидни од 21.12.2020-20.02.2021

Тип на услуга

Цена

Полупансион

2.230  ден.

 

Дадената цена е по лице за 1 ноќевање и вклучува :

 

Доплата за туристичка такса – 40 ден по лице на ден (се плаќа во агенција)


 

 

 

 

 

 

Хотел СКАРДУС 4*

Хотелот Скардус нуди релаксација и удобност во сите сезони. Зимската убавина, фасцинантната природа, свежината на летото даваат прекрасна и релаксирачка панорама. Хотелот со 4 sвезди нуди пријатна атмосфера, при што големо внимание се посветува на испреплетеноста на модерното и традиционалното.
Хотел Скардус нуди висококвалитетни услуги со капацитет од 140 кревети, организирани во повеќе типови стандардни и апартмани, каде 2 ВИП Апартмани се опремени со сауна.
Посебно внимание се посветува на ресторанот, каде можете да се послужите со различна храна со висок квалитет и одличен вкус.
Покрај ресторанот, барот и две конференциски сали, кои се опремени со сите професионални услови за одржување состаноци, семинари и конференции, хотелот располага и со Спа центар со два базени (за возрасни и деца), три сауни и фитнес центар. Масажи се нудат на барање.

 

Цени валидни за период на престој 01.11-20.12.2020

Тип на услуга

Цена

Полупансион

34€

 

Цени валидни за период на престој 21.12.2020-31.03.2020

Тип на услуга

Цена

Полупансион

43€

 

Дадените цени се по лице за 1 ноќевање и вклучуваат :

Деца до 4.99 год. со 2 возрасни – бесплатно
Деца од 5-11.99 год. на доп.легло – 50% попуст

Доплата за туристичка такса – 40 ден по лице на ден (се плаќа во агенција)


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Хотел БОРА 3*

Хотел Бора на своите гости им нуди двокреветни и фамилијарни соби, опремени со сопствено купатило, телевизор, интернет. Во склоп на хотелот има ресторан, бар, ски гардеробер и сопствен партки

 

Полупансион

Период на престој

Цена

08.12-25.12.2020

1.365 ден

03.01-31.03.2021

1.860 ден.

Дадените цени се по лице за 1 ноќевање и вклучуваат :

Деца до 7.99 год. со 2 возрасни – бесплатно
Деца од 8-11.99 год. со 2 возрасни – 30% попуст

Доплата за туристичка такса – 40 ден по лице на ден (се плаќа во агенција)

 


Хотел КОНАК 3*

Конак е модерен планински објект базиран на традиционален изглед. Особено задоволство ќе Ви овозможи ентериерот на објектот во комбинација на дрво и камен со камин и отворен поглед на скијачките терени. На платото пред објектот се наоѓа голема тераса која има јужна ориентација и доста погодна за престој во текот на зимската сезона поради големиот број сончеви денови кои се главна одлика на скијачкиот центар Попова Шапка.
На своите гости им нуди : 16 соби, ресторан, ски кафе, конференциска сала, сауна, интернет и тв, ски и сноуборд школа, ратрак и моторни санки

 

 

Период на престој

Цена за 1 НП

Декември 2020

1.200 ден

Јануари 2021

1.300 ден.

Февруари 2021

1.200 ден.

Март 2021

1.200 ден.

 

Дадените цени се по лице за 1 ноќевање и вклучуваат :

Деца до 5.99 год. со 2 возрасни – бесплатно

Деца од 6-11.99 год. со 2 возрасни – 50% попуст

Доплата за туристичка такса – 40 ден по лице на ден (се плаќа во агенција)


 

 

Хотел КАСА ЛЕОНЕ 3*

Хотел Каса Леоне на своите гости им нуди пријатна атмосфера и гостопримливост. Сите соби и апартмани се опремени со сопствено купатило, телевизор и интернет. Во склоп на хотелот има ресторан со одлична храна и тераса со преубав поглед.

 

Цени валидни од 21.12.2020-31.03.2020

Вид на сместување

Ноќевање со појадок

Двокреветна соба

60€

Апартман (за 4 лица)

108€

Деца до 6.99 со 2 возрасни

Бесплатно

Деца од 7-11.99 год. со 2 возрасни

12€

Деца од 12-17.99 год. со 2 возрасни

18€

 

Дадените цени се по соба за 1 ноќевање и вклучуваат :

Доплата за туристичка такса – 40 ден по лице на ден (се плаќа во агенција)

newwaysoftravel Превземи целосна понуда