(Виетнам, Лаос, Камбоџа)
23.04-07.05.2025
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
23.04.2025 |СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје, 2 часа пред предвидениот лет кон Истанбул во 20:20 часот. Пристигнуваме во Истанбул во 23:05 часот.
24.04.2025 | ИСТАНБУЛ-ХАНОИ (ВИЕТНАМ)
Поврзаниот лет кон Ханој, Виетнам е во 02:05 часот. Пристигнуваме во Ханој во 15:25 часот локално време. Добредојдовте во ВИЕТНАМ! По завршување на сите формалности на аеродромот, со организиран трансфер, се упатуваме кон хотел. Се сместуваме во хотел (пр. SOJO Hotel Ga Hanoi 4*). Одмараме од долгиот пат, пред вечерните прошетки во градот. Ноќевање.
25.04.2025 | ХАНОИ (City and Food Tour with Train Street Visit)
Појадок во хотел. Секое патување го започнуваме со запознавање на градот во кој престојуваме, а тоа најдобро го знае локалниот водич кој ќе ни ја раскаже приказната на Виетнам. Почнуваме рано наутро во 08:00 часот каде прв на нашата агенда ќе биде храмот Tran Quoc Pagoda, сместен на островот Golden Fish. Ова е најстариот храм во Ханои, изграден во 6-от век. Ќе го посетиме комплексот Хо Ши Мин, (Ho Chi Minh), кој го носи името на бившиот претседател на Демократска република Виетнам, чије балсамирано тело можете да го видите овде. Тука се и неговите 2 куќи во кои што живеел и работел се до неговата смрт. Можеби најуникатниот храм во светот се наоѓа овде – Pillar Pagoda (Godess of Mercy), а при влез во овој и било кој друг храм, Вашите рамена и колена треба да бидат покриени. Приказната продолжува кон Етнолошкиот музеј на Виетнам, каде ќе дознаеме за културата на дури 54 етнички групи кои живеат овде. Следува пауза за ручек каде можете да пробате најразлични специјалитети на виетнамската кујна. Продолжуваме кон музејот на книжевноста (Temple of Literature) кој е и првиот унверзитет на Виетнам, отворен во 11ти век. Последната точка на овој разглед е затворскиот музеј Хоа Ло (Hoa Lo Prison Museum), кој на почетокот бил користен за политички затвореници од
страна на француските колонисти во Индокина, а подоцна и од Северен Виетнам, за воени заробеници на САД, во текот на Виетнамската војна. Но нашата авантура штотуку започна, па така продолжуваме во друштво со мешатаните, каде ќе дегустираме вкусна локална храна. Сигурно секој од Вас слушнал или видел фотографии или видеа од воз кој поминува буквално до влезовите на домовите на мештаните. Оваа глетка ќе имаме прилика да ја видиме одблиску, и да пиеме кафе на самата пруга. Започнуваме претпладневите часови од претходно договорено место со нашиот локален водич кој ќе не води во денешната авантура. Околу 4 часовно движење низ локалните ресторани на мештаните каде ќе пробаме виетнамски солени и благи специјалитети.
Со полн стомак заминуваме кон улицата која е позната како “Train Street”. Со оглед на тоа што возовите имаат дневни планови на возење, ќе бидеме повеќе од среќни доколку бидеме пристутни на моментот кога токму возот поминува пред нашите лица. Додека го чекаме истиот, уживаме во кафе и десерт на оваа улица, која можете да ја најдете само во Виетнам. Се враќаме во хотел. Слободна вечер за индивидуални прошетки. Ноќевање.
*Излетот е во пакетот и истиот вклучува: трансфер со климатиризано возило, влезници во објекти според програмата, вода, ручек, локален водич на англиски јазик, посета на Train Street со пратител од агенцијата.
26.04.2025 | ХАНОИ (Ninh Binh, Trang An, Bai Dinh & Mua Cave Trip)
Рано појадуваме во хотелот бидејќи во 07:30 часот започнува турата преку која ќе се запознаеме со виетнамска култура и историја воедно. Патуваме од Ханој до Нин Бин (100км), каде ќе го посетиме најголемиот комплекс на будистички храмови - Баи Дин, и ќе видиме преку 500 статуи напревени од сини камења, 36 тонското ѕвоно и статуата на Буда која се издига 10 метри и тежи ни помалку ни повеќе, 100 тона! Правиме пауза во локален виетнамски ресторан каде што ќе пробаме локални специјалитети (шведска маса).
Продолжуваме кон комплексот Транг Ан кое е под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство. Оттука се впуштаме во авантура на стар традиционален дрвен брод по мирните реки, каде ќе видиме мистериозни пештери и варовнички карсти покриени со тропски растенија. Пред да се вратиме во Ханој, се качуваме на 500 скалила каде ќе се возхитуваме на панорамскиот поглед кон Там Кок. Околу 19:00 часот се враќаме во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.
*Излетот е во пакетот и истиот вклучува: трансфер со климатизирано возило, wi-fi интернет, локален водич на англиски јазик, влезница за Bai Dinh, ручек, Trang An пловење со чамци, вода.
27.04.2025 | ХАНОИ (Halong Bay Cruise with Swimming & Kayak Tour)
Појадок во хотел. На овој ден ќе побегнеме од метежот во Ханој, директно во брегот Ха Лонг. Во 08:00 часот тргнуваме од хотелот и патуваме 2 ипол часа низ едни од најубавите предели со зелени полиња кои некогаш сте ги виделе, а dress code-от за денес е костим за капење J. Целодневна тура на заливот каде ќе уживаме во прекрасните карпести планини, пештери и песочни плажи. Пристигнуваме на пристаништето Туан Чау од каде ќе крстариме по тиркизните води, восхитувајќи се на карпестите формации пред нас. На бродот ќе имаме виетнамски ручек за целосно уживање на ова патување.
Нашата авантура продолжува кон овде познатата пештера Сунг Сот, позната и како Пештера на изнендувањата. Се возхитуваме на светкавите сталактити во безброј уникатни форми. Со кајак или бамбус брод, ја истражуваме пештерата Луон. Ја чуствуваме топлината на сонцето поминувајќи покрај островот Титоп, каде ќе имаме време за плажа, капење. Оние со планинарски дух ќе имаат можност да се искачат на врвот на овој мал остров од каде ќе уживаат во панорамска глетка на околкните острови и карпести форми. Пред да се вратиме на бродот, се опуштаме со забава на зајдисонце, со црвено вино и закуска. Се враќаме со бродот од пристаништето, од таму до Ханој. Ноќевање.
*Излетот е во пакетот и истиот вклучува: трансфер со климатиризано возило, локален водич на англиски јазик, крстарење, посета на Ha Long Bay, пловење со кајак или дрвен (бамбус) брод, забава на зајдисонце со црвено вино, овошје, чај и закуска, слободно време за плажа, качување на Titop Island.
28.04.2025 | ХАНОИ (Golden Bridge)
Рано наутро, во 07:45 часот се “качуваме” на авион, диреткно до градот Да Нанг (Da Nang) каде се наоѓа еден од најубавите мостови во светот – Golden Bridge или познатиот мост кој го држат дланки. Пристигнуваме во 09:10 часот, при што оттука, со организиран трансфер се упатуваме кон локацијата откаде се качуваме на жичара која води до Golden Bridge мостот. Тука сме околу 6 часа, уживаме во прекрасна глетка, ги правиме најубавите фотографии, ручаме во ресторан.
Се симнуваме во градот во Да Нанг (Da Nang). каде имаме слободно време за прошетки, шопинг, пијалок покрај обала. Во вечерните часови, со трансфер се упатуваме ко аеродромот во Да Нанг од каде полетуваме назад кон Ханои со директен лет во 21:30 часот. Пристигнуваме во Ханои во 22:55 часот. Ноќевање.
*Излетот е во пакетот и вклучува: трансфер до/од аеродромот во Ханои, повратни авионски билети до Да Нанг, трансфер од аеродромот Да Нанг до жичницата, билет за жичница до Golden Bridge, ручек, пратител од агенцијата.
29.04.2025 | ХАНОИ (Слободен ден)
Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални прошетки, шопинг или дополнителни предлог факултативни излети со доплата. Ноќевање.
30.04.2025 | ХАНОИ-ЛУАНГ ПРАБАНГ (Лаос)
Појадок и одјавување од хотелот. Го напуштаме хотлеот околу 10:00 часот и со организиран трансфер се упатуваме кон аеродромот во Ханој, за лет кон Луанг Прабанг, Лаос во 13:10 часот. Пристигнуваме на аеродромот во Лаос во 14:15 часот. На самиот аеродром вадиме визи за престој во Лаос, кои чинат 40 долари, а за кои е потребно да имате 2 фотографии на бела позадина (доколку немате, има опција истите да ги извадите на лице место). По завршување на процедурите со пасошка и царинска контрола, со организиран превоз се упатуваме кон хотел (пр. Villa Deux Rivieres 3*), каде овие 2 дена ќе бидеме сместени. Се сместуваме во хотел. Одмараме и го истражуваме градот индивидуално или во договор со групата и пратителот на истата. Ноќевање.
01.05.2025 |ЛУАНГ ПРАБАНГ (Cruise to Pak Ou Caves & Kuang Si Waterfalls)
Појадок во хотел. Денешната агенда предвидува целодневна тура по која ќе ги запознаеме знаменитостите на Луанг Прабанг во Лаос. Од хотелот тргнуваме во 08:30 часот кон пристаништето од каде со брод заминуваме по реката Меконг. Уживаме во погледот поминувајќи ги рибарските локални села. Првата пауза ја правиме на Бан Ксанг Хаи (Ban Xang Hai) или познато како “селото на вискито”. Го истражуваме селото и процесот на изработка на “Lao Lao”, омиленото виски од ориз, кое ќе имате можност да го вкусите овде. Продолжуваме со бродот патувајќи кон познатите пештери Пак Оу (Pak Ou Caves). Овие будистички пештери биле место за верниците и обожувачите на Буда повеќе од 1000 години, кои во текот на истите ги исполниле овие природни пештери со збирка на статуи од него. Следно на агендата е кампот на слоновите Манифа (Manifa Elephant Camp), каде ќе уживаме во вкусен ручек на шведска маса, во ресторан со поглед кон реката Меконг и слонови кои слободно се движат наоколу.
По ручекот се упатуваме кон водопадите Куанг Си (Kuang Si) каде 2 часа ќе уживаме во слободното време. Ќе прошетаме по патеките на овој природен резерват и ќе пливаме во тиркизните води на водопадот. Ова е всушност последната станица за денешната авантура, по која се враќаме во хотел. Ноќевање.
*Излетот е во пакетот и вклучува: Трансфер со климатиризано возило, локален водич на англиски јазик, ручек, вода, влезници во наведените објекти, 1 часовно крстарење
02.05.2025 | ЛУАНГ ПРАБАНГ-СИЕМ РИП (Камбоџа)
Појадок и одјавување од хотелот. Околу пладне, со организиран превоз се упатуваме кон аеродромот, за лет кон Камбоџа и градот Сием Рип во 15:00 часот. Слетуваме во 16:25 часот локално време. Вадиме визи на шалтерот за визирање кои чинат околу 40 долари и за кои е потребно 2 фотографии во пасошки формат (доколку немате, истите има можност да се извадат на лице место). По завршување на пасошка и царинска контрола, со оргнизиран трансфер се упатуваме кон Сием Рип. Се сместуваме во хотел (пр. Central Corner d’Angkor 4*). Слободно време за индивидуални прошетки и ручек во градот. Ноќевање.
03.05.2025 | СИЕМ РИП (Angkor Wat)
Одморени, рано наутро, во 04:30 часот тргнуваме кон најпознатиот храм овде – Angkor Wat, каде го дочекуваме најубавото изгрејсонце. Одвојуваме час и половина за обиколка на храмот и можност за неверојатни фотографии. Ќе појадуваме во локален ресторан и ќе го почуствуваме руралниот живот на Преа Дак (Preah Dak), каде ќе имаме можност да вкусиме познат десерт/торта, кај мештаните познат како “Palm cake”. Оваа тура ја продолжуваме кон почетокот на џунглата Та Пром (Ta Prohm) каде е лоциран истоимениот храм, кој оставен во првотибна состојба, со изразнати дрвја и големи корења околу него. Ја посетуваме и јужната порта на Angkor Thom, каде се возхитуваме на храмовите Bayon и Baphoun со нивните 54 кули 216 лица на Buddhisatva Avalokesvara.
Следува Терасата на слонот (The Elephant terrace) и терата на лепрозниот крал (Leper King Terrace), позната како кралска платформа. Нашиот водич ја продолжува приказната за овој крај на светот, со интересни факти и приказни, пред да се вратиме во хотел. По 8 часовна тура, се враќаме во хотел. Одмор и пауза за ручек во некој од локалните ресторани. Попладне продолжуваме во прошетка со нашиот пратител, како одблизу би се запознале со градот. Тура од 2 часа каде што ќе се впуштиме во внатрешното јадро на овој град, кој иако мал, е во голем туристички подем. Ќе ја видиме Кралската градина и резиденција, пред да се пробиеме низ улиците до селото Кандал, кое според локалците, важи за најголемата шопинг област овде. Продлжуваме во Wat Preah Prom Rat, наголемиот храм овде и лежечката статуа на Буда, каде што локалниот водич ќе ни раскаже како храмовите и будизмот влијаат на секојдневниот живот на жителите на Камбоџа. Продлжуваме кон Par Chas (стар пазар), каде што ќе најдете буквално се’, од сувенири и текстил, до тезги со храна. Се враќаме во хотел. Слободна вечер за индивидуални активности. Ноќевање.
*Излетот е во пакетот и истиот вклучува: Трансфер со климатиризано возило, локален водич на англиски јазик, вода, влезници за Ангкор Ват, прошетка во Сием Реп со пратителот на групата.
04.05.2025 | СИЕМ РИП-ХО ШИ МИН (ВИЕНТАМ)
Појадок и одјавување од хотелот. Слободно време за последни прошетки во градот, се’ до организираниот трансфер околу 16:00 часот со кој се упатуваме кон аеродромот, за директниот лет кон Хо Ши Мин (Ho Chi Minh City) во 18:20 часот. Пристигнуваме во 19:35 часот. Да, се враќаме во Виетнам бидејќи нашата авантура неможе да заврши без посета на Хо Ши Мин (старо име Saigon). Финансиски, културен и историски град кој плени со својата модерна архитектура. Поминуваме пасошка и царинска контрола и со организиран трансфер се упатуваме во центарлниот дел на градот. Се сместуваме во хотел (пр. Adora Hotel 4*). Ноќевање.
05.05.2025 | ХО ШИ МИН (Cu Chi Tunnels and Mekong Delta Full-Day Tour)
Го напуштаме хотелот рано наутро (07:15 часот), при што се впуштаме во денешната авантура (околу 10 часа). На денешниот излет ќе дознаеме за Виетнамската историја, детали за Виетнамската војна, влегувајќи во тунелите на кои е испишана историјата за крвавата војна. Овде се наоѓа стрелиште каде што со одредена доплата можете да користите дел од оружјата. Правиме пауза за ручек во локален ресторан каде ќе вкусиме виетнамски специјалитети.
По ручекот се упатуваме кон My Tho, срцето на Mekong Delta каде ќе се запознаеме со локалните жители и нивните секојдневни рутини. Оттука, се качуваме на брод и пловиме по должината на реката Меконг (Mekong river), каде уживаме во погледите пред нас, обоени во природата на Виетнам. Пловиме по водни тесници опкружени со кокосови палми, во места каде за момент ќе се почуствуваме како дел од локалното население овде. Правиме пауза за вкусни локални овошја, чај со природен мед кој се прави овде и уживаме во музичките перформанси пред нас. Се враќаме во Хо Ши Мин околу 19:00 часот.
*Излетот е во пакетот и вклучува: превоз со климатиризано возило, локален водич на англиски јазик, влезници за места според програмата, пловидба со моторен чамец и “Sampan ride”, флаширана вода, ладни пешкири, ручек, осигурување.
06.05.2025 | ХО ШИ МИН (Факултативно крстарење – Saigon River)-ИСТАНБУЛ
Појадок и одјавување од хотелот. Багажот го оставаме во посебна просторија, при што го користиме последното слободно време во Виетнам. Пешачиме до кејот на реката Саигон, од каде за 15€ по лице можеме 1 часовно да крстариме, притоа да ги видиме знаменитостите на градот кој лежат на брегот на реката: Tran Hung Dao Statue, Hotel Majestic, Dragon Wharf, Bitexco Financial Tower, and Mong Bridge. Време со шопинг и ручек.
Се враќаме во хотел, откаде во 18:00 часот заминуваме кон аеродромот во Хо Ши Мин, за летот кон Истанбул во 22:05 часот.
07.05.2025 | ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ
Слетуваме во Истанбул во 04:35 часот. Кратко транзит време до поврзаниот лет кон Скопје во 07:25 часот. Пристигнуваме во Скопје во 07:55 часот.
ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 2990€
Пакет цената е изразена по лице во двокреветна соба, при што истата вклучува.
Пакет цената НЕ вклучува:
Напомени:
ОПШТИ И КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ДЕСТИНАЦИИТЕ
ВИЕТНАМ
Општи податоци за државата
Виетнам е земја во Југоисточна Азија. Сместена е на брегот на Јужното Кинеско Море и Тајландскиот Залив. На север се граничи со Кина, на запад со Лаос и на југо-запад со Камбоџа. Престорна површина: 331.210 км2, 66-та по големина во светот;
Население: 94,34 милиони жители
Главен град: Ханој (3,29 милиони жители)
Националност: виетнамци (85,7%), други етнички групи (14,3%)
Официјален јазик: виетнамски; се користат уште и англиски и француски;
Вероисповед: неопределени (80,8%), будисти (9,3%);
Виза
Согласно последните измени на државата, виза за влез во Виетнам се издава онлајн и истата чини 30USD за 1 влез или 60USD за повеќе влезови, што е случај со нашето патување.
Временска зона
Временската зона е UTC +7, што значи 6 часа пред С. Македонија.
Клима
Тропската монсунска клима е распространета во областа Индокина. Сезоната на дождови трае од средината на мај до октомври, додека сушната сезона е од ноември до април. Поради високата влажност, и пониските температури тешко се толерираат. На северот влажноста е многу пониска, а климата е поблага. Ноември и декември означуваат пристигнување на сувата сезона и ноќните температури на големи височини може повремено да се спуштаат до ниво на благ мраз. Температурите започнуваат да се искачуваат во јануари, кога достигнуваат и до 40°С. Во Виетнам, климата е тропска, обележана со чести монсуни. На северот забележан е пад на температурата помеѓу ноември и април. Температурите се движат помеѓу 5°C и 37°C.
Храна и пијалок
Храната е многу разновидна, таканаречено типично азиска. Има многу ориз, риба, тестенини, пилешко, овошје и зеленчук. Виетнам има обилна трпеза и разработена техника за подготовка на храна. Подготовката на храна станала уметност кај виетнамскиот народ, така што некои виетнамски јадења станале светски познати. Во Виетнам, имате можност да пробате многу вкусни јадења што не можете да ги најдете на кое било друго место во светот. Некои јадења се подготвени од морска храна, како што се јастог, риба, рак и лигњи... кои се релативно ретки и скапи во некои западни земји, но неверојатно евтини во Виетнам. Покрај уживањето во традиционалните јадења како супа од тестенини (Pho), свински колбас (Gio lua), пролетно пециво (Nem ran), рибни кугли (Cha ca) и др… Виетнам го прифатил начинот за подготовка на некои јадења од земји што се познати по нивната добра подготовка на храна и добрите кулинарски техники, како што се Тајланд, Кина, итн...
Здравје
Вакцинацијата е по избор. Нашите патници одлучуваат индивидуално дали сакаат да бидат вакцинирани или не. Најдобро е да се јавите во Институтот за јавно здравје и да проверите. Препорачливо е да земете абдоминални лекови (пробиотик), треска или некои лекови за болка и покачена телесна температура, за секој случај. Ако не го земете тоа, не е страшно, сè може да се купи во аптеките таму. Исто така, има комарци таму, па можеби ќе сакате да донесете и Аутан, и таму може да земете репеленти против комарци, од искуство, нивните средства се поефикасни.
Осигурување
Осигурувањето е незадолжително, но секако го препорачуваме за далечни дестинации. Можете да го платите во која било осигурителна компанија и да го понесете на патувањето, или можете да го уплатите кај нас во агенцијата најдоцна 5 дена пред патувањето.
Сигурност и безбедност
На сите посетители им се советува да бидат внимателни. Се препорачува внимателно чување лични документи и пари заради ризик од грабеж и џепароши. Движењето по улица навечер се препорачува само доколку не сте сами. Дрогата е нелегална, и како таква е казнива со закон и затвор.
Облека
Пакувајте што е можно помалку облека! Насекаде можете да ги исперете алиштата. Оваа услуга е многу поволна, околу 1 евро по килограм, алиштата брзо се завршени, убаво испрани и здиплени. Со оглед на високите температури, понесете лесна гардероба. Задолжително понесете дуксер или некоја лесна јакна и некои долги панталони за возењето со автобуси (кои се климатизирани). Кога посетувате културни и историски места, поточно храмови, имајте во предвид дека е задолжително да ги покривате нозете и рамената, затоа при пакување внимавајте на ова.
Локална валута
Валутата во Виетнам е виетнамски донг, а девизниот курс е 1 УСД = 23.365 VND. Исто така, не препорачуваме да се потпрете на плаќање со платежни картички, па затоа е подобро да носите пари во готово.
Платежни картички и банкомати
Банкарскиот систем е високо развиен, така што ќе најдете бројни банки и банкомати на секој чекор од патот. Треба да проверите кај матичната банка за точниот износ на провизијата. Наша препорака е да понесете пари во готово. Може да се користат кредитни картички, но претходно мора да ја известите вашата банка за да немате проблеми со блокирање на картичката. Исто така имате менувачници на секој чекор, достапни во текот на целиот ден.
Комуникација
Нашите мрежи во Виетнам работат, но најлесно ќе ви биде да си купите локална SIM картичка. Исто така, насекаде има интернет кафулиња, а сместувањата се опремени со wireless интернет.
ЛАОС
Општи податоци: Лаос, држава во Југоисточна Азија без излез на море. Лаос е опкружен со Кина, Виетнам, Камбоџа, Тајланд и Мијанмар (од север, во правец на стрелките на часовиникот).
Главен град: Виентијан
Површина: 237.955 km2
Број на жители: 6.580.800
Јазик: лаоски
Вера: Теравада будизам 57.8%, традиционални верувања 33.6%, атеизам 4.8% и останато 2.8%.
Независност: 09.11.1953
Валута: Kip (LAK) 1€ = изнесува околу 9.798.33 LAK / 1$= изнесува околу 8.653.49 LAK
Кредитни картички и банкомати: Користење кредитни картички е возможно, но тоа претходно морате да го најавите на својата банка. Менувачници се достапни во поголемите градови.
Временска зона: UTC + 07:00h
Виза: Виза се добива на аеродромот во Луанг Прабанг и истата изнесува 40USD. Задолжително морате да имате минимум две чисти и празни страни во пасош, а пасошот мора да важи најмалку 6 месеци од моментот на враќање од патувањето. Кај себе имајте две фотографии со бела позадина, димензија како за пасош и фотокопија од пасошот.
Клима: Лаос има тропска монсунска клима, со дождовна сезона од мај до октомври и ладна и сува сезона од ноември до февруари, а топла и сува сезона во март и април. Монсуните се појавуваат во исто време во цела зема, но количината на дождот е различна од регион до регион. Голема количина на дожд, но и долги суши значајно влијаат на производството на ориз.
Храна и пијалоци: Темел на кујната на оваа земја е лепливиот ориз со кој се служи и салата од зелена папаја, месо со зеленчук или речна риба на жар. Влијанието на тајландската и виетнамската кујна е очигледен, со додаток на чили, рибен сос, лимонски треви и слично. Чессто ќе наидете на силни супи со резанци и ситни парчиња месо и зеленчук. Со многу зачини и интересни вкусови, препуштете се во пробување на традиционалните јадења во Лаос.
Здравје: Во Лаос е многу проширена маларијата и други болести кои го пренесуваат комарци - денге треска, поради што е задолжително да земете со Вас средства за заштита против комарци. Задолжително посоветувајте се со Вашиот лекар за некои алтернативни таблети против маларија. Водата не е за пиење, не смеете да ја користите ни за миење на заби, ни миење на овошје. Треба да се користи само флаширана вода.
Осигурување: Се препорачува да имате здравствено осигурување. Истото можете да го уплатите и кај нас во агенција.
Сигурност, безбедност и правила на однесување: Нивото на криминал е низок, иако кражби не се ретка појава (пр. кражба на ташни). Наркотиците претставуваат голем проблем. Локалниот закон прави мала разлика меѓу поседување на дрога за лична употреба и трговија со дрога, а казните се огромни.
Облека: Лаос е традиционална земја, што значи дека треба да избегнувате облека која открива премногу. Облеката треба да биде комотна и непроѕирна. За време во целата година во Лаос е топло и влажно, па одберете материјали од природни влакна, како памук, свила или лен. За одење ви се потребни удобни сандали или патики.
Струја: Во Лаос напонот е 230V. Постојат класични утичници како кај нас, но можете да си купите и утичници со два сплескани влеза.
КАМБОЏА
Општи информации: Камбоџа e држава во југоисточна Азија. На југозапад излегува на Тајландски залив (дел од Јужно кинеско море). На запад и север се граничи со Тајланд, на север со Лаос и на исток и југ со Виетнам.
Површина на земјата: 181,035 km2, 90. по големина во светот
Број на жители: 15,7 милиони жители
Главен град: Pnom Pen (1,7 милиони жители)
Националност: Kамбоџанци – Кмери (90%), останато: Виетнамци, Кинези;
Официјален јазик: kмерски;
Вероисповед: будизам (будисти 96,9%);
Виза: Виза за Камбоџа Виза се добива на аеродромот во Сием Реп и истата изнесува 40USD. Задолжително морате да имате минимум две чисти и празни страни во пасош, а пасошот мора да важи најмалку 6 месеци од моментот на враќање од патувањето. Кај себе имајте две фотографии со бела позадина, димензија како за пасош и фотокопија од пасошот..
Временската зона е UTC +7, значи 6 часа напред во однос на С. Македонија.
Клима: Во Kамбоџа климата е монсунска. Од декември до април трае сушен период, кога преовладува сув североисточен монсун. Просечната температура се движи помеѓу 21°C и 35°C.
Камбоџанската кујна се издвојува со често користење на билки, тревки и зеленчук. Камбоџанската кујна се краси со репутација на една од најстарите и најздравите во светот. Најважниот додаток во сите јадења е ориз и тестенини од разнолики видови и облици. Од месо се јаде пилешко, свинско, телешко и месо од патка. Се консумираат многубројни видови на овошје и зеленчук. Специјалитет на камбоџанската кујна е Амок - кари паста со кокосово млеко и бројни додатоци, спакувано во лист од банана. Тука се уште и супата со нудли, месо од скара, салата од манго и разни други слатко - луто - кисели комбинации.
Здравје: Вакцинација не е задолжителна. Нашите патници индивидуално одлучуваат дали сакаат да се вакцинираат или не. Најдобро е да се консултирате со Институт за јавно здравје и да проверите. Пожелно е да понесете лекови за стомачни болки (пробиотик), фервекс или некои лекови за болка и покачена телесна температура, за секој случај. Доколку не понесете, не е страшно, сé може да се купи и во тамошните аптеки. Исто така, таму има комарци, па би било добро да понесете и Аутан, а можете и таму да купите средства против комарци, но од искуство, нивните средства се со посилно дејство.
На сите посетители им се советува да бидат внимателни. Се препорачува грижливо чувањена личните документи и пари поради ризик од кражби и џепароши. Движење во доцните вечерни часови се препорачува само доколку не сте сами. Дрогата е нелегална појава, и како таква е казнива со закон и затвор.
Облека: Спакувајте што е можно помалку багаж! Секаде можете да ги исперете алиштата. Таа услуга е навистина поволна, околу 1 евро по килограм, алиштата се набрзина готови, убаво испрани и здиплени. Со оглед на високите температури, носете лесна гардероба. Задолжително понесете дуксер или некоја лесна јакна и некои долги панталони за возењето со автобусите (бидејќи се климатизирани). Понесете некои удобни патики за целодневните обиколки на комплексот Ангкора. За обиколките на културно - историските знаменитости, конкретно храмови, мораме да напоменеме дека е задолжително покривање на нозете и рамењата, така да обрнете внимание и на тоа за време на пакувањето. Ако било што заборавите, од гардероба, козметика, обувки, без грижи, таму можете да купите сé.
Валута: Што се однесува до парите и плаќањето, пожелно е да носите долари, особено за Камбоџа. Валутата во Камбоџа е камбоџански рил (Riel). Однос на валутата изнесува околу 1 USD = 4.045 KHR, иако во Камбоџа секаде е можно плаќање со долари, па поради тоа Ве советуваме да понесете долари и тоа што е поситно можно.
Банки и платежни картички: Банкарскиот систем е многу развиен, така што ќе најдете бројни банки и банкомати на секој чекор. За износот на точната провизија би требало да проверите со матичната банка. Наша препорака е да понесете готовина. Користење на платежни картички е можно, но тоа морате претходно да го најавите во матичната банка, за да не дојде до блокирање на картичките. Менувачници исто така имате на секој чекор, достапни во текот на целиот ден.
Комуникација: Нашите мрежи не функционираат во Камбоџа. Интернет кафулиња има насекаде, а и во сместувањата е достапна wireless интернет мрежа.