Внесете клучни зборови:
Посета на етно селото Сирогојно. Разгледување на единствениот Музеј под отворено небо каде има педесетина оригинални златиборски куќи-брвнари во кои се изложени околу 2000 експонати, како и Музејот на плетачките и продавниците за џемпери, по кои селото Сирогојно е познато во светот... Факултативна посета на Дрвенград, едно од нјапознатите етно села во Србија изградено од Емир Кустурица, за потребите на неговиот филм „Животот е чудо“.
1 ден СКОПЈЕ - ЗЛАТИБОР
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 22:30 часот. Поаѓање за Златибор во 23:00 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.
2 ден ЗЛАТИБОР – СИРОГОЈНО
Пристигнување во утринските часови во Златибор. Потоа заминување кон етно селото Сирогојно. Разгледување на единствениот Музеј под отворено небо каде има педесетина оригинални златиборски куќи-брвнари во кои се изложени околу 2000 експонати, како и Музејот на плетачките и продавниците за џемпери, по кои селото Сирогојно е познато во светот. Пауза за кафе и закуска во еден од рестораните во Сирогојно. Враќање во Златибор. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
3 ден ЗЛАТИБОР – ДРВЕНГРАД ( Етно Село на Емир Кустурица )
Појадок. Факултативна посета на Дрвенград, едно од нјапознатите етно села во Србија изградено од Емир Кустурица, за потребите на неговиот филм „Животот е чудо“. Дрвенград полека прераснува во еден мал град, кое е вистински музеј на отворено. Името го добил по дрвените куќарки кои се изградени од дрво, и чија архитектура ви дава чувство дека се наоѓате во некој град од бајка. Во селото имате куќарка на уметност, куќарка – слаткарница во која можете да уживате во домашно припремени слатка , кино сала, ресторан, црква... Дрвен град е домаќин на интернационалниот филмски фестивал кој се организира во селото секоја година. Идејата на Кустурица е враќање кон природата и зближување со неа и со традиционалните вредности кои полека се губат. Пауза за индивидулани прошетки. Слободно време. Враќање во Златибор во попладневните часови. Слободно време за прошетка низ Златибор. Ноќевање.
4 ден ЗЛАТИБОР – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Скопје во попладневните часови.
EUR 109 по лице / 2 ноќи / Појадок
Вклучени услуги:
• Превоз со туристички автобус на наведената релација
• Сместување во Хотел Mir **** на база 2 ноќевања со појадок
• Туристичка такса
• Посета на Сирогојно ( не е вклучена влезницата)
• Организирани туристички разгледи според програмата
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
Услугите не се вклучени:
• Влезници за музеите и културно - историските споменици
• Факултативна посета на Дрвенгард 6€ (не е вклучена влезницата)
• Патничко здравствено осигурување други неспоменати посети и услуги.