Пребарување

Внесете клучни зборови:

Есен 2020

ЗЛАТИБОР 23ОКТОМВРИ

ЗЛАТИБОР 23ОКТОМВРИ

 

 

 

 

 

 

со посета на Сирогојно и Дрвенград

Златибор, еден од најстарите и најубавите туристички центри во југозападна Србија, во минатото привилегија на најбогатите, а денес еден од најпосетените места на Балканот, достапен за сите...

1ден    22.10.2020

Поаѓање на групата од Скопје 23:00часот и од Куманово во 23:30часот, патување кон Златибор преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи.

2ден    23.10.2020

Пристигнување во Златибор во утринските часови и  веднаш заминување кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери по кои Сирогојно е познато. Околу пладне сместување во Вила Јелена, која се наоѓа во центарот на Златибор, (http://www.vilajelena-zlatibor.com/ ) во двокреветни и трокреветни соби. Слободно време за одмор и прошетка низ центарот на Златибор. Вечера во ресторанот. Ноќевање.

3ден    24.10.2020

Појадок. Заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности, како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот Бела Вода и познатата железница Шарганска Осмица. Во попладневните часови враќање во Златибор. Вечера со музика во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

4ден    25.10.2020

Појадок. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор и пазарот за сувенири и  добро познатата златиборска пршута и кајмак. Тргнување за Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 6.150 денари

Цената на аранжманот вклучува:

Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

Две ноќевања со појадок и вечера во Вила Јелена

Посета на Сирогојно, Дрвенград и изворот Бела Вода

Организација и реализација на патувањето

 

Цената на аранжманот не вклучува:

Влезница во музејот во Сирогојно – 150 динари ( околу 80 денари)

Влезница во Дрвенград 250 динари ( околу 120 денари)

Туристичка такса која се плаќа во хотел - 2 евра по лице за двете ноќи

Патничко осигурување ( за информации обратете се во агенцијата )

Напомена: За реализација на ова патување потребни се минимум 40 патници.