Пребарување

Внесете клучни зборови:

Израел 2022 / 2023

Израел 7 Декември 2022

Израел 7 Декември 2022

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

1.Ден 07.Декември (Среда)

Состанок на групата. Поаѓање кон аеродромот во Солун. Лет за Тел Авив од Солун во 07.35 часот со лет A3548 на авиокомпанијата Aegean Airlines .  Пристигнување во Тел Авив 09.45 часот локално време. Организиран трансфер за Ерусалим. Посета на Гетсиманската градина, посета на базиликата на страдањето Xристово и Црквата на Вознесението на пресвета Богородица. Посета на стариот град на Ерусалем, кој е сместен во срцето на Ерусалем. Стариот град се смета за најсветото место според  христијаните. Поделен е на четири дела: христијански,  муслимански, еврејски и ерменски. Сите егзистираат заедно на простор од еден квадратен километар.  Ќе одиме долж Via Dolorosa – тажниот пат на Исус до местото на неговото распнување... Од таму доаѓаме до храмот на Распетието, каде што се случил  најважниот момент од христијанската историја -Воскресението на Спасителот. Посета на Гробот Христов,  Голготата, и каменот на Помазанието. Посета на планината Сион, собата на последната вечера, гробот на Кралот Давид, и манастирот на Успението,  Црквата на Вознесението (изградена на местото каде постоела куќата на Свети Јован крстител, каде што Пресвета Богородица живеела по распнувањето на Исус), Еврејскиот кварт, улицата  Кардо, сингогата Рамбам, западниот зид. Сместување во хотелот во Рамала. Вечера. Ноќевање.

 

 2. Ден 08.Декември (Четврток)

Појадок. Посета на Вади келт. Манастирот на Свети Ѓорѓи ХОЗЕВИТ, во јудејската пустина, Ерихон најстариот град на планетата и планината на искушението со посета на манастирот на искушението. Светата река Јордан. Посета на Мртво Море.  Вечера. Ноќевање.

 

 3. Ден 09.Декември (Петок)

По појадокот  разглед на Витлеем – градот на кралот. Витлеем е мал бел град во кој што бил роден Исус. Во превод името на Витлеем значи “куќата на лебот”. Тука на маргините на универзумот, во топлите мали штали се роди Спасителот, поради тоа што, светото семејство не можеше да најде сместување на друго место. Тука тројцата кралеви дојдоа да го поздрават кралот на универзумот и прв пат мудреците го видоа Спасителот на светот. На плоштадот во Витлеем се наоѓа големата црква на Рождеството, која ќе ја посетиме и каде ќе присуствуваме на света литургија. . Посета на Еин Карем(доколку дозволува времето) - родното место на Свети Јован, еден од најубавите делови на Ерусалем со голем број на манастири. Еден од нив е Францисканскиот манастир каде се наоѓа изворот на Свети Јован крстител. Овде ќе имаме можност да се осветиме во светата вода.Враќање во хотел. Вечера. Ноќеавње.

 

4. Ден 10.Декември (Сабота)

Појадок. Посета на црквата на Благовестието - импресивен споменик на христијанското наслество. Тука ќе се одржи празнична церемонија посветена на денот на светото Благовестие.   Посета на Назарет, кој е познат во светот како градот каде живеела светата фамилија: Мaрија, Јозеф и бебето Исус. Тоа е место за аџилак за христијани од сите страни на светот. Некогаш Назарет беше мало село, а сега е најголемиот арапски град, со христијанско и муслиманско население. Посета на Кана Галилејска - црквата посветена на чудата на Исус, каде по стариот пат еднаш Пресвета Богородица и нејзиниот Син присуствувале на свадбата во Кана, каде се одиграло едно од чудата. Вечера. Ноќевање.

 

5. Ден 11.Декември (Недела)

Појадок. Организиран трансфер до Тел Авив. Посета на стара Јафа кој во старите времиња бил град освојуван од Александар Македонски, Ричард-Лавовско срце и Наполеон. Посета на Св.Петар и тврдината. Трансфер до аеродромот во Тел Авив. Полетување за  Солун со лет A3925 во 20:10 часот локално вренме преку Атина со авиокомпанијата Aegean airlines. Слетување во Атина 22:20 часот локално време. Летот за Солун продолжува со лет А3136 во 23:15 часот по локално време.

 

6. Ден 12.Декември (Понеделник)

Пристигнување во Солун на аеродром  00.10 часот локално време. По царинските формалности, трансфер на групата кон Скопје.

 

Цена на аранжманот  690 ЕУР по лице

НАПОМЕНА: Калкулацијата е правена за минимум 10патници

 

.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

•             Авионски превоз на релација Солун -Тел Aвив- Солун

•             Организиран превоз Скопје – Солун(аеродром)-Солун (аеродром) - Скопје

•             Организиран трансфер од aеродром до хотелот во Витлеем и обратно

•             Сместување хотел на база појадок и вечера во хотел со 3*

•             Организација на аранжманот со вклучени трансфери според програмата и

придружник на патувањето

•             Бесплатна  торба до 8kg со димензии 56cm X 45cm X 25cm, плус мала рачна торба(женска чанта) или торба за лап топ;

https://www.youtube.com/watch?v=LYa9VPVAJI8&t=15s

 

  ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

•             Аеродромски такси 130ЕУР

                                                  Доплата за багаж до 23кг за двата правци 83еур по патник;

Посета на ресторан на Галилеја со рибно мени 45ЕУР

Возење со жичара до манастирот на искушението 30ЕУР( ако земете пакет со ручек и влез на Мртво море 60еур)

•             Бакшиш за водичот и возачот 40ЕУР

•             Туристичка такса 4ЕУР на ден/ по лице (се плаќа во хотелот)

•             Патничко – здравствено осигурување 300 денари

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

newwaysoftravel Превземи целосна понуда   

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: