Пребарување

Внесете клучни зборови:

Израел 2023

Израел 8ми Март 2023

Израел 8ми Март 2023

 

 

 

 

 

 

 

 

ИЗРАЕЛ - Земја каде се преплетуваат минатото и сегашноста, земја неверојатно разновидна и многу драматична. Иако по површина е мала, оваа земја е од непроценливо значење за припадниците на трите најголеми светски религии , бидејќи во Израел се вкрстуваат патиштата на Еврејските, Муслиманските и Христијанските Аџии. Не случајно го добила името  ,,Света земја’’, бидејќи нејзината суштина се базира на духовната традиција.  Израел е една од најфасцинантните, најинтригирачки и најсложени земји во светот. Географски е мала, но општествено, историски и геополитички претставува единствена асоцијација на контрастни атрибути меѓу народите и културите во светот. Тел Авив, Витлеем, Мртво Море и реката Јордан, Виа Долороса, Кумран и Масада се само дел од она за што вреди да се види и доживее оваа, по многу нешта специфична земја на фасцинантни градови, како оние создадени пред Христос па се до денешните метрополи, земја на восхитувачки културно-археолошки локалитети, неверојатни  историски случувања кои личат на легенди, земја на инспиративни пејсажи.. Средбата со Израел во живо е патување за сите оние кои сакаат да знаат, да доживеат..за авантуристи кои ги препознаваат културните вредности без предрасуди, за оние кои сакаат да го обиколат светот..И уште нешто, Израел е денеска модерна земја со исклучителна убавина и велелепно наследство која ја посетуваат милиони туристи од целиот свет.

1 ден 07.03.2023 | СКОПЈЕ-СОЛУН-ТЕЛ АВИВ

Во однапред договорено време околу полноќ, со организиран траснфер се упатуваме кон аеродромот во Софија за директниот лет кон Тел Авив во 06:50 часот со авиокомпанијата Wizz Air Слетување на аеродромот во Тел Авив во 09:20 часот локално време. По завршување на пасошка и царинска контрола, со организиран трансфер се упатуваме градот Ерусалим. Овде ќе ја посетиме Гетсиманската градина, базиликата на страдањето Xристово и Црквата на Вознесението на пресвета Богородица. Ќе прошетаме по стариот град на Ерусалем, кој е сместен во срцето на Ерусалем, а се смета за најсветото место во христијанскиот свет. Градот е Поделен е на четири дела: христијански,  муслимански, еврејски и ерменски. Сите заедно егзистираат на простор од еден квадратен километар.  Ќе одиме долж Via Dolorosa – мачниот пат кој го поминал на Исус, се до местото на неговото распнување. Од таму доаѓаме до храмот на Распетието, каде што се случил  најважниот момент од христијанската историја - Воскресението на Спасителот. Ќе го посетиме и Гробот ХристовГолготата и каменот на Помазанието. Ќе продолжиме кон планината Сион, собата на последната вечера, гробот на Кралот Давид, и манастирот на Успението,  Црквата на Вознесението (изградена на местото каде постоела куќата на Свети Јован крстител, каде што Пресвета Богородица живеела по распнувањето на Исус), Еврејскиот кварт, улицата  Кардо, сингогата Рамбам, западниот зид. Сместување во хотелот во Рамала. Вечера во хотел. Ноќевање.

 

2 ден 08.03.2023 | ИЗРАЕЛ

Појадок во хотел. Ден предивден за посета на Вади келт, Манастирот на Свети Ѓорѓи ХОЗЕВИТ во јудејската пустина, Ерихон - најстариот град на планетата и планината на искушението со посета на истоимениот манастри. Следно на денешната агенда е Светата река Јордан и посета на Мртво Море.  Враќање во хотел. Вечера во хотел. Ноќевање.

 

3 ден 09.03.2022 | ИРЗАЕЛ

Појадок во хотел. Денешниот ден е предвиден за  разглед на Витлеем – градот на кралот. Витлеем е мал град во кој што бил роден Исус. Во превод, името на Витлеем значи “куќата на лебот”. Тука на маргините на универзумот, во топлите мали штали се роди Спасителот, поради тоа што, светото семејство не можеше да најде сместување на друго место. Тука тројцата кралеви дојдоа да го поздрават кралот на универзумот и прв пат мудреците го видоа Спасителот на светот. На плоштадот во Витлеем се наоѓа големата црква на Рождеството, која ќе ја посетиме и каде ќе присуствуваме на света литургија. . Посета на Еин Карем(доколку дозволува времето) - родното место на Свети Јован, еден од најубавите делови на Ерусалем со голем број на манастири. Еден од нив е Францисканскиот манастир каде се наоѓа изворот на Свети Јован крстител. Овде ќе имаме можност да се осветиме во светата вода. Враќање во хотел. Вечера во хотел. Ноќевање.

 

4 ден 10.03.2022 | ИЗРАЕЛ

Појадок во хотел. Посета на црквата на Благовестието - импресивен споменик на христијанското наслество. Тука ќе се одржи празнична церемонија посветена на денот на светото Благовестие.   Посета на Назарет, кој е познат во светот како градот каде живеела светата фамилија: Мaрија, Јозеф и Исус во својата најрана возраст. Тоа е место за аџилак за христијаните од сите страни на светот. Некогаш Назарет беше мало село, а сега е најголемиот арапски град, со христијанско и муслиманско население. Ќе ја посетиме Кана Галилејска - црквата посветена на чудата на Исус. Враќање во хотел. Вечера во хотел. Ноќевање.

 

5 ден 11.03.2022 | ТЕЛ АВИВ-АТИНА-СОЛУН

Појадок и одјавување од хотелот. Со организиран трансфер се упатуваме кон Тел Авив. Ќе го посетиме Јафа или Јафо, дел од Тел Авив кој во старите времиња бил град освојуван од Александар Македонски, Ричард-Лавовско срце и Наполеон. Ќе ја посетиме црвката Св.Петар и тврдината. Следува трансфер до аеродромот во Тел Авив. Летот кон Солун (преку Атина) е во 20:10 часот локално време, со авиокомпанијата Aegean Airlines. Слетување во Атина 22:20 часот локално време. Поврзаниот лет кон Солун (А3136) е во 23:15 часот по локално време. Пристигнување на аеродромот во Солун во 00:10 часот (12.03.2023). По завршување на пасошки и царински формалности, со организиран трансфер се упатуваме кон Скопје.

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА: 690€

 

 

Пакет цената е изразена по лице, при што истата вклучува:

 

Пакет цената НЕ вклучува:

 


 

Напомени:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

newwaysoftravel Превземи целосна понуда    newwaysoftravel Превземи целосна понуда