Пребарување

Внесете клучни зборови:

МАРТ 2021

КАПАДОКИЈА ВО МЕСЕЦОТ НА ДАМИТЕ 04.03-08.03.2021 (3 ноќевања)

КАПАДОКИЈА ВО МЕСЕЦОТ НА ДАМИТЕ
04.03-08.03.2021 (3 ноќевања)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Авионска програма од Скопје
04
.03-08.03.2021 (3 ноќевања)

Ако постои бајка за магична земја од глина, веројатно, ќе изгледа исто како и Кападокија. Овој прекрасен регион во Централна Турција е познат по уникатните карпести форми во кои древните народи ги направиле нивните домови и цркви.

ПРОГРАМА

1 ДЕН (04.03.2021) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

Пријавување на аеродромот во Скопје 3 часа пред предвидениот лет за Истанбул во 20:40 часот. Слетување на аеродромот во Истанбуил во 00:15 часот.

2 ДЕН (05.03.2021) ИСТАНБУЛ – КАЈСЕРИ (КАПАДОКИЈА)

Летот од Истанбул кон Кајсери е закажан во 07:45 часот, при што пристигнувањето на аеродромот во Кајсери е во 09:05 часот. По завршување на пасошки и царински формалности, со организиран трансфер се упатувате кон хотелот. Сместување во хотел според правилата за “check in”. Слободен ден за одмор и релаксација. Ноќевање.

3 ДЕН (06.03.02021) КАПАДОКИЈА

Појадок во хотел. Одморени од патот, денешниот ден е совршен за почеток на приказната наречена Кападокија. Црвена тура е факултативен излет кој го предлагаме за овој ден, на која ќе го посетите “Open Air Museum”, каде имате можност да видите остатоци од Византиската култура во камените цркви кои датираат од 10-от век. Следно на агендата е панорамски разглед на Ugrup со пауза за дегустација на вино. Ќе го посетите Uchisar или пештерскиот град за кој сеуште не е утврдена годината на потекло, ќе ги видите една од најстарите вили во градот, во која се снимани повеќе познати филмови, а воедно и место каде што ќе имате можност да ги направите најубавите панорамски фотографии на ова магично место. Пауза за ручек во локален ресторан. По паузата, следно место за посета е долината Деверент која се наоѓа на само 10 минути од местото Гореме. Оваа долина изобилува со карпи кои имаат форми на животни, поради кои истата е наречена Камена зоолошка градина. Ќе го посетите Pasabag (Monk’s Valley) каде ќе посведочите на уникатни карпи во форма на печурки, а потоа и најстарото село во Кападокија (Cayusin) каде на највисоката точка на истото е лоцирана црквата Свети Јован Крстител, која датира од 5-от век. Погледот одовде ќе Ве намами да направите прекрасни фотографии кои ќе бидат спомен на едно од најубавите патувања во Вашиот живот. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ДЕН (07.03.2021) КАПАДОКИЈА

Појадок во хотел. Шлагот на ова патување го оставаме за крај! На изгрејсонце Ви препорачуваме да почуствувате неверојатно и несекојдневно искуство при летање со балон над Кападокија! Подгответе ги Вашите уреди за фотографирање и препуштете се во авантура. Враќање во хотел и појадок. Во попладневните часови препорачуваме факултативен излет по име Сина тура. Оваа екскурзија вклучува посета на најпознатите подземни градови овде, Kaymakli Dirinkuyu, кои се најдлабоките градови од вкупно 40 кои се наоѓаат овде во Кападокија. Двата града имаат по 8 катови, но не сите се отворени за посета. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ДЕН (08.03.2021) КАПАДОКИЈА

Појадок во хотел. Напуштање на собите според политиката на хотелот. Вашиот багаж ќе биде оставен на безбедно место, до организираниот трансфер до аеродромот во Кајсери. Летот кон Истанбул е закажан во 17:00 часот. Слетување во Истанбул во 18:25 часот. Летот кон Скопје е во 20:20 часот, а пристигнувањето е во 19:45 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ: 349 €

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

НАПОМЕНИ

newwaysoftravel Превземи целосна понуда