Пребарување

Внесете клучни зборови:

Есен 2021

КАПАДОКИЈА

КАПАДОКИЈА

 

 

 

*27.10 – 31.10.2021*

 

*Дополнително, можност за избор на термин по ваша желба во консултација со наш агент*

 

1. ДЕН  – СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАЈСЕРИ – КАПАДОКИЈА 

Состанок на меѓународниот аеродром во Скопје 2 часа пред летот, по што следува чекирање и задолжителни пасошки и царниски формалности. Полетување кон Истанбул. Слетување во Истанбул и преместување на домашниот терминал од каде што летот продолжува за Кајсери. Пристигнување во Кајсери. Трансфер до хотелот во местото Ѓореме во самото срце на Кападокија. Следува сместување во хотел.Ноќевање.

 

2. ДЕН – 4. ДЕН 

МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА (Црвена тура) – АДРЕНАЛИНСКА QUAD BIKE ТУРА

Појадок. По појадокот следува целодневен факултативен излет мистична Кападокија” (северна т.е црвена тура). За време на оваа преубава тура ќе имате прилика да се запознаете со најубавите и најпознати предјадења на Кападокија. Излетот го започнуваме веднаш по појадокот, а нашата прва станица е величенствениот видиковец кој е сместен над градот Ѓореме, каде што од страна на локалниот водич ќе ги добиеме сите информации и занимливости за богатата историја на Кападокија и единствените камени формации, чиј географски облик е формиран пред околу 10.000 години.
По панорамскиот разглед се посетува замокот “Uchisar” и највисоката точка на Кападокија – музејот на отворено Ѓореме (кој е под заштита на УНЕСКО) во кој се сместени некои од најдобрите примероци од куќи и цркви во карпи.
Можност и за посета на традиционалната фабрика за грнчарство или некоја од продавниците за ќилими. Патот понатаму не води кон напуштеното село Чавушин и местото Аванос, по што правиме пауза за ручек каде што ќе ја дегустираме автентичната турска кујна.
На оваа тура ќе имате прилика да направите фасцинантни фотогравии во долината Пасабаг, како и во Монковата долина препознатлива по специфичните оџаци на куќите кои се во облик на печурка, како и во долината Деврент позната по своите карпи во облик на животни. Во попладневните часови следува враќање кон хотелот. Слободно време за одмор и уживање. Ноќевање.

 

КАПАДОКИЈА ОД ВОЗДУХ (МАГИЧЕН ЛЕТ СО БАЛОН) ДРЕВНА КАПАДОКИЈА (Зелена т.е јужна тура) 

Појадок. Во раните утрински часови нудиме доживување кое се памти! Можност за факултативно летање со балон над прекрасната Кападокија (поаѓање од хотел во 04:30ч). Покрај магичните впечатоци кои ќе ви останат во трајно сеќавање, Кападокија се издвојува и по шарените балони кои што претставуваат и прва асоцијација на овој магичен град и патувањето со нив е најомилената активност на посетителите. Факултативниот излет го започнуваме во раните утрински часови  пред изгрејсонце, а самиот лет трае околу 1 час. Балоните немаат однапред испланирана рута туку летаат буквално каде што ги носи ветрот. Се искачуваме на 300м надморска висина, а под нас се наоѓа цела област прекриена со фантастични релјефни формации, кои се формирани од бел вулкански пепел, а нив локалното население ги нарекува “Вилински оџаци”.
Преку стотина балони се истовремено во воздухот, додека ние уживаме фасцинантната глетка на изгрејсонцето. Чудесниот лет завршува со слетување во непосредна близина од местот од кое што сме полетале, каде што не чекаат комбиња кои не враќаат назад во градот. Враќање назад кон хотелот.

Следува факултативен излет во претпладневните часови кој го започнуваме со посета на подземниот град Деринкују, кој е еден од најголемите подземни градови во светот. Во него некогаш живееле околу 50.000 жители на 8 различни нивоа и претставува најголем пронајден подземен град во Турција. Денес за туристички цели се отворени 4 нивоа, а шетајки низ тунелите ќе откриеме фасцинантни ванариим, кујни и соби за дневен престој кои датираат уште од 7 век п.н.е. Потоа одиме во долината Ихлара и проаѓаме низ долгиот кањон на реката Мелендиз, која претставува необична збирка на изрезбани карпи во кои се наоѓаат стотина куќички, испресечени со голем број рекички. Ќе направиме пазуа во селото Белисирма, каде што ќе имаме слободно време за ручек. Излетот го продолжуваме до манастирот Селме, најголем камен манастир во Кападокија со огромна пештерска катедрала и преубав поглед на околината.  По враќањето во Учисар застануваме на преубавиот видиковец кој гледа кон голубовата долина, каде што ќе дознаеме зошто галебите отсекогаш имале посебно место во срцата на жителите на Кападокија. Во попладневните часови следува враќање кон хотелот. Слободно време за одмор и уживање. 

 

5. ДЕН – КАПАДОКИЈА – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок. Следува напуштање на хотелот и трансфер до аеродромот во Кајсери. Чекирање на летот за Истанбул. Слетување во Истанбул и чекирање на летот од Истанбул за Скопје. Слетувањето на аеродромот во Скопје.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 449€

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

 

 ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

 

 ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

 

HOTEL GRAND CAPPADOCIA 4*

***Агенцијата го задржува правото на промена на програмот, како и редоследот на посети по денови, во било која ситуација и од било кои причини или околности кои би претставувале пречка за реализација на истиот. Истиот ќе биде реализиран веднаш во првата ситуација кога за тоа ќе има можност.

***Агенцијата го задржува правото на промена на цената на аранжманот во кои е вклучен авио превоз, доколку на летот има промена во авионската карта, агенцијата не одговара за тоа и разликата во цената ја сноси патникот. 

***Агенцијата го задржува правото на промена на програмот, во однос на времето на летање, кое ИСКЛУЧИВО зависи од времето на летање на авио компанијата.

*** Минимум 6 месеци важност на пасошот од денот на враќање

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: