Пребарување

Внесете клучни зборови:

Зима 2020/2021

КИЕВ ВО ДЕКЕМВРИ И ЈАНУАРИ (индивидуална програма)

КИЕВ ВО ДЕКЕМВРИ И ЈАНУАРИ (индивидуална програма)

 

 

 

 

 

 

Киев е главен град, а воедно и најголем град во Украина. Се наоѓа во северниот дел на државата, на брегот на реката Дњепар. Киев е град со богата историја. Поради големиот број на цркви и манастири, од средниот век градот го носи прекарот „Ерусалим на северот“. Поради својата историска улога како престолнина на Киевска Русија, Киев е познат и како „Мајка на руските градови“.
За нас не е потребен ПЦР тест, искористете ја оваа можност да го посетите овој уникатен град.

ЦЕНА ОД 439ЕУР за 3 ноќевања со ПОЈАДОК + авио карта + ТРАНСФЕР

 

 

Прв ден

Полетување за Киев во 12:50 часот. Пристигнување во Киев во 16:10 часот на аеродромот Бориспил. Трансфер до хотел. Ви предлагаме да прошетате по најпознатата улица во Киев-Крешатик на која може да си најдете сите модни брендови и плоштадот Мајдана Незалежмоски (или Плоштадот на независноста). Ноќевање.

Втор ден

Појадок. Ви предлагаме да прошетате низ Маријски парк со прекрасниот поглед на реката Дњепар. Посетете ги и Палатата Октомври, бившата зграда на Националната банка, Киевската опера, црквата Св.Андреја, катедралата Св.Софија, манастирот Св.Михаел, споменикот на принцезата Олга, боемската улица Андривскиј на која се наоѓаат голем број на ресторани, како и продавници за антиквитети и сувенири. Денот завршете го со посета на некој од многубројните пабови или клубови. Ноќевање.  

Трет ден

Појадок.Предлагаме посета на еден од главните градски симболи Киевска-печерска лавра  или пештерите на Киев. Ова е најважен религиозен комплекс и најпосетуваната туристичка аткарција во Киев. Киевско-печерска лавра е православен манастир изграден во 11век и заедно со црквата Св.Софија се под заштита на UNESCO. Ноќевање.

4 ден: Појадок. Трансфер до аеродромот Бориспил. Полетување за Скопје во 10:50 , слетување во Скопје во 12:00часот.  

ЦЕНА од 439€ 

3 ноќевања со ПОЈАДОК+авио карта + ТРАНСФЕР

Во цената е вклучено:

* Авио билет на релација Скопје-Киев-Скопје (Wind Rose Aviation)

* Аеродромски такси

* Трансфер од/до аеродром-хотел-аеродром

* 3 ноќевања со појадок (предлог хотел Bontiak 4* во центарот на Киев)

Во цената не е вклучено:

* Влезници на културно-историски споменици

* Други индивидуални трошоци

* Патничко осогурување

Напомена:

Летовите од Скопје се секој Четврток и Недела

Цената зависи од моментално расположливите места на авио компанијата и хотелите.