Внесете клучни зборови:
03 март СКОПЈЕ – ЛАРНАКА
Состанок на групата на паркингот спроти Холидеј Инн. Трансфер до аеродромот во Солун. Полетување за Ларнака во 09:00 ч. Слетувањето е во 11:00 часот. Организиран трансфер до хотелот. Разглед на градот: прошетка низ најпознатата улица со палами “Finikoudes” во строгиот центар на градот, покрај која се наоѓа и прекрасната песочна плажа, Тврдината изградена за одбрана од пиратите, во определен период користена како затвор, а денес е музеј...посета на црквата Св.Лазар во стариот автентичен дел на градот во која се наоѓаат моштите на светецот. Слободно време за прошетка низ Ларнака. Ноќевање.
04 март ЛИМАСОЛ
Појадок. Предлагаме факулатитвна посета и разглед на вториот по големина град, Лимасол. Уште наречен и ,,Кипарска ривиера” поради пријатната клима и развиената туристичка инфраструктура. Тука се најлускузни хотели, ресторани, кафетерии, барови, ноќни клубови... На местото на старото пристаниште се протега шеталиштето, во срцето на градот е Средновековниот дворец, каде што англискиот крал Ричард се оженил со Беренгарија, каде и крунисана за кралица на Англија, пазарот и пристаништето со луксузни јахти... Слободно време. Враќање во Ларнака. Ноќевање.
05 март НИКОЗИЈА
Појадок. Факултативна посета на Никозија. Главниот град на Кипар кој лежи на реката Педиео. Разглед: се посетува Северниот дел на градот, кој се наоѓа во Р.Турција, некогашната црква Аја Софија која е претворена во џамија по име Селими Џамија, посета на делот од градот полн со автентични продавнички, ресторани, пазари, Бујук Хан – затворениот пазар, изграден во 1572 год кој е се уште одлично сочуван и е главна туристичка атракција. Прошетка по Ледра, денес името на напопуларната трговска улица во Никозија. Прошетка и слободно време за ручек и индивидални активности. Враќање во Ларнака. Ноќевање.
06 март ЛАРНАКА – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел и трансфер до аеродром, полетување во 06:10 часот. Слетување во Солун во 08:25 часот. Можност за посета на Космос шопинг центар. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА за уплати до 15.01: 359€ (22.260,00 мкд)
Цена на аранжманот: 399€ (24.740,00 мкд)
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО
Трансфер до Солунскиот аеродром
Авионски билет Солун – Ларнака – Солун со авикомпанија Wizz Air;
Аеродромски такси
Организиран разглед на Ларнака
Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm
Трансфери аеродром – хотел – аеродром
Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевање со појадок
Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Доплата за чекиран багаж до 10кг - 5.100 денари
Туристичка такса 560 денари - се плаќа во агенција
Факултативна посета на Никозија – 40 евра
Факултативна посета на градот Лимасол - 40 евра
Доплата за еднокреветна соба 3.400 денари
Патничко осигурување
НАПОМЕНИ:
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување