Внесете клучни зборови:
Ако Париз ја има ајфеловата кула, а Њујорк статуата на слободата не сомнено малата сирена преставува симболот на Копенхаген и цела Данска. Оваа скулптура е поставена на шеталиштето во Копенхаген на 23 август 1913. Скулптурата е изработена од бронза и гранит и е инспирирана од бајката на Андерсен за сирената која поради љубов се откажала од животот во морето за да може да биде со младиот убав принц на копното.
АВИОН/ 4 дена/ 3 ноќевања
17 март СКОПЈЕ - КОПЕНХАГЕН
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.00 часот. Полетување во 06.10, авионот слетува во Копенхаген во 09.05часот. Организиран трансфер од аеродром и разглед на градот: Разглед на средновековната Данска престолнина Копенхаген: Палатата Амалиенборг, резиденција на Данските Кралеви, Градското собрание, Парламентот на Данска во Палатата Кристијансборг, Операта, Кралската библиотека, Дворецот Розенборг, симболот на градот “Малата сирена”, создадена според истоимената бајка од Ханс Кристијан Андерсен... Сместување во хотел. Во попладневните часови прошетка по најстарата пешачка зона во светот Строгет, со препознатлив „скандинавски дух“ и едноставни фасади со живи бои, канали и готски цркви. Во вечерните часови, препорачуваме возење со брод по каналите на Копенхаген. Ноќевање.
18 март КОПЕНХАГЕН - ДВОРЦИТЕ НА СЕВЕРЕН ЗЕЛАНД
Појадок. Препорачуваме факултативен излет до Дворците на Северениот дел на островот Зеланд. Посета на Дворецот Фредериксборг во Хилерод, најубавиот Дворец во Данска, сместен на три острови во средината на езерото. Во богато украсената внатрешност на Дворецот, е поставен данскиот историски музеј, а барокната градина во околината, е една од најубавите градини во Данска. Панорамската турнеја продолжува по данската ривиера до Елсинор, каде се наоѓа Кралскиот Дворец познат по делото Хамлет на големиот писател Вилијам Шекспир. Враќање во Копенхаген во попладневните часови, возејќи се по “Златниот брег”. Во вечерните часови препорачуваме посета на пивницата Carlsberg и можност за дегустација на познатото данско пиво. Ноќевање.
19 март КОПЕНХАГЕН - МАЛМЕ
Појадок. Препорачуваме полудневна факултативен излет Малме, преку Ересундскиот мост, еден од најдолгите мостови во светот. Прошетка низ градот познат како “Споредниот актер” во раскошот на Северна Европа: Плоштадите Сторторгет и Лила, Црквата Свети Петар, Дворецот Малмехус, Операта, Градската куќа. Од модерните атракции се истакнува облакодерот Трнинг Торзо, со своите 190 метри висина, втора по височина станбена зграда во Европа и највисока зграда во Шведска, од каде се прикажува величенствен поглед на градот, а, во далечината се гледа и Копенхаген. Враќање во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
20 март КОПЕНХАГЕН - СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Организиран трансфер до аеродромот. Авионот за Скопје полетува во 09.40часот. Пристигнување во Скопје во 12.25часот.
Рана уплата до 15.01: 479 евра (29.700 мкд)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 539 евра (33.420 мкд)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација Скопје-Копенхаген-Скопје
- Аеродромски такси
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
- Организиран трансфер Аеродром-Хотел-Аеродром
- Сместување во Хотел 3* во Копенхаген на база 3 ноќевања со појадок
- Организиран разглед и прошетки во Копенхаген според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Чекиран куфер до 10кг - 3.200 мкд
- Целодневен факултативен излет, Дворците на Северен Зеланд - 65 евра ( јавен превоз, водич, влезница за 1 замок)
- Полудневен факултативен излет, Малме – 75 евра ( јавен превоз, мостарина, водич)
- Туристичка такса 750 мкд
- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
- Патничко – здравствено осигурување
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување