Пребарување

Внесете клучни зборови:

2023/24

Краков – Божиќен маркет

Краков – Божиќен маркет

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Краков е еден од најстарите градови во Полска, со над илјадагодишна историја, со големо културно и архитектонско значење. Втор град по големина и трет град по население. За Македонија овој град е од големо значење од причина што првата катедра по македонски јазик надвор од тогашна Југославија била отворена токму тука во Јагелонскиот универзитет во Краков.

1 ДЕН:  четвтрок (07.12.2023) СКОПЈЕ – КРАКОВ

Состанок на групата на Дрводекор во 11.30. Тргнување за Краков во 12.00 ч. Патување преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН:  петок (08.12.2023) КРАКОВ

Пристигнување во Краков во претпладневните часови Панорамски разглед на градот. Разглед на стариот дел на градот, срцето на Краков (без влезници во цркви и музеи), Посета на Готскиот Дворецот Wawel, изграден по наредба на Казимир III Велики, кој владеел 1333-1370, кој се состои од голем број на објекти распоредени околу централниот двор, Катедралата Св. Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Разглед на Главниот плоштад, еден од најголемите средновековни плоштади во Европа и еден од најубавиот урбанистички дел воопшто, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанска улица… Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН:  сабота (09.12.2023) КРАКОВ – АУШВИЦ И БИРКЕНАУ

Појадок. По појадокот предвидена е факултативна посета на Auschwitz и Birkenau, еден од најзначајните симболи на светската историја, кој претставува и најголем најозогласен логор на нацистичка Германија (денешен спомен-музеј под заштита на UNESCO). Враќање во Краков. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

4 ДЕН:  недела (10.12.2023)   КРАКОВ – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета на рудникот за сол Величка (Wieliczka – најстар рудник во Европа) импресионивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа и кралската капела од сок како и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, за туристите е програмата на 3-то ниво или 13 метри под нивото на земјата. Заминување за Македонија во пладневните часови. Ноќно возење преку Словачка, Унгарија и Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ДЕН:  понеделник (11.12.2023) СКОПЈЕ

Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.

Промо цена на аранжманот 169 евра по лице со задолжителен пакет на факултативи 65 евра. Редовна цена 189 евра по лице

Во цената е вклучено:

Во цената не е вклучено:

НАПОМЕНА: