Пребарување

Внесете клучни зборови:

# ДОМА СИ Е ДОМА

КРУШЕВО, МАКЕДОНИЈА

Крушево е место кое по својата положба како највисок град на Балканот (1250м.н.в),специфична физиономија(т.н орловско гнездо) и богато културно-историско значење, претставува интересна и атрактивна дестинација.

Овој спокоен град е како создаден за рекреативците и спортистите. Со својата умерено-континентална клима со планински карактеристики, свежиот чист воздух, како и прекрасните предели од букова и борова шума, им овозможуваат на љубителите на природни убавини, а посебно на планинарите, скијачите, параглајдеристите максимално да ги искористат убавините на недопрената природа во текот на целата година.

Поради сите овие специфични обележја како и единствената архитектура, богатата традиција и обичаи и познатата гостопримливост, очекуваме да го посетите Крушево и да уживате во неговите убавини.

Вила Ла Кола се наоѓа во центарот на Крушево во близина на црквата Св. Јован, позната по иконостасот во длабокорез.

Располага со:

 

Цените се дадени по соба по ноќ.

Тип на соба Цена
Двокреветна соба 1 000 ден.
Апартман за двајца 1 300 ден.
Апартман за семејство (2 возрасни + 2 деца до 12год. ) 1 500 ден.
Апартман за тројца возрасни 1 500 ден.
Апартман за четворица 2 000 ден.
Еднокреветна соба 800 ден.

 

Вила Папу се наоѓа во Крушево, во Струнга маало до галеријата Мартиновски, на 200м од основното училиште Никола Карев.
Сите апартмани се опремени со комплетна кујна, кабловска TV и DVD опрема, бања, тераса, спална соба, интернет. Има голем и широк простор за паркирање пред самата вила како и преубав голем двор.
Доколку Ви е потребно мир, рекреација, чист воздух, Крушево е вистинскиот избор, а Вила Папу ќе ги задоволи сите ваши очекувања за удобен престој.

 

Студио еднокреветно Цена по соба за ноќ
2+0 900 ден.
2+1 (ДЕТЕ ДО 6 ГОДИНИ) 900 ден.
2+1 (ДЕТЕ 6-12 ГОДИНИ) 1 150 ден.
Апартман трокреветен Цена по соба за ноќ
2+0 1 000 ден.
2+1 (ДЕТЕ 0-12 ГОДИНИ) 1 300 ден.
Апартман четворокреветен Цена по соба за ноќ
2+2 (ДВЕ ДЕЦА 0-12 ГОДИНИ) 1 500 ден.
Апартман со две одвоени спални Цена по соба за ноќ
2+0 / 2+0 - 4 ЛИЦА (ПО 2 ВО СПАЛНА) 1 600 ден.
2+1/ 2+1 - 6 ЛИЦА (ПО 2+1 ВО СПАЛНА) 1 800 ден.