Внесете клучни зборови:
Едно од најубавите обележувања на најголемиот христијански празник Велигден на медитеранот е на островот Крф. Посетители од цела Грција, но и светот доаѓаат токму тука за да ја доживеат уникатната прослава на овој остров. Главните случувања се одвиваат во градот Крф на Велика сабота, кога се изнесуваат моштите на Светецот Спиридон и свеченото фрлање на ќупови од зградите на плоштадот Спианада. Ова е една од најтрогателните прослави на Велигден во светот, каде точно на полноќ со огромен огномет се означува Христовото Воскреснување.
Бидете дел од оваа несекојдневна прослава на островот Крф.
ПРОМО ЦЕНА 109 евра do 15.03, редовна цена 139 евра.
Собиралишта Велес, Неготино, Гевгелија, Градско, Црна Река, Дреново, Прилеп, Битола
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
НАПОМЕНИ:
Апартманско сместување:
ПРОГРАМА:
13.04.2022 (четврток)
ПРВ ДЕН: Состанок на групата на Дрводекор околу 22:00 часот. Ноќно возење преку граничниот премин Богородица, кај Гевгелија или Меџитлија - Битола, со попатни паузи на секои 3-4 часа.
14.04.2022 (петок)
ВТОР ДЕН: Пристигнување на пристаништето во Игуменица од каде патот го продолжуваме со траект до островот Крф. Предвидено пристигнување на пристаништето на Крф во попладневните часови. Следувa возење до местата Ипсос и Дасиа, каде групата ќе биде сместена во сместувачките капацитети. Следува одмор и можност за запознавање со околината.
Некаде околу 16 часот започнува официјалниот дел од програмата, каде групата се упатува кон градот Крф. Попатно ќе имате прилика да слушнете се за островот, градот, традициите, историјата, а потоа и панорамски разглед на стариот дел од градот, новата тврдина, старата тврдина, пристаништето. Следува кратка прошетка низ стариот дел од градот, покрај црквата на најзначајниот светец на островот, Свети Спиридон каде се наоѓаат и неговите мошти. Во меѓувреме, ќе уживаме во присуството на хоровите, кои го одбележуваат Велики Петок, заедно со звуците на филхармониските ги свират “Adagio” од Албиниони, “Посмртниот марш” од Шопен. Со овие тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класична музика се одбележува токму Христовото страдање. Мали девојчиња ги украсуваат епитафите со цвеќиња, а во церемонијата учествуваат и училиштата и момчињата од извидничките одреди. Последниот Епитаф, кој е и најимпресивниот се појавува во 22:00 часот.
По завршувањето на првиот дел од програмата, следува враќање во сместувачките капацитети, ноќевање.
15.04.2022 (сабота)
ТРЕТ ДЕН: Ипсос е место кое во текот на летниот период изобилува со туристи. За време на Велигденските празници, местото изгледа сосема поинаку, мирно и идеално за убав сон, кое ќе ви овозможи да се разбудите свежи и одморени за започнувањето на следење на вториот дел од свечената традиција. Првата поворка, првото Воскресение започнува веќе во 09 часот наутро, каде под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови. Точно во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат „утринското воскресение“ и од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика.
Веќе во 14:00 часот се враќаме во Ипсос и Дасиа, каде има слободно време за одмор и индивидуални активности, се до 21:30 часот, кога повторно се тргнува кон градот за проследување на последниот дел од традиционалната прослава, односно Христовото воскресение.
На полноќ, илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христовото Воскресение со спектакуларен огномет, кој привлекува илјадници туристи, но и жители од целиот остров.
16.04.2022 (недела)
ЧЕТВРТ ДЕН: Некаде околу 11 часот групата ќе има можност факултативно да го посети местото кое е најголемата атракција на осторовот, местото Палеокастрица. Оваа посета не би била комплетна доколку попатно не се застане во фабриката „Мавроматис“, за производство на традиционални слатки и ликери од локалното овошје Кум Куат. Ова овошје е многу ретко, по потекло е од Кина и поради специфичните услови кои му се потребни за да расте, успеал само на островот Крф и одредена територија во Шпанија. Тука ќе се запознаеме со целиот начин на производство преку еден краток филм, а потоа сите гости ќе се упатат на шанкот за дегустација каде ќе имаат прилика да ги пробаат ликерите кои се произведуваат од овошјето и исто така да си купат дел од истите.
Потоа се упатуваме кон Палеокастрица, местото кое се смета за вистински рај на земјата. Неговите плажи со години го добиваат епитетот „најубави“ во Европа, поради неверојатно тиркизната боја на морето, која се должи на тоа што пределот е доста карпест, а тоа носи и доста поладна вода за разлика од другите плажи на островот. Ќе имате прилика да уживате токму во тие убавини. На благ видиковец над Палеокастрица се наоѓа и манастирот од 13-век, Света Богодорица, од кој се пружа прекрасен поглед на заливите и самото место, како и аквариум со терариум каде ќе можете да се запознаете со животинскиот свет на островот, но и светот.
Некаде по попладневните часови се враќаме во сместувачките капацитети, каде има можност за свечен велигденски ручек во некоја од таверните. По завршувањето на ручекот, време за одмор. Ноќевање.
17.04.2022 (понеделник)
ПЕТТИ ДЕН: Во договорено време, во утринските часови, одјавување од апартманите, а групата се упатува кон местото Ахилеон и Канони (факултативно). Канони е местото со најубавиот видиковец и поглед кон островот на Глувците, црквата Влахерна, а од десната страна има поглед кон еден од најмалите комерцијални аеродроми во Европа. Во текот на летниот период е главна туристичка атракција бидејќи туристите имаат прилика да ги гледаат пристигнувањата на авионите, буквално над нивните глави. Тука ќе се задржиме околу еден час, а потоа се упатуваме кон палатата Ахилеон на австриската кралица Елизабета, позната и како Сиси. Палатата била користена како нејзина летна резиденција, а по тоа служело и како една од најубавите коцкарници во Европа, а поради прекрасниот двор и градина е место каде се снимени многу филмови. Во денешно време е музеј со најголемата скулптура на Ахил во повредена положба, скулптури, фрески и други уметнички дела кои ќе ни ја откријат митологијата и историјата на островот.
По завршувањето на разгледот, се упатуваме кон пристаништето каде ќе се качиме на траект кон Игуменица. Потоа следува враќање во Македонија, со попатни паузи. Пристигнувањето е планирано во утринските часови.
УПАТСТВА И НАПОМЕНИ: