Внесете клучни зборови:
Карибски остров со шеќерно бели плажи, прошаран со полиња на кои се одгледува тутун, кој игра значителна улога во процесот на производство на легендарните кубански пури. Главен град е Хавана, кој го красат куќи со пастелни фасади, автомобили од 1950–тите и шпански колонијален стил кој датира од 16 -ти век. Во клубовите може да слушнете прекрасна салса музика, а во звуците на прекрасното кабаре шоу ќе уживате во познатиот клуб Тропикана. Куба често е нарекувана уште и El Caiman или El Crocodrilo (на шпански крокодил), поради нејзиниот облик кој потсетува на овој влекач. Откриена од Кристофер Колумбо во 1492 г. и колонизирана од Шпанија, Куба е најпопуларниот остров во средна Америка која е живеалиште на 11 милиони жители. Името Куба е преведено од Таино јазикот кој значи „плодна земја во изобилство “ (Cubao) или „прекрасно место“(cobana). Америка ја превзема контролата на властта во Куба во 1898 г. за време на Шпанско – Американската војна. Во 1902 Куба станува независна земја, а за време на Кубанската Револуција од 1953 до 1959 г., Фидел Кастро го заменува Фулегенсио Батиста. Кастро ја прогласува Куба за социјалистичка држава во 1961 година, со тоа што станува претседател на Куба, се до 2008 г. кога ја префрлува контролата на власта на неговиот брат Раул. Варадеро пак е најексклузивното, а воедно и најпознато летувалиште на Куба во кое се уште владеат браќата Кастро, а се наоѓа на околу 150 километри источно од главниот град Хавана. Денес тој претставува еден од најзначајните туристички центри на Карибите.
ПРОГРАМА
1 ДЕН 10.04.2023 | СОФИЈА – МАДРИД
Пријавување на аердромот во Софија 3 часа пред предвидениот лет кон Мадрид во 13:10 часот, со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Мадрид во 16:05 часот. По завршување на пасошка и царинска контрола, со организиран трансфер се упатувате кон хотелот во Мадрид. Сместување во хотел (пр. хотел Illunion Atrium Hotel 4*). Ноќевање.
2 ДЕН 11.04.2023 | МАДРИД-ХАВАНА
Појадок и одјавување од хотелот во Мадрид. Со организиран трансфер се упатувате кон аеродромот во Мадрид, за директниот лет кон Хавана во 14:55 часот. Слетување на аеродромот во Хавана во 18:30 часот локално време. По завршување на пасошка и царинска контрола, со организиран трансфер се упатувате кон хотелот во Хавана. Сместување во хотел на услуга 2 ноќевања со појадок (пр. хотел Grand Aston La Habana). Слободно време за одмор и релаксација. Ноќевање.
3 ДЕН 12.04.2023 | ХАВАНА
Појадок во хотел. Слободно денови за уживање во историската и мистична Хавана. Ноќевање.
4 ДЕН 13.04.2023 | ХАВАНА-ВАРАДЕРО
Појадок и одјавување од хотелот. Со организиран трансфер се упатувате кон Вараредо (150км). Пристигнување во Варадеро и сместување во хотел на услуга 6 ноќевања на All Inclusive. (пр. хотел Sol Palmeras Varadero) Слободно време за одмор и релаксација. Ноќевање.
5-9 ДЕН 14.04-18.04.2023 | ВАРАДЕРО
Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности или предлог факултативни посети од страна на хотелскиот тим. Ноќевање.
10 ДЕН 19.04 | ВАРАДЕРО-ХАВАНА-МАДРИД
Појадок во хотел и одјавување од хотелот. Слободен ден за индивидуални активности пред организираниот транфер до аеродромот во Хавана, за летот кон Мадрид во 20:50 часот.
11 ДЕН 20.04.2022 | МАДРИД
Пристигнување на аеродромот во Мадрид во 11:50 часот локално време. По завршување на пасошка и царинска контрола, со организиран трансер се упатувате кон хотелот во Мадрид. Сместување во хотел (пр. хотел Illunion Atrium Hotel 4*). Ноќевање.
12. ДЕН 21.04.2022 | МАДРИД-СОФИЈА
Појадок и одјавување од хотелот во Мадрид. Во однапред договорено време, со организиран трансфер се упатуваме до аеродромот во Мадрид, за летот кон Софија во 16:50 часот со Wizz Air. Слетување во Софија во 21:20 часот.
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА: 2.190 €
ПРОМО ЦЕНА ЗА ПРВИТЕ 8 ПРИЈАВЕНИ ЛИЦА
РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА: 2.340€
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:;
ОПШТИ НАПОМЕНИ