Пребарување

Внесете клучни зборови:

ПРОМОТИВНИ ПОНУДИ

КУБА – ХАВАНА И ВАРАДЕРО 09.02.2023-21.02.2023

КУБА – ХАВАНА И ВАРАДЕРО
09.02.2023-21.02.2023

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

КУБА – ХАВАНА И ВАРАДЕРО

09.02.2023-21.02.2023

 

LoveCuba Logo
Карибски остров со шеќерно бели плажи, прошаран со полиња на кои се одгледува тутун, кој игра значителна улога во процесот на производство на легендарните кубански пури. Главен град е Хавана, кој го красат куќи со пастелни фасади, автомобили од 1950–тите и шпански колонијален стил кој датира од 16 -ти век. Во клубовите може да слушнете прекрасна салса музика, а во звуците на прекрасното кабаре шоу ќе уживате во познатиот клуб Тропикана. Куба често е нарекувана уште и El Caiman или El Crocodrilo (на шпански крокодил), поради нејзиниот облик кој потсетува на овој влекач. Откриена од Кристофер Колумбо во 1492 г. и колонизирана од Шпанија, Куба е најпопуларниот остров во средна Америка која е живеалиште на 11 милиони жители. Името Куба е преведено од Таино јазикот кој значи „плодна земја во изобилство “ (Cubao) или „прекрасно место“(cobana). Америка ја превзема контролата на властта во Куба во 1898 г. за време на Шпанско – Американската војна. Во 1902 Куба станува независна земја, а за време на Кубанската Револуција од 1953 до 1959 г., Фидел Кастро го заменува Фулегенсио Батиста. Кастро ја прогласува Куба за социјалистичка држава во 1961 година, со тоа што станува претседател на Куба, се до 2008 г. кога ја префрлува контролата на власта на неговиот брат Раул. Варадеро пак е најексклузивното, а воедно и најпознато летувалиште на Куба во кое се уште владеат браќата Кастро, а се наоѓа на околу 150 километри источно од главниот град Хавана. Денес тој претставува еден од најзначајните туристички центри на Карибите.

 

ПРОГРАМА

1 ДЕН 09.02.2023 | СОФИЈА – МАДРИД

Пријавување на аердромот во Софија 3 часа пред предвидениот лет кон Мадрид во 14:45 часот, со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Мадрид. По завршување на пасошка и царинска контрола, со организиран трансфер се упатувате кон хотелот во Мадрид. Сместување во хотел (пр. хотел Illunion Atrium Hotel Barcelona 4*). Ноќевање.

 

2 ДЕН 10.02.2023 | МАДРИД-ХАВАНА

Појадок и одјавување од хотелот во Барселона. Со организиран трансфер се упатувате кон аеродромот во Мадрид, за директниот лет кон Хавана во 14:30 часот. Слетување на аеродромот во Хавана во 18:40 часот локално време. По завршување на пасошка и царинска контрола, со организиран трансфер се упатувате кон хотелот во Хавана. Сместување во хотел на услуга 3 ноќевања со појадок (пр. хотел Grand Aston La Habana). Слободно време за одмор и релаксација. Ноќевање.

 

3-4 ДЕН 11.02-12.02.2023 | ХАВАНА

Појадок во хотел. Слободно денови за уживање во историската и мистична Хавана. Ноќевање.

 

5 ДЕН 13.02.2023 | ХАВАНА-ВАРАДЕРО

Појадок и одјавување од хотелот. Со организиран трансфер се упатувате кон Вараредо (150км). Пристигнување во Варадеро и сместување во хотел на услуга 6 ноќевања на All Inclusive. (пр. хотел Sol Palmsras Varadero) Слободно време за одмор и релаксација. Ноќевање.

 

6-10 ДЕН 14.02-18.02.2023 | ВАРАДЕРО

Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности или предлог факултативни посети од страна на хотелскиот тим. Ноќевање.

 

11 ДЕН 19.02 | ВАРАДЕРО-ХАВАНА-МАДРИД

Појадок во хотел и одјавување од хотелот. Слободен ден за индивидуални активности пред организираниот транфер до аеродромот во Хавана, за летот кон Мадрид во 21:00 часот.  

 

12 ДЕН 20.02.2022 | МАДРИД

Пристигнување на аеродромот во Мадрид во 11:30 часот локално време. По завршување на пасошка и царинска контрола, со организиран трансер се упатувате кон хотелот во Мадрид. Сместување во хотел (пр. хотел Illunion Atrium Hotel Barcelona 4*). Ноќевање.

 

13. ДЕН 21.02.2022 | МАДРИД-СОФИЈА

Појадок и одјавување од хотелот во Мадрид. Слободно време од организираниот трансфер до аеродромот во Мадрид, за летот кон Софија во 18:20 часот. Слетување во Софија во 23:00 часот.

 

 

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА: 2.020 €

*Цената е валидна за првите 8 пријавени лица

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:;

 

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ

 

 

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КУБА

 

Општи податоци

Лоцирана во централна Америка, Куба е островска држава чиј главен град е Хавана со околу 2 милиони жители. На јужниот дел на островот се наоѓа Карипското море, а на север излегува на Мексиканскиот залив и Атланскиот океан.

 

Виза

За државјани на Македонија, не се потрбени визи при патување на Куба.

 

Временска зона

Куба се наоѓа во временска зона UTC – 5

 

Клима

На Куба владее тропска клима со просечна температура од 25 степени целзјусови.

 

Храна

Храната во Куба пред се изобилува со морски специјалитети од риба и морски плодови, но овде можете да ги вкусите и сите видови на месо. Во прилог со секое јадење се сервира ориз и црн грав. Национално јадење е Ropa Vieja – говедско месо со зеленчук. На Куба се одгледуваат најразлични видови овошје и зеленчук кои не се одгледуваат во Европа (гвајаба, ананас, маланга, јука..). Овде препорачуваме конзумирање на храна од ресторани, а овојше и зеленчук од локалните пазари, каде цените се прилично исти како во Европа. Конзумирајте исклучиво флаширана вода!

 

Здраствена состојба

При патување на Куба не е потребна имунизација. Пожелно е да понесете пробиотици, лекови за симнување на температура, за стомачни тегоби, како и Аутан против комарци и креми против изгореници од сонце. Овие средства препорачуваме да ги понесете од Македонија, бидејќи во Хавана не постојат големи супермаркте каде истите можете да ги купите.

 

Осигурување

За влез на Куба неопходно е да имате здраствно патничко осигурување кое може да го купите во било која осигурителна компанија или во нашата агенција.

 

Безбедност

Што се однесува до безбедноста, стапката на криминал на Куба е многу ниска, што значи дека државата е прилично безбедна за патување, но секако советуваме внимателно чување на своите работи, при прошетки во големите градови или туристички места, како превенција од ситни кражби. Прошетките без придружба дури и во вечерните часови се слободни и безбедни.

 

 

 

 

Облека

Со оглед на високите температури, советуваме со Вас да понесете летна гардероба, удобни обувки доколку присуствувате на факултативни излети со повеќе пешачење, како и капи или шешири како заштита од сонце.

 

Парични средства

Куба е земја која има две валути - CUC то ест конвертибилен пезос или CUP - монета национал. Вам на патувањето ќе ви биде потребен само CUC и тоа е валута која ја добивате кога менувате пари во менувачница. Курсот изнесува 1eur = 1,1 CUC. Пари можете да менувате и во CUP но таа валута можете да ја користите само на пазарите и во некои помали продавници а односот е 1CUC = 23CUP. Парите се менуваат во менувачници кои се државни така што курсот е секаде идентичен. На патувањето понесете евра со оглед  дека доларите се на висока провизија. Се советува носење готовина затоа што плаќање со платежни картички не е застапено, а банкоматите не се секогаш во функција и нема на многу места.

 

Комуникација

Нашите мобилни оператори функционираат на Куба, а што се однесува до интернетот истиот во безжична верзија го има само на јавни места (паркови, лоби во големи хотели..), но има можност да купите интернет картички кои чинат околу 2 евра за 1 час интернет конекција. Поради таа причина не е препорачливо носење на лап топ компјутери со Вас со оглед на фактот што интернет конекциите не се баш добри. Купување на кубанска сим картичка не е возможно.

 

Електрична енергија

За полнење на Вашите мобилни уреди потребно е да имате адаптер со 2 тенки влеза (како во САД).

newwaysoftravel Превземи целосна понуда   

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: