Пребарување

Внесете клучни зборови:

Лето 2022

ЛЕТО НА КЕФАЛОНИЈА 2022 од 119еур

ЛЕТО НА КЕФАЛОНИЈА 2022
од 119еур

photo

 

Кефалонија е најголем остров во Јонското море, сместено јужно од Лефкада и Итака и северно од Закинтос. Кефалонија е грчки остров, кој ќе Ве маѓепса на прв поглед. Обалата му е преполна со заливи. Плажите претежно се каменести и песочни. Тоа што со сигурност е загарантирано е кристално чистото море! Кефалонија е остров со чудесни пејсажи, преубави плажи, симпатични места, љубезни домаќини, остров на мирот и спокојот, кое ќе Ве натера повторно да го посетите.

Порос е едно од најубавите и најатрактивните места на Кефалонија. Сместен е во подножјето на планините Атрос и Пахни и окружен е со бујна вегетација. Не е класично туристичко летувалиште, повеќе е активно гратче и пристаниште во кое доаѓаат туристи највеќе од Западна Европа. Од главниот град Аргостоли е одалечен 41км, а до Скала 12 км. Порос ги има скори сите содржини, од убави плажи, романтични шеталишта, до најубавите таверни и ресторани на Кефалонија, односно продавници, бутици и сувенирници. Порос е сместен во југоисточниот дел на островот Кефалинија, е тоа е трето пристаниште на островот од кое тргнуваат траектите за Пелопонез.

1.ДЕН / СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА:

Состанок на групата на договорена локација во Скопје, тргнување во попладневните часови. Следува возење преку Македонија и Грција со кратки паузи поради одмор, како и за регулирање на граничните формалности. 

2 – 10.ДЕН / КЕФАЛОНИЈА:

Во утринските часови пристигнување на пристаништето Килини. Следува трансфер со траект до Кефалонија. Пристигнување на преубавата Кефалонија во претпладневните часови и следува краток трансфер до сместувањата. На најголемиот остров на Јонското море ќе поминеме во наредните 10 дена. На островот не очекуваат сјајни факултативни излети. Преку ден ќе уживаме на најубавите плажи, ќе го посетиме чудесното езеро Мелисани, а навечер ќе уживаме во прекрасната марина во Порос. На Кефалонија очекувајте го неочекуваното…

11.ДЕН / KЕФАЛОНИЈА – ГРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА:

Во утринските часови следува напуштање на сместувањата и следува пакување на куферите во автобус. Слободно време. Трансфер до пристаништето каде следува возење со траект, од каде продолжуваме со патувањето преку Грција со попатни паузи за одмор и регулирање на граничните формалности…

12.ДЕН / МАКЕДОНИЈА – СКОПЈЕ:

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Прераскажување на спомените од најдобриот одмор.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

 Сместување на база 9 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Кефалонија/Порос

 Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје

Организација на аранжманот и пратител на групатa

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

– Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 0.7 евра по ден (покритие до 30.000 евра без франшиза) – се плаќа во агенција

– Билет за брод на релација Келини – Порос – Келини кој чини 25 евра

– Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2*  – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) – се плаќа во агенција.

– PCR тест/рапид тест

– Факултативни излети

Индивидуални трошоци.

Ковид политика:

– Т.А., гарантира поврат на уплатени средства во случај:

– Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест)

– Затварање на граници

Напомена:

–  За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.

 

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

Журка на брод

Крстарење на отворено море со препознатливите звуци на BALKAN FUN DJ-еите на еден од најлуксузните бродови кој е подготвен да исплови со патниците. Во текот на уживањето во пловењетопо Јонското море, сите заедно застануваме да се разладиме во кристално чистото море и да правиме разноразни креативни скокови во вода каде што нашите фотографи ќе направат слики за паметење. Ова е дефинитивно еден од најубавите факултативни излети кој не смеете да го пропуштите!

Етно тура Кефалонија

Со оглед на тоа што островот Кефалонија е единствен остров со национален парк од сите острови на јонското море, поради тоа е единствен остров кој може да ви пружи многу повеќе од само прошетка по разни плажи. На етно турата ке разгледаме невидени атракции кои морате да ги посетите додека сте на летување на Кефалонија. ДРОГАТИ ПЕШТЕРАТА е еден од најпознатите локалитети на Кефалонија. Овој природен феномен е стар преку 150 милиони години, а најпознат дел од пештерата е.

 

Крстарење до Закинтос

Крстарењето до Закинтос е излет кој ќе го направи вашето летување не заборавно. Можноста да се посети уште еден остров на ова патување е извонредна прилика која е и наша топла препорака. Во текот на ова полудневно крстарење ќе имате прилика да се избањате на најголемата и најубавата плажаNAVAJO и направите феноменални фотографгии од ова крстарење. Исто така ги посетуваме Blue Caves како и местото SV. NIKOLA, сето тоа со интересна приказна која ќе ја слушнете од локалниот водич за знаменитостите на Закинтос.

Чудесните плажи на Kефалонија

Кефалонија е сигурно остров со единствени плажи на целиот јонски архипелаг, а ние за вас ги одбравме најубавите да ги посетиме. SKALA / AMMOS BEACH BAR – е песочна плажа која е наградена со плаво знаменце за кристално чиста вода. Во Amos Beach Bar кој е дефинитивно најубав и најинтересен Beach Bar на целиот остров,овде ќе правиме дневни забави и игри без граници со најдобри коктели. ANTISAMOS – е скриена оаза на северо источниот дел на островот во близина на градот Самија. Опкружена со зимзелена шума, плажа со ситни каменчиња и проѕирната вода дава впечаток како да се бањате во природен аквариум, полн со шарени рибчиња, ова искуство неможете да го добиете на ниту еден друг остров. MIRTOS – дефинитивно кралица на овој остров, каде се снимени многу филмови и исто така се снимени сцени на филмот Мандолината на Каметанот Корелија со Николас Кејџ. Оваа плажа ја ставаат во топ 10 плажи во светот. Белите каменчиња и тиркизната вода ја покажуваат нејзината величенственост. Оваа плажа е со закон заштитена и во целост не комерцијализирана поради сочувување на нејзината убавина која допринесува посебен шмек на островот Кефалонија. KSI Плажа - е навистина посебна плажа која е крунисана со плавото знаменце која означува посебен квалитет и чистина на водата, која е не секојдневна во грчкото море. Она што оваа плажа ја прави посебна е невообичаената црвено- портокаловата боја на песокот која во комбинација со сината вода прави да се чувствувате феноменално и да уживате. *Плажите Миртос и Кси се посетуваат во еден ден. Предвидено е задржување на плажата Миртос од само еден час.

 

Scala By Night

Разглед на најгостопримливото место во близина на Порос кое е гнездо на најроматични ресторани со најголем избор на грчка традиционална кујна и медитерански специјалитети. Го издвојуваме од лепезата на ресторани уникатното место Il Destino кој нуди избор и на италијански јадења.

Argostoli By Night

Возбудливиот и магичениот ноќен живот во Аргостоли е подготвен за сите нас. На самата обала во Аргостоли, постои преубава променада украсена со раскошни палми, а во ноќните саати ова е омилено место за прошетка и провод. Ќе ја прошетаме исто така и најпознатата пешачка зона за шопинг Литострато и ќе уживаме во најубавиот залез на сонцето од камениот мост Драпано и исто така на главниот плоштад Валианос ќе ги дегустираме едени од најубавите сладоледи во слаткарницата Премиер.

newwaysoftravel Превземи целосна понуда    newwaysoftravel Превземи целосна понуда

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: