Пребарување

Внесете клучни зборови:

2023/24

ЛИСАБОН И ПОРТО

ЛИСАБОН И ПОРТО

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 6 дена / 5 ноќевања

07.декември  (четврток) СКОПЈЕ – ФРАНКФУРТ- ЛИСАБОН
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 13:00 часот. Полетување за Лисабон преку Франкфурт во 15:05. Пристигнување во Лисабон во 22:50 ч. Трансфер до хотел и сместување.  Ноќевање.

08.декември (петок) ЛИСАБОН
Појадок. Разглед на Лисабон, град на светлината распослан на брегот на Атлантскиот океан. Неброените сончеви денови и реката Тахо го трансформираат португалскиот главен град во огледало од илјада бои - истакнувајќи ја уникатната архитектура и убавина на градот.
Денеска ќе го посетиме Белем – делот од градот кој е силно поврзан со португалското Златно доба на откритијата и место од каде што познатите морепловци пред неколку векови испловиле за да го откријат новиот светот. Меѓу атракциите на Белем се манастирот Св.Јероним од 16 век и кулата Белем кои се дел од листата на светското клутурно богатство на УНЕСКО , како и  Монументот на големите откритија. 
Потоа продолжуваме кон Алфама, најстариот кварт  во Лисабон, која се простира на падините помеѓу замокот С. Ѓорѓи (влезницата не е вклучена) и реката Тахо. Ќе направиме кратка прошетка низ малите кривулести улици на квартот Алфама, популарен  по динамичниот живот и космополитската атмосфера.  и  содржи многу важни историски атракции, како и изобилство од ресторани и Фадо барови.Слободно време во центарот на градот за ручек и прошетки по авенијата Либердад  која ги поврзува плоштадите  Рестаурадорес и Росио (инпсирирана од Елисејските полиња во Париз),  позната по дроворедите и лукзуните продавници , но, и киосците специјализирани за традициоална храна. Ноќевање.

09.декември (сабота) СИНТРА-КАБО ДА РОКА-КАШКАИШ-ЕСТОРИЛ (Sintra - Cabo da Roca - Cascais – Estroril)
Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални прошетки или заминување на целодневен факултативен излет во националниот парк Синтра-Каскаис. Посета на Националната палата  сместена во центарот на Синтра, препознатлива по двата конусни оџаци што ја крунисуваат кралската кујна, тоа е единствена палата што ја опфаќа целата историја на Португалија, збир на згради кои биле изградени, додадени и адаптирани во текот на многу векови, меѓи нив Националната палата Пена се издвојува како скапоцен камен во круната на ридовите на Синтра и околниот парк. Слободно време за уживање во ова мало историско место. Потоа ќе продолжуваме до Кабо да Рока - најзападната точка на континентална Европа и ќе поминеме низ Кашкаиш, главна дестинација за одмор на крајбрежјето на Лисабон. Тоа е традиционален и шармантен португалски рибарски град кој се разви во популарен туристички центар, монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и казино.Враќање во Лисабон. Вечер за индивидуани прошетки, препорачуваме посета на Фадо бар и уживање во ритамот на специфичната португалска музика. Ноќевање.

10.декември (недела) ЛИСАБОН-БАТАЉА-АЛКОБАКА-КОИМБРА-ПОРТО (Lisbon - Batalha - Alkobaca - Coimbra – Porto)
Појадок. Заминување кон Порто.  Попатна посета на Батаља каде ќе го посетиме португалското ремек-дело на готската архитектура, класифицирано на листата на светското културно  наследство на УНЕСКО, манастирот Санта Марија да Виторија (14-16 век) – национално обележје на Португалија. Посебно треба да се спомене Капелата на основачите  со прекрасните витражни прозорци, недовршените капели (Мануелин) и Салата на поглавјето.
Следната станица ќе биде во Алкобака. Овде ќе го посетиме манастирот Санта Марија д'Алкобака - основан во 12 век од кралот Алфонсо I. Неговата големина, чистотата на неговиот архитектонски стил, убавината на материјалите и грижата со која е изграден го прават ова ремек дело на цистерцијанската готска уметност.
Продолжуваме до Коимбра, еден од најважните универзитети во Европа. Посета на Универзитетот со неговата извонредна кралска библиотека. Заминување за Порто во договорено време. Сместување во хотел. Ноќевање.

11.декември (понеделник)   ПОРТО
Појадок. Посетата на Порто, крајбрежен град во северозападна Португалија познат по своите импозантни мостови  на реката Доуро и производство на виното “порто“. Во Рибеира средновековниот на бреговите на реката, помеѓу куќите, рестораните и продавниците минуваат тесни улички со калдрма. Разгледот започнува со прекрасната готска црква  С.Франциско која во 17 и 18 век била покриена со најретките висококвалитетни барокни позлатени резби. Продолжуваме кон Палатата на Берзата - Паласио да Болса, зграда во неокласичен стил, чија изградба започнала на 6 октомври 1842 година, раскошната берзанска палата била изградена за да ги импресионира потенцијалните европски инвеститори. Слободно време за ручек. Потоа, ќе посетиме еден од многуте вински подруми во квартот Вила Нова Гаја (со дегустација на вино). Слободо време за вечерни прошетки. Ноќевање.

12.декември (вторник) ПОРТО-ВИЕНА-СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Порто. Полетување за Скопје преку Виена во 12:25 часот. Пристигнување во Скопје околу 24:00 часот.

ЦЕНИ НА АРАНЖМАНОТ (по лице):
679€ (42.098,00 мкд) - Основен пакет со вклучен превоз и сместување
759€ (47.058,00 мкд) - Стандард пакет со вклучен превоз, сместување и 3 разгледи
849€ (52.638,00 мкд) - Супериор пакет со вклучен превоз, сместување и 4 разгледи

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

679 

759 

849 

РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ

BASIC

STANDARD

SUPERIOR

Организиран разглед на Лисабон (вклучена влезница за Манастирот Св.Јероним и водич)

X

Вклучено

Вклучено

Целодневен излет: Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил (вклучени влезници и водич)

X

95 €

Вклучено

Посета на Манастирот Батаља, Манастирот Алкобака, Универзитетот Коимбра (вклучени влезници и водич)

X

Вклучено

Вклучено

Организиран разглед на Порто (вклучени влезници за Св.Франциско, Палатата на берзата, Винарија)

X

Вклучено

Вклучено

Посета на Фадо бар: Фадо шоу + 2 пијалоци (В. Порто, Мускат, вино, безалкохолни пијалоци)

28 €

28 €

28 €

 

Во цената ("стандард") на аранжманот е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Скопје-Франкфурт-Лисабон/Порто-Виена-Скопје со вклучени аеродромски такси
- Багаж: Патна торба до 8 кг (до 115 цм, збир на димензии д+ш+в) и рачна торба до 3 кг.  
- 3 ноќевања со појадок во Лисабон, во Hotel Roma 3* Лисабон или сличен
- 2 ноќевања со појадок во Порто, во Hotel Black Tulip 4* Vila Nova de Gaia 
- Трансфер од аердором до хотел во Лисабон 
- Разглед на Лисабон со локален водич на англиски јазик (вклучена влезница за Св.Јероним) 
- Трансфер од Лисабон до Порто со посета на Батаља-Алкобака-Коимбра (вклучени влезници за Манастирот Батаља, Манастирот Алкобака, Универзитетот Коимбра)  
- Разглед на Порто со локален водич на англиски јазик. (вклучени влезници за Црквата Св.Франциско, Палатата на берзата, Посета на винарија).
- Трансфер од хотел до аеродром во Порто 
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Здравствено - патничко осигурување 
- Туристичка такса: 2€ по лице по ноќевање (вкупно 10€ по лице) , се плаќа во хотелите
- Факултативен излет од Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) 95 евра
- Пријавен багаж, до 23кг – информација во агенција
- Доплата за 1/1 соба > + 190€
- Трето лице во соба: возрасен - 85€ , дете до 12 г. - 95€
- Билети за локален јавен превоз
- Влезници за културно-историските споменици кои не се вклучени во цената
- Други индивидални трошоци кои не се вклучени во цената на аранжманот.

НАПОМЕНА:
- Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба
- За реализација на аранжманнот, потребен е минимум од 20 патници.
- За резервации потребен е аванс од минимум 30% од вкупнот износ на аранжманот.
- Целосна уплата, најдоцна 2 недели пред започнување на аранжманот.
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на аранжманот како и цените на факултативните излети..
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. 
- Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето.
- Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ

 

 Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

 Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!