Пребарување

Внесете клучни зборови:

# ДОМА СИ Е ДОМА

Макпетрол 3*, Маврово

Макпетрол 3*, Маврово

 

 

 

 

 

 

 

Хотел Макпетрол 3* – Маврово

ОПИС:

Хотелот „Макпетрол” – Маврово е сместен во пазувите на планината Бистра, покрај Мавровското Езеро на 1300 метри надморска височина во националниот парк „Маврово”, со извонредни услови за зимски и летен одмор и рекреација. Хотелот е ISO 22000:2005 и HACCP сертифициран. Хотелот располага со 40 двокреветни соби и два апартмана, сопствен паркинг и ски гардероба. Собите се со стелитска ТВ, безжичен интернет, телефон, мини бар, тоалет и тераса со прекрасен поглед кон ски терените.
Хотелот работи врз принцип на полупансион (шведска маса). Има климатизиран ресторан со 300 седишта, аперитив бар, снек-бар и летна тераса со национални и интернационални специјалитети.
Хотелот располага со климатизиран мултимедијален простор, ТВ сала, снек бар и сала за конференции, семинари, симпозиуми и разни прослави.
Извонредно подготвените скијачки терени, трите жичарници, дванаесетте ски лифтови и сноу борд патеките гарантираат незаборавен одмор и рекреација за љубителите на зимските спортови. Ноќното скијање и прекрасната панорама се уште едно пријатно изненадување за гостите кои го посетуваат овој познат туристички центар.
Вистинска можност за летен одмор и шанса за уживање во жуборењето на реката и планинскиот воздух.
За љубителите на рекреацијата постојат можности за излети, долги прошетки и планинарење, маунт бајк, лов и риболов, посета на бачилата на Бистра, манастирот Св. Јован Бигорски и селата од Галичник, каде што старата Македонска култура и обичаи се се уште зачувани. За спортистите постојат можности за организирање подготовки во спортска сала, како и на отворени спортски терени.

ЦЕНОВНИК:

Сместување во двокреветни соби:
Ноќевање со појадок                                                                27 Евра по лице на ноќ
Полупансион                                                                             33 Евра по лице на ноќ
Сместување во апартман:
Ноќевање со појадок                                                                36 Евра по лице на ноќ
Полупансион                                                                             42 Евра по лице на ноќ

Цената вклучува:

Цената НЕ вклучува:

Доплата и попусти:

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: