Пребарување

Внесете клучни зборови:

Индивидуални патувања

МАЛДИВИ побарајте понуда

МАЛДИВИ
побарајте понуда

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Малдиви

ОПШТИ ПОДАТОЦИ:

Малдиви, службено Република Малдиви е островска држава во Индискиот океан, југозападно од Индискиот полуостров. Се состои од околу 1200 острови, групирани во 26 атоли, меѓу кои околу 200 се населени, а 80 се користат исклучиво за туризам. Официјалната религија е Ислам, а јазикот на поголемиот дел од жителите е дивехи, индоевропски јазик сроден на сингалски, главниот јазик на Шри Ланка. Индустријата се темели врз туризам и риболов. Малдивите имаат претрпено значителна штета од цунами во Индискиот океан во декември 2004 година. Нудизам е забранет со закон, вклучувајќи ги и плажите на одмаралиштата. Во повеќето ресторани не е дозволен престој во костими за капење.

Површина
298 km2

Број на жители
околу 338.000 

Државно уредување
Република од 1965 година.

Главен град
Мале, околу 70.000 жители

Клима
Тропската клима на Малдиви подразбира просечна температура меѓу 29 и 32 степени Целзиусови, со повремени тропски врнежи. Од крајот на мај до почетокот на септември е (југозападен) монсунски период кој се карактеризира со повремен дожд и ветар, додека од ноември до април - североисточен монсун кој е топол и сув. Цените на престој се највисоки во сезоната декември-април, посебно во периодот околу божиќните и новогодишни празници, кога на Малдивите времето е суво и топло. Перодот од мај до ноември е исто така топол, но со поголем степен на влажност во воздухот и поголеми шанси за дожд. Тогаш на Малдиви има помалку туристи, па е полесно да се најде добро сместување кое е поповолно отколку во сезона.

Пари
Малдивска руфија (MVR) = 100 лареси. Банкнотите за МВР 500, 100, 50, 20, 10, 5. Кованици за МВР 2, 1 i 50, 25, 10, 5, 2 и 1 лареси. На аеродромот во Мале се примаат само долари, па се препорачува носење на оваа валута. Во хотелите примаат и евра, но по неповолен курс во однос на банките од Европа.

Јазик
Дивехи. Англискиот јазик е во широка примена како службен јазик. Во туристичките подрачја се зборуваат и други јазици.

ВИЗА:
На државјаните на Р.С. Македонија кои туристички патуваат на Малдиви, добиваат бесплатна виза за период од 30 дена на самиот аеродром. Потребна е следната документација: важечка патна исправа, повратна авио-карта, доказ за поседување на доволно финансиски средства (100 УСД + 50 УСД за секој ден престој) или потврда за уплатен туристички аранжман. Рок на важење на пасошот поради туристичко патување мора да бида најмалку 6 месеци.

ВАКЦИНАЦИЈА:
За патување на Малдивите не е потребна полиса за здравствено осигурување, ниту доказ за вакцинација, освен доколку доаѓате од област зафатена со жолта грозница (поедини области од централна Африка или Јужна Америка).

БЕЗБЕДНОСТ:
Малдивите можат да бидат изложени на опасност од цунами. Во вакви ситуации, по издавање на предупредување за опасност од страна на владата на Малдиви, потребно е да ги пратите упатствата кои ги емитуваат локалните средства за јавно информирање и да се однесувате во согласност со нив.

newwaysoftravel Превземи целосна понуда   

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: