Пребарување

Внесете клучни зборови:

МАЈ 2023

Милано/Лугано/Комо/Верона

Милано/Лугано/Комо/Верона

 

 

 

 

 

Милано, еден од најголемите градови во Италија. Лоциран во рамнината Ломбардија, во близина на реката По, денес претставува еден од најразвиените урбани центри во Европа. Најбогатиот и градот на модата истовремено изобилува со историски и артистички атракци, меѓу кои во срцето на Милано – огромната катедрала во неоготски стил ”Дуомо” која е висока 108 метри, а долга 158 метри, оперскиот театар Ла Скала, како и уметничкото дело “Последната вечера”. Покрај запрепастувачките градби ломбардиската метропола е позната и по модните куќи и продавници, како и галеријата Виторио Емануеле на Пјаца Дуомо, која всушност е изградена во форма на крст со стаклени тавани и има репутација на најстар трговиски центар во светот.
Уживајте за Велигден во овој магичен град.

Промо цена 149 евра со задолжителна резервација на пакетот факултативи 60 евра по лице, до 15.03, редовна цена 65евра по лице, РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 179 евра
*Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите предвидени места во програмата

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи – задолжително (Разглед Милано, Посета на Лугано-Комо и крстарење) – 60 евра по лице (со резервација во агенција) редовна цена 65евра по лице.
*
Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите предвидени места во програмата

ПРОГРАМА:

13.04.2023 (четврток) СКОПЈЕ-МИЛАНО
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот Холидеј Ин (Дрводекор) околу 11:00, поаѓање за Италија околу 11:30 часот. Денско и ноќно патување низ Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.

14.04.2023 (петок) МИЛАНО
Пристигнување во Милано. Разглед на Милано со водич: Sforcesco Cаstle, Piazza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедралаво светот- ДУОМО-катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи.
Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci,Prada,Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.

По разгледот сместување во хотел. Ноќевање.

15.04.2023 (сабота) МИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО

Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано-градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на Алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија.
Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа.
Посета на Комо, посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн. Враќање во хотелот во попладневните часови. Ноќевање.

16.04.2023 (недела) МИЛАНО-ВЕРОНА-СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према градот на љубовта Верона. Прошетка низ Стариот Град, плоштадите Бра и Ербе, Арената, познатата куќа на Јулија и нејзината тераса, како и статуата на Јулија. По посетата на Верона, која трае околу три часа, групата се упатува према познатиот аутлет Палманова (околу два часа), каде има познати брендови на гардероба по пониски цени. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска,Србија… Пристигнување во Скопје во попладневните часови на 17.04 – понеделник.

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ: