Пребарување

Внесете клучни зборови:

Есен 2022

Милано/Лугано/Комо/Верона – 11ти октомври

Милано/Лугано/Комо/Верона – 11ти октомври

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Промо цена 129 евра со задолжителна резервација на пакетот факултативи 55 евра по лице, редовна цена 65евра по лице, 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 149 евра

ПРОГРАМА:

07.10.2022 (петок) СКОПЈЕ-МИЛАНО
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот Холидеј Ин (Дрводекор) во 11:30, поаѓање за Италија во 12:00 часот. Денско и ноќно патување низ Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.

08.10.2022 (сабота) МИЛАНО
Пристигнување во Милано во утринските часови. Разглед на Милано со водич: Sforcesco Cаstle, Piazza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедралаво светот- ДУОМО-катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи.
Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci,Prada,Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.

По разгледот сместување во хотел. Ноќевање.

09.10.2022 (недела) МИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО

Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано-градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на Алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија.
Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа.
Посета на Комо, посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн. Враќање во хотелот во попладневните часови. Ноќевање.

10.10.2022 (понеделник) МИЛАНО-ВЕРОНА-СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према градот на љубовта Верона. Прошетка низ Стариот Град, плоштадите Бра и Ербе, Арената, познатата куќа на Јулија и нејзината тераса, како и статуата на Јулија. По посетата на Верона, која трае околу три часа, групата се упатува према познатиот аутлет Палманова (околу два часа), каде има познати брендови на гардероба по пониски цени. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска,Србија… Пристигнување во Скопје во попладневните часови на 11.10 – вторник.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи – задолжително (Разглед Милано, Посета на Лугано-Комо и крстарење) – 55 евра по лице (со резервација во агенција) редовна цена 65евра по лице.

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: