Пребарување

Внесете клучни зборови:

БОЖИЌ И НОВА ГОДИНА 2022

НОВА ГОДИНА ВО ГРАДОТ НА МОДАТА – МИЛАНО 31.12.2021-03.01.2022 (4 дена / 3 ноќевања)

НОВА ГОДИНА ВО ГРАДОТ НА МОДАТА – МИЛАНО
31.12.2021-03.01.2022 (4 дена / 3 ноќевања)

 

 

 

 

 

 

 

Милано – вториот по големина град во Италија на сите познат по уметноста, модата, шопинг манијата, а секако и италијанската кујна. Некогашен главен град на Западната Римска Империја, основан од Келтите, а подоцна и управуван од страна на Шанците и Аврстијците, историјата на Милано е запишана на илјадници страници. Милано е познат на секого по Леонардо да Винчи, Росини, Белини, Верди и Панучи, по операта Ла Скала и ремек делото Тајната вечера, Миланската катедрала, замокот Сфорца, трговскиот центар Виктро Емануел, листа која нема крај! Денес Милано претставува светски центар на модата, за љубетелите на квалитетниот шопинг како и за оние кои ја ценат и работат во модната индустрија, а воедно уживаат во луксузот кој го нуди овој град

 

ПРЕДЛОГ ПРОГРАМА
1 ден 31.12.2021 (петок) СКОПЈЕ-МИЛАНО

Пријавување на шалтерите на аеродромот во Скопје 3 часа пред предвидениот лет кон Милано во 13:05 часот. Пристигнување на аеродромот во Милано во 15:10 часот. По завршување на пасошка и царинска контрола, со организиран трансфер се упатувате кон хотелот во Милано (пример хотел ibis Milano Centro 3*). Време за одмор и релакасација пред попладневна прошетка низ улиците на Милано кој го носи епитетот Градот на Модата. Почуствувајте ја предновогодишната еуфорија, со многу забава, италијански специјалитети и музичка програма на некој од плоштадите на градот или во многубројните угостителски објекти. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! Ноќевање.

 

2 ден 01.01.2022 (сабота) МИЛАНО

Појадок во хотел. Одморени од најлудата ноќ во годината, препорачуваме посета на Миланската Катедрала и плоштадот Дуомо, каде љубезните италијанци ќе Ви ја раскажат приказната за замокот Сфорческо, операта Скала, галеријата Виторио Емануеле II. Шопинг релаксација низ улиците Виторио Емануеле, Монтенаполеоне, Торино, Спига. Ноќевање.

3 ден 02.01.2022 (недела) МИЛАНО

Појадок во хотел. Велат престојот во Милано не е комплетен без посета на монденското гратче Комо. Затоа Ви препорачуваме излет до Комо, во комбинација со прекрасниот Лугано, лоциран во југоисточниот дел на Швајцарија, каде сеуште се говори италијанскиот јазик. Движејќи се низ малите и тесни улици на Комо ќе уживате во стариот дел на градот, плоштадот Волта и катедралата во Комо – Дуомо. Џорџ Клуни, Ероз Рамазоти се само дел од познатите личности кои својот мир го бараат овде, престсојуваќи во своите раскошни вили. Направете пауза за ручек во едни од многубројните ресторани или запловете со брод по езерото. Ако времето и можностите Ви дозволуваат, не пропуштајте да го посетите Лугано, гратче во Швајцарија кое лежи на брегот на езерото Лугано, лоцирано под швајцарските Алпи, а нарекувано “Швајцарско Монте Карло”. Прошетајте низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона, со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico кој важи за еден од најубавите во Швајцарија, како и монденската шопинг улица – Наса. Ноќевање.

 

4 ден 03.01.2022 (понеделник) МИЛАНО-СКОПЈЕ

Појадок и одјавување од хотелот. Слободно време до организираниот трансфер до аеродромот во Милано. Пријавување на шалтерите на Wizz Air за летот кон Скопје во 15:45 часот. Пристигнување на аеродромот во Скопје во 17:45 часот.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ: 359 €

 

Пакет цената е изразена по лице, при што истата вклучува:

 

Пакет цената НЕ вклучува:

Напомени:

newwaysoftravel Превземи целосна понуда   

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: