Пребарување

Внесете клучни зборови:

БОЖИЌ И НОВА ГОДИНА 2022

НОВА ГОДИНА ВО КРАКОВ 29.12.2021-01.01.2022

НОВА ГОДИНА ВО КРАКОВ 
29.12.2021-01.01.2022

 

 

 

Административен, културен, образовен, индустриски и туристички центар. Тоа е Краков!

Културна престолнина на државата која се сместени од институции кои се од посебно значење за Полска.

 

ПРЕДЛОГ ПРОГРАМА

1 ден 29.12.2021 (среда) СКОПЈЕ-ВАРШАВА-КРАКОВ

Пријавување на аеродромот во Скопје 3 часа пред предвидениот лет кон Варшава во 13:10 часот, со лет на авиокомпанијата LOT Airlines. Слетување во Варшава во 15:20 часот, а конектираниот лет до Карков е во 16:30 часот. Пристигнување на аеродромот во Краков во 17:25 часот. По завршување на пасошка и царинска контрола, со организиран трансфер се упатувате кон хотелот во Краков, во централниот дел на градот (пример хотел Poleski Hotel 3*). Сместување во хотели одмор од патувањето. Во градот ќе Ве пречека новогодишната магија, украсени плоштади, улици и колку и да е Полска ладна во овој дел од годината, атмосферата е топла и пријатна. Ноќевање.

 

 

2 ден 30.12.2021 (четврток) КРАКОВ

Појадок во хотел. Историските знаменитости се воедно и туристички атракции во Краков, па така Ви препорачуваме да го посетите јужниот дел на градот или еврејскиот кварт Kazimerz. Предлагаме лиценциран водич како би ја слушнале приказната за овој мистериозен дел на градот. Синагогата Remuh, средновековниот трговски плоштад, старата синагога и синагогата Isaaak, како и локалитетите каде е сниман еден од најдобрите филмови на сите времиња - “Шиндлеровата листа. Направете пауза за топол чај или кафе во некои од угостителските објекти овде. На 20 километри од Краков, се наоѓа стариот рудник Вјеличка, најстариот рудник за сол во Европа кој е дел од културното наследство на UNESCO уште од 1978 година. Должината на рудникот е 300 километри, со длабочина од 327 метри. Во внатрешноста на самиот рудник ќе видите ходник во должина од 3 километри, скалила по кои може да се спуштите 64 метри под земјата, а до 135 метри со лифт. Овде се наоѓа спектакуларно подземно езеро, многубројни скулптури, лустери, пошта, кралска капела, концертна сала, кои биле во функција за рударите кои работеле тука. Во склоп на рудникот постои и клиника за лекување од астма, поради тоа што солта е добро познато дека има лековити дејства против оваа болест. Ноќевање.

 

3 ден 31.12.2021 (петок) КРАКОВ

Појадок во хотел. За оние кои ја сакаат историјата, а се емиционално појаки, препорачуваме посета на местото, кое е лоцирано на околу 50 километри од Краков, а во минатотот го несело името Освјенчим. Град кој по завршување на германската окупација на Полска во септември 1939 година, бил приклучен кон Германија, а неговото име било променето во Аушвиц. Ова место на никого не би било познато да не била нацистичката одлука да се изгради концентрационен логор, кој во темната историја на Европа е познат и како логор на смртта. На најсуров можен начин, над милион луѓе, од кои најмногу евреи биле погубувани токму овде. Приказната за ова место е потресна и тажна, но нивните жртви ќе останат потсетник за суровоста на луѓето од една темна доба и поука, ваков чин никогаш повеќе да не се повтори.

Краков е познат како град на млади луѓе и многу забава. Така што ако барате забава и убав провод, овој градо го нуди сето тоа во изобилие. На сето тоа кога ќе ја додадеме и најлудата ноќ во годината, имаме добитна комбинација! Дочекајте ја новата година на некои од плоштадите на градот, барови, кафулиња, реторани, дискотеки. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! Ноќевање.

 

4 ден 01.01.2021 (сабота) КРАКОВ-ВАРШАВА-СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Се одјавувате од собите на хотелот можеби малку уморни, но дефинитивно со преубави спомени од Краков. Во однапред договорено време, со организиран трансфер се упатувате кон аеродромот во Краков за летот кон Варшава во 12:55 часот. Пристигнување во Варшава во 13:50 часот, при што конектираниот лет до Скопје е предвиден во 14:35 часот. Пристигнување на аеродромот во Скопје во 16:40 часот.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ: 369€

 

 

 

 

Пакет цената е изразена по лице, при што истата вклучува:


Пакет цената НЕ вклучува:

 

Напомени:

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: