Пребарување

Внесете клучни зборови:

БОЖИЌ И НОВА ГОДИНА 2022

НОВА ГОДИНА ВО СРЦЕТО НА КАТАЛОНИЈА – БАРСЕЛОНА 28.12.2021-01.01.2022 (5 дена / 4 ноќевања)

НОВА ГОДИНА ВО СРЦЕТО НА КАТАЛОНИЈА – БАРСЕЛОНА
28.12.2021-01.01.2022 (5 дена / 4 ноќевања)

 

 

 

 

 

 

 


Барселона - град кој се одликува со својата елегантност, импресивна историја, култура, споменици, фантастична архитектура, музеи, галерии и љубезен и гостопримлив народ. Третиот најпосетуван град во Европа Ве кани на прошетка низ овде најпознатата улица Ла Рамбла (La Lambra) и Готскиот кварт! Mомент за возхит во уметноста на Антонио Гауди и неговата ексцентрична катердрала Ла Саграда Фамилија (La Sagrada Familia), како и паркот Гуел” (Park Guell), а за фановите на фудбалскиот клуб Барселона, тука е стадионот Камп Ноу (Camp Nou), каде за момент ќе се почуствувате како Леонел Меси!

 

ПРЕДЛОГ ПРОГРАМА

1 ден 28.12.2021 (вторник) СКОПЈЕ-БАРСЕЛОНА

Пријавување на аеродромот во Скопје 3 часа пред предвидениот лет во 19:25 часот. Пристигнување во Барселона во 22:10 часот. По завршување на пасошка и царинска контрола, со организиран траснфер се упатувате кон хотелот во Барселона (пример хотел Hotel Best Auto Hogar 3*). Ноќевање.

 

2 ден 29.12.2021 (среда) БАРСЕЛОНА

Појадок во хотел. Одморени од патувањето, препорачуваме прошетка на еден од туристички најатрактивните градови во Европа! Уживајте во прошетајте по плоштадот Каталонија, авенијата Ла Рамбла, направете спомен фотографија со споменикот на Колумбо или ремек делото на Антони Гауди Каса Мила, Готскиот карт и ред други знаменитости. Направете пауза за ручек во некој од многубројните угостителски објекти во центарот на градот или покрај обала на пристаниште или плажа. Предлагаме и посета на еден од најубавите аквариуми во светот - L'aquàrium de Barcelona, како и шопинг релаксација во трговскиот центар Маремагнум. Вечерните часови поминете ги на Шпанскиот плоштад и Магичните Фонтани. Ноќевање.

 

3 ден 30.12.2021 (четврток) БАРСЕЛОНА

Појадок во хотел. За денешниот ден Ви предлагаме посета на паркот Гуел, кое важи за едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и знаменитост на Барселона, потоа Шпанското село кое претставува музеј на отворено, направен во 30-тите години на дваесетиот век, како изложба чија цел била да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија. Ако сте фан на фудбалскиот клуб Барселона, имате можност да го посетите еден од најфасцинантите стадиони во светот – Ноу Камп. Во музејот на фудбалскиот клуб можете да ги видите сите освоени трофеи, титули и награди во текот на својата клубска историја. За вечерните часови Ви препорачуваме да танцувате во ритамот на Шпанија, на добро познатото Фламенко шоу. Ноќевање.

 

4 ден 31.12.2021 (петок) БАРСЕЛОНА

Појадок во хотел. Градот е подготвен за најлудата ноќ во годината, а на Вас останува само да уживате во најразлични музички теми и прекрасна медитеранска храна! СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! Ноќевање.

 

5 ден 01.01.2022 (сабота) БАРСЕЛОНА-СКОПЈЕ

Појадок и одјавување од хотелот. Организираниот трансфер е во приквечерните часови така да слободното време можете да го искористите за посета на паркот Цитадела и Зоолошката градина. Лоцирана во централниот парк на Барселона, претставува една од најголемите, а воедно и најпосетени Зоолошки градини во светот, со бројка од преку 1 милион посетители годишно. Оваа огромна површина е дом на над 2.500 видови  животни, а отворениот тип на градината дозволува директен контакт со дел од животните. Враќање во хотел. Со организиран трансфер се упатувате кон аеродромот во Барселона за летот кон Скопје во 22:50 часот. Пристигнување во Скопје во 01:35 часот.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ: 359€


Пакет цената е изразена по лице, при што истата вклучува:


Пакет цената НЕ вклучува:

Напомени:

newwaysoftravel Превземи целосна понуда   

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: