Пребарување

Внесете клучни зборови:

НОВА ГОДИНА 2021

НОВИ САД

НОВИ САД

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

30.декември (среда)          СКОПЈЕ - НОВИ САД
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 23:00 ч. Поаѓање на автобусот за Нови Сад во 23:30 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. 

31.декември (четврток)          НОВИ САД
Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Сместување во хотел и краток одмор до заминување на разглед на градот: “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” - една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад - “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта, Дочек на Новата 2021 Година, на плоштадот “Слобода” . Ноќевање.

01.јануари (петок)          ФРУШКА ГОРА - СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ 
Појадок.
 Полудневна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора, познат и како “Српската Света Гора” и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по ислучителната архитектура и историскиот континуитет. Враќање во Нови Сад во попладневните часови.Слободно време за индивидуални активности и прошетки Ноќевање.

02.јануари (сабота)          НОВИ САД –СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивиуални активности....или факултативно заминување во посета на Салаш , кој ќе ве воодушеви со неговит автентичен изглед. Организран ручек со богато мени од традиционална кујна и војводинска музика. Попладне заминување за Македонија .Слободно време за индивидуални активности и “шопинг”. Патувањето кон Скопје продолжува во попладневните часови. Пристигнување во вечерните часови.


Цена на аранжманот:
99 € (6.140,00 мкд) 
89 € (5.520,00 мкд) за резервации до 15.ноември

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањетo.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Организиран ручек на Салаш

- Факултативна вечера во ресторан 
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Патничко здравствено осигурување други неспоменати посети и услуги

Напомени:
- За патување во Србија, сепак е потребен тест за "Covid 19"
- За овој аранжман важат Општите услови за патување
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници