Пребарување

Внесете клучни зборови:

2023/24

Прага / Дрезден / Виена – Божиќен маркет

Прага / Дрезден / Виена – Божиќен маркет

 

 

 

 

 

Прага – град од бајките, историски и културен симбол на Европа. Овој магичен град со стотици кули, важи за град на боемите и мистичната атмосфера, звуците на виолончело и клавир, а крајбрежјето на моќната Влтава ги спојува прекрасните мостови. Кога на сето ова ќе се додаде волшебната божиќна атмосфера, добивате совршен рецепт за воодушевување.

Ви ја претставуваме SPECIAL EDITION програмата на Златната Прага со посета на Дрезден и Виена и божиќните маркети.

ПРОМО ЦЕНА 149 евра со задолжителна резервација на пакет факултативите 75 евра (редовна цена 80евра), до 30.10. Редовна цена 169евра по лице

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

ПРОГРАМА: 

07.12. 2023 (четврток) СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок на групата околу 11:00 часот кај Хотел Континентал, поаѓање околу 11:30 часот, преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

08.12.2023 (петок) ПРАГА

Пристигнување во зависност од околностите по патот и веднаш следува разглед на Стариот град со водич: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник- Орлој, Црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, Дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито. Слободно време за одмор. Вкупно околу 3 – 4 часа. Потоа следува сместување во хотел и слободно време. Ноќевање.

09.12.2023 (сабота) ДРЕЗДЕН

По појадокот, следува прекрасно денско крстарење по реката Влтава, каде ќе уживате во романтичниот поглед на локалитетите во придружба на звуците на Беджих Сметана.

Потоа се упатуваме кон Дрезден, излет кој ќе ве воодушеви. Дрезден е културно седиште на југоисточна Германија, кој поради својата убавина уште го нарекуваат и Фиренца на Елба. Следува прошетка до центарот на градот: Звингер, комплекс павиљони од 18век (светски пример за барокна архитектура), Катедралата, обалата на реката Елба, Фрауенкирхе, Брулската тераса….. Слободно време и можност за шопинг во бројните продавници во централниот дел на градот. Враќање во Прага во договорено време.

Вечерта индивидуална можност за посета на Прага и божиќните маркети. Ноќевање.

10.12.2023 (недела) Виена

По појадокот, следува одјавување од хотел. Групата се упатува кон Виена, главната престолнина на Австрија, моќен град кој плени со својата величина, историја, традиција и архитектура. Следува разглед на градот со водич: Парламентот, Рингштрасе, Градската Палата (Ратхаус), црквата Вотив, Операта, Универзитетот, комплексот Хундертвасер, дворецот Белведере, градскиот парк…прошетка низ зимската резиденција на Хабзбурговците – дворецот Хофбург, од каде се стигнува до строгиот центар на градот (улиците Грабен и Кертнер), каде се наоѓа монументалната Катедрала на Св.Стефан (Штефан дом) и секако божиќните маркети.

Во договорено време собир на групата и поаѓање кон Македонија. Следува ноќно возење и пристигнување во Скопје на 11.12 во понеделник во пладневните часови.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ: