Пребарување

Внесете клучни зборови:

Мај 2021

Пролом Бања Велигден 2021

Пролом Бања Велигден 2021

 

 

 

 

 

30.04.2021  (Петок)                             СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА

Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне и сместување во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, време за релаксација  и користење на СПА услугите на хотелот. ВечераНоќевање.

 

01.05.2020 (Сабота)                            ПРОЛОМ БАЊА – ЃАВОЛА ВАРОШ 

Појадок. Можност за факултативен претпладневен излет со локален водич и придружник од Ваикики до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, споменикот е избран во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, можност за користење на СПА услугите на хотелот. ВечераНоќевање

 

02.05.2021 (Недела)                            ПРОЛОМ БАЊА ВЕЛИГДЕН 

Појадок. Можност за посета и присуство на велигденска литургија во црквата Св. Преображение. Натпревар во кршење со велигденски јајца. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, можност за користење на СПА услугите на хотелот. ВечераНоќевање.

 

03.05.2021 (Понеделник)                   ПРОЛОМ БАЊА – ЛАЗАРИЦА – СКОПЈЕ  

Појадок.  Напуштање на собите според хотелското правило. Заминување на организирана прошетка со локален водич до единствената црква – брвнара во овој крај, црквата Лазарица, светски позната по единствениот мистичен феномен, 6те стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Зaминување за Македонија во 13:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.

 

Цена на аранжманот -  159€/9.858мкд

Цени по лице за најмалку 2 лица во соба

Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Автобуски превоз на наведената релација,

– Сместување во Хотел Радан 3* на база 3 ноќевања во двокреветни соби или двокреветни со дополнителен кревет – фотеља (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса),

– Исхрана на база полн пансион: шведска маса за појадок, со сервирање за ручек и вечера,

– Користење на внатрешен базен и внатрешно-надворешен базен со лековита Пролом вода,

– Секојдневно користење на велнес центар: солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидариум,

– Користење фитнес сала и сала за рекреација (билљард, пинг понг, тенис, пикадо),

– Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич,

– Туристичка такса,

– Организација, реализација и придружник на патувањето.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Задолжително патничко и здравствено осигурување, 

– Организиран излет до Ѓавола Варош, превоз, вклучена влезница и локален водич - 5€ 

– Индивидуални трошоци.

 

Попусти и опционални доплати:

– Доплата за еднокреветна соба +45€/2.790ден

– Дете 2-9год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 25€/1.550мкд

– Дете 9-14год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 85€/5.270мкд

– Трет возрасен на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа полна сума 169€/10.478мкд

– Намалување за сопствен превоз -10€/620ден по патник

– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€/620ден (мин. 2 седишта)

– Доплата за користење на дополнително седиште во автобус +35€/2.170ден

 

НАПОМЕНИ:

– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.

– За реализација на патувањето потребен е минимум од 35 патници, според моменталниот протокол за автобуски сообраќај од  75%. 

– За ова патување не е потребен PCR тест, за време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно. 

– При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува а уплатениот износ нема да биде рефундиран. 

– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.

– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

–  Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 

– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 

– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.

– За реализација на факултативите потребен е минимум од 20 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата. 

– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите. 

– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 

– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата. 

– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ.

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: