Пребарување

Внесете клучни зборови:

# ДОМА СИ Е ДОМА

Радика, Маврово

Хoтел Радика е првокласен планински комплекс лоциран во Националниот Парк "Маврово", Западна Македонија, на одлична издигната позиција над Мавровското Езеро, која е опкружена со автентична шума. Локацијата е инспиративна во текот на целата година и е на оддалеченост од само 90 километри од аеродромот во Скопје.

Хотелот е целосно реновиран во 2008 година и претставува изненадување за сите кои за прв пат го посетуваат. Одличната локација и опкружување (1400м надморска висина), просторните соби, стилскиот дизајн како и големиот СПА центар, ќе придонесат Вашиот престој во Хотел Радика да биде незаборавен.

Со чаша македонско вино можете да се опуштите и да уживате во посебната атмосфера и да се уверите во познатата македонска гостопримливост. Хотел Радика е идеално место за бегство од градскиот метеж и регенерирање на потребната енергија. Собите се со современ, елегантен и удобен мебел, изградени во барок и модерен стил. Располага со 5 видови хотелски единици, приспособени за сечии потреби. Хотелските соби имаат поглед кон Мавровското Езеро и дел кон планински пејзаж. Хотелот располага и со внатрешен и надворешен базен, фински сауни, парни бањи, масажи, турски амам, џакузи со солена вода, спортски терени, забавно рекреативен центар, ски лифт, ски опрема, моторни санки за возрасни и деца, велосипеди како и многу други подобности кои ќе го направат Вашиот престој во Радика исполнет и интересен.

 

Тип на соба 1 лице 2 лица
Standard superior 59 еур 39 еур
Junior Suite 71 еур 47 еур
Apartment & Duplex apartment 83 еур 55 еур
Presidential apartment 205 еур 120 еур
Цените се дадени по лице по ноќ со вклучен појадок, изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1 € = 62 денари
 
 
Цената вклучува:
  • Туристичка такса
  • СПА & Фитнес центар: Надворешен базен, внатрешен базен, џакузи, сауна, парна бања.
  • Sport bar: 500 спортски канали, пикадо, билјард, пинг-понг
  • Спортски терени
  • Внатрешни и надворешни детски игротеки
  • Паркинг
  • Интернет конекција
 
НАПОМЕНИ:
  • Деца од 0 до 4 години со двајца возрасни – бесплатно
  • Деца од 4 до 12 години со двајца возрасни – 15 еур по дете по ноќ
  • Трето возрасно лице – 25 еур по лице по ноќ
  • Доплата за ручек 15 еур по лице / вечера 15 еур по лице