Пребарување

Внесете клучни зборови:

Есен 2021

РАЈСКИОТ АРХИПЕЛАГ МАЛДИВИ

РАЈСКИОТ АРХИПЕЛАГ МАЛДИВИ

 

 

 

 

Дестинација која го загрева срцето и ја полни душата со мир и спокој! Препуштете се на едно поинакво патување во тиркизните бои на Малдивите!


ПРОГРАМА
15.11.2021 | СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

Пријавување на аеродромот во Скопје 2 часа пред предвидениот лет кон Истанбул во 20:35 часот.

16
.11.2021 | ИСТАНБУЛ-МАЛЕ

Слетување на аеродромот во Истанбул во 00:10 часот. Летот кон Мале е во 02:10 часот, а пристигнувањето во 12:05 на пладне. По завршување на царински и пасошки формалности, со организиран трансфер (брз брод + внатрешен лет) се упатувате кон хотел. Пријавување во хотелот според политиките на истиот, на услуга полн пансион (појадок, ручек, вечера). Одмор и релаксација од патувањето. Ноќевање.


17.11-21.11.2021 | МАЛДИВИ

Слободни денови за уживање на рајскиот архипелаг и неговите неописливо бели песочни плажи и тиркизната вода на Индискиот океан, како и 3 активности гратис од агенцијата. Ноќевање.


22.11.2021 | МАЛЕ-ИСТАНБУЛ

Појадок и одјавување од собите според политиката на хотелот (можност за доплата за Late Check out на лице место). Багажот ќе Ви биде оставен во посебна просторија, се до моментот на организираниот трансфер до аеродромот во Мале. Летот кон Истанбул е во 22:45 часот.


23.11.2021 | ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ

Слетување на аеродромот во Истанбил во 05:20 часот изутрина. Летот кон Скопје е во 08:50 часот локално време, а пристигнувањето во 08:15 часот.  
 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА: 1.690€


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

 

Напомена:


 

ДЕТАЛИ ОД ЛЕТОВИТЕ

 

Број на лет

Дата

Дестинација

Сатници

TK1006

15NOV

SKPIST

20:35-00:10+1

TK 730

16NOV

ISTMLE

02:00-12:05

TK 731

22NOV

MLEIST

22:45-05:20+1

TK1003

23NOV

ISTSKP

08:15-08:50

 

 

 

 

 

 

 

 

ОПШТИ ПОДАТОЦИ:

Малдиви, службено Република Малдиви е островска држава во Индискиот океан, југозападно од Индискиот полуостров. Се состои од околу 1200 острови, групирани во 26 атоли, меѓу кои околу 200 се населени, а 80 се користат исклучиво за туризам. Официјалната религија е Ислам, а јазикот на поголемиот дел од жителите е дивехи, индоевропски јазик сроден на сингалски, главниот јазик на Шри Ланка. Индустријата се темели врз туризам и риболов. Малдивите имаат претрпено значителна штета од цунами во Индискиот океан во декември 2004 година. Нудизам е забранет со закон, вклучувајќи ги и плажите на одмаралиштата. Во повеќето ресторани не е дозволен престој во костими за капење.

Површина  298 km2  Број на жители околу 338.000 

Државно уредување Република од 1965 година.

Главен град Мале, околу 70.000 жители


Клима

Тропската клима на Малдиви подразбира просечна температура меѓу 29 и 32 степени Целзиусови, со повремени тропски врнежи. Од крајот на мај до почетокот на септември е (југозападен) монсунски период кој се карактеризира со повремен дожд и ветар, додека од ноември до април - североисточен монсун кој е топол и сув. Цените на престој се највисоки во сезоната декември-април, посебно во периодот околу божиќните и новогодишни празници, кога на Малдивите времето е суво и топло.

Перодот од мај до ноември е исто така топол, но со поголем степен на влажност во воздухот и поголеми шанси за дожд.

В
алута
Малдивска руфија (MVR) = 100 лареси. Банкнотите за МВР 500, 100, 50, 20, 10, 5. Кованици за МВР 2, 1 i 50, 25, 10, 5, 2 и 1 лареси. На аеродромот во Мале се примаат само долари, па се препорачува носење на оваа валута. Во хотелите примаат и евра, но по неповолен курс во однос на банките од Европа.

Јазик
Дивехи. Англискиот јазик е во широка примена како службен јазик. Во туристичките подрачја се зборуваат и други јазици.


ВИЗА:

На државјаните на Р. Македонија кои туристички патуваат на Малдиви, добиваат бесплатна виза за период од 30 дена на самиот аеродром. Потребна е следната документација: важечка патна исправа, повратна авио-карта, доказ за поседување на доволно финансиски средства (100 УСД + 50 УСД за секој ден престој) или потврда за уплатен туристички аранжман. Рок на важење на пасошот поради туристичко патување мора да бида најмалку 6 месеци.


ВАКЦИНАЦИЈА:
За патување на Малдивите не е потребна полиса за здравствено осигурување, ниту доказ за вакцинација, освен доколку доаѓате од област зафатена со жолта грозница (поедини области од централна Африка или Јужна Америка).

newwaysoftravel Превземи целосна понуда   

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: