Пребарување

Внесете клучни зборови:

Есен 2022

САНТОРИНИ

САНТОРИНИ

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Опис на островот

Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви и е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце. Санторини се наоѓа во егејското море и припаѓа на групата острови Киклади. Климата е умерена и е медитеранска. Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi, а во текот на зимата температурата никогаш не паѓа под 10 степени. Жителите на Санторини претежно се занимаваат со туризам,но и со одгледување на специфични видови на винови лози, од кои се добива најубавото вино NYCHTERI, со одгледување на добро познатите ситни мали санторински домати кои се со неверојатен вкус и од кои се подготвуваат преубави специјалитети во санторинските таверни. На островот не постојат извори на слатка вода, почвата се наводнува од умерената влага на островот, а водата за пиење е исклучиво флаширана. Главен град на островот е FIRA, на 260 м над површината на морето.


ден 07.10.2022  СКОПЈЕ – САНТОРИНИ

Состанок на групата на паркингот хотел Вип во 15:00ч. Поаѓање на автобусот во 15:30ч, се патува преку граничен премин Богородица/Гевгелија со куси попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува (ноќно возење) према Атина/Пиреа.


2 ден 08.10.2022 АТИНА/ПИРЕА - САНТОРИНИ
Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод. Поаѓање од пристаниште во 07:25ч, и пловење за Санторини. Пристигнување на Санторини во 15.30ч. Трансфер од пристаниште до сместувањето во Камари. Време за краток одмор, и слободни активности. Во вечерните часови во договор со групата и нашиот  водич  посета/вечера во некоја од таверните во Фира и прошетка низ ФИРА главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Во полноќните часови со нашиот автобус  враќање во Камари. Ноќевање.

3
 ден 09.10.2022 – САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот, околу 10 часот  заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот, со залез на сонце во OIA. Посета на селото Акротири ,каде би имале можност за индивидуална посета на музеј археолошки град   Акротири, посета на црвената плажа и време за кратка пауза во локалното кафуле крај егејското море. По посетата на Акротири и црвената плаза се упатуваме на   панорамски поглед на Калдера каде ќе имаме можност за кратка пауза и време за фотографирање,посета на селото Пиргос и можност за индивидуална прошетка и посета на некои од знаменитостите кои го отсликуваат Пиргос (замоци и цркви со плави куполи и село кое е најпосетено за велигденските празници каде сите мештани и туристи го чествуваат велики/голем петок со посебни ритуали),можност за посета на некое од локалните кафулиња по ваш избор со преубав поглед на островот и калдера.По посетата на селото Пиргос се упатуваме према главниот град на островот ФИРА или добро познат како THIRA .Во Фира остануваме се до попладневните часови ,каде нашето време ќе го искористиме за дневна прошетка низ островските тесни улички кои блескаат со својот гламур кој го создаваат монденските и гламурозни продавници за накит(злато,дијаманти,сребро),можност за индивидуално возење со жичара до старото пристаниште и назад,фотографирање,поглед од далеку кон островите НЕАКАМЕНИ,ПАЛЕАКАМЕНИ,ТИРАСИЈА,АСПРОСИНИ кој некогаш биле составен дел на островот Санторини,време за индивидуален ручек. Во доцните попладневни  часови се упатуваме во посета на најмонденското гратче на горната страна од островот OIA каде што ќе го доживееме гламурот и  најубавиот залез на сонцето. По залезот на сонцето враќање во хотел, време за одмор, индивидуални активности и индивидуална прошетка и посета на некои од таверните и ноќните барови . Ноќевање.


4 ден 10.10.2022  – САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот околу 09:00-09:30 часот поаѓање/трансфер до пристаниште Атињос и се упатуваме на факултативна екскурзија крстарење со традиционален брод се до 16:30 часот. Посета на островите Неа Камени, Палеа Камени и островот Тирасија, на враќање низводен поглед на Калдера/OIA, Фира, се до старото пристаниште каде ќе имате можност да ја видите и жичарата која води до Фира. При посетата на вулканот ПЕС, на островот Палеа Камени за сите оние кои ќе сакаат да се качат до вулканот, задолжителна доплата од 5 еур. при самиот влез, од каде  имате можност да ги видат сите седум кратери на вулканот. Потоа се упатуваме према островот Палеа Камени каде што ќе имаме можност за капење во топлите води на стариот вулкан. По посетата на Палеа Камени се упатуваме према островот Тирасија, каде ќе имаме слободно време за слободни активности, индивидуален ручек, време за капење или посета на селото Манолас на островот Тирасија. Во договор со групата и нашиот брод се упатуваме на низводен поглед на OIA  Фира се до старото пристаниште каде е жичарата која води до Фира. Околу 16:30 часот, се враќаме назад на пристаниште - Атињос каде не чека нашиот автобус и се упатуваме повторно во посета и прошетка на  мондеското гратче OIA. Време за слободни активности.По посетата на OIA ,во договор со групата се враќаме во хотел.Време за слободни активности. Ноќевање.


5 ден 11.10.2022 – САНТОРИНИ - СКОПЈЕ
Појадок
. По појадокот време за слободни активности, напуштање на хотелот и багаж во автобус околу 11.30-12.00 часот.Сите заедно се упатуваме на  Факултативна посета на најубавата и една од таков вид винарија во Грција.GKoutsoyannopoulos Winery – Wine Museum(во винарија влегуваат сите кои имаат уплатено влезница за посета на винарија ,резервација и дегустација) која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во дожина од 300- та метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите четиринаесет генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес, посетата на винаријата завршува со дегустација и презентација на  најпознати вина кои што се произведуваат во оваа винарија, односно на Санторини. По посетата на винаријата околу 14ч, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на брод. Поаѓање за Пиреа во 15:25ч.  Ноќно пловење према Пиреа/ Атина. Пристигнување на пристаниште на Пиреа околу 23:30ч. по локално време. Патувањето продолжува со автобус од Пиреа према граничен премин Богородица, со попатни паузи. Пристигнување во Македонија наредниот ден 12.10.2022 во утринските часови.

 

Цена за рана уплата до 31.08.2022:  219 € / 13 560 ден. 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 249 € / 15 440 ден.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО :

·         Превоз со високо туристички автобус на релација (кој е на располагање и на Санторини)

·         3 ноќевања со појадок во Хотел  на Санторини

·         Бродска карта, Пиреа/Атина – Санторини – Пиреа/Атина

·         Трансфер пристаниште - хотел – пристаниште (со истиот автобус со кој патуваме)

·         Пратител и претставник од агенцијата на островот за целиот Ваш престој

·         Организација и реализација на аранжманот

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

·         Вечерна посета на Фира главниот град на Санторини - 7€

·         целодневна екскурзија и разглед на островот(автобус+ водич, 3ти ден по програм) -35€

·          Eкскурзија со брод (автобус трансвер+ водич+брод, 4ти ден по програмата) 40€+гратис од агенцијата попладневна  посета на OIA за сите кои се на екскурзија со брод.  

·         Попладневна посета на OIA (автобус+пратител,4 ти ден по програмата) - 10€

·         посета на винарија (автобус+водич+влезница  за винарија, резервација и дегустација на вино (5ти ден по програма) - 20€.

·         Сите кои нема да користат ниту една од понудените факултативни излети треба да извршат доплата на аранжманот во агенција од 25€ по лице.

·         Туристичка такса 3 еур по особа за целиот престој.

·         Ручек/вечера (Фира/Камари/Периса индивидуално по желба на патниците )

·         Доплата за еднокреветна соба 1/1 - 55€/3.410 ден.

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: