Пребарување

Внесете клучни зборови:

MAJ 2022

САНТОРИНИ ЗА КИРИЛ И МЕТОДИЈ Автобус 6 дена / 3 ноќевања 19.05-24.05.2022

САНТОРИНИ ЗА КИРИЛ И МЕТОДИЈ
Автобус 6 дена / 3 ноќевања 19.05-24.05.2022

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ЗА СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВЕ ВОДИМЕ НА НАЈРОМАНТИЧНИОТ ОСТРОВ

САНТОРИНИ

период: 19.05-24.05.2022

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ --------- 209 €/12 960 ден.

 

Опис на островот

Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви и е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце. Санторини се наоѓа во егејското море и припаѓа на групата острови Киклади. Климата е умерена и е медитеранска. Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi, а во текот на зимата температурата никогаш не паѓа под 10 степени. Жителите на Санторини претежно се занимаваат со туризам,но и со одгледување на специфични видови на винови лози, од кои се добива најубавото вино NYCHTERI, со одгледување на добро познатите ситни мали санторински домати кои се со неверојатен вкус и од кои се подготвуваат преубави специјалитети во санторинските таверни. На островот не постојат извори на слатка вода, почвата се наводнува од умерената влага на островот, а водата за пиење е исклучиво флаширана. Главен град на островот е FIRA, на 260 м над површината на морето.


ден 19.05.2022 (четврток) СКОПЈЕ – САНТОРИНИ

Состанок на групата на паркингот хотел Вип во 15:00ч. Поаѓање на автобусот во 15:30ч, се патува преку граничен премин Богородица/Гевгелија со куси попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува (ноќно возење) према Атина/Пиреа.

2 ден 20.05.2022 (петок) АТИНА/ПИРЕА - САНТОРИНИ
Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод. Поаѓање од пристаниште во 07:25ч, и пловење за Санторини. Пристигнување на Санторини во 15.30ч. Трансфер од пристаниште до сместувањето во Камари/Периса. Време за краток одмор, и слободни активности. Во вечерните часови во договор со групата и нашиот  водич  посета/вечера во некоја од таверните во Фира и прошетка низ ФИРА главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Во полноќните часови со нашиот автобус  враќање во Камари. Ноќевање.

3
 ден 21.05.2022 (сабота) – САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот, околу 10 часот  заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот, со залез на сонце во OIA. Посета на Археолошки град Акротири, црвената плажа, Манастирот St.Ilijas кој се наоѓа на највисоката точка на островот,посета на сега главниот град Фира каде ќе имаме можност за индивидуална прошетка и фотографирање,разглед,шопинф и индивидуален ручек во некоја од локалните таверни,преубав поглед од Калдера.,  Во вечерните часови посета на OIA најмонденското гратче на островот кое ке не остави без здив и од каде што ќе се види најубавиот залез на сонцето. По залезот на сонцето враќање во хотел во Камари/Периса, време за одмор, индивидуални активности и индивидуална прошетка и посета на некои од таверните и ноќните барови во Камари/Периса. Ноќевање.

4 ден 22.05.2022 (недела) – САНТОРИНИ
Појадок. По појадокот околу 09:00-09:30 часот поаѓање/трансфер до пристаниште Атињос и се упатуваме на факултативна екскурзија крстарење со традиционален брод се до 16:00 часот. Посета на островите Неа Камени, Палеа Камени и островот Тирасија, на враќање низводен поглед на Калдера/OIA, Фира, се до старото пристаниште каде ќе имате можност да ја видите и жичарата која води до Фира. При посетата на вулканот ПЕС, на островот Палеа Камени за сите оние кои ќе сакаат да се качат до вулканот, задолжителна доплата од 5 еур. при самиот влез, од каде се имаат можност да ги видат сите седум кратери на вулканот. Потоа се упатуваме према островот Палеа Камени каде што ќе имаме можност за капење во топлите води на стариот вулкан. По посетата на Палеа Камени се упатуваме према островот Тирасија, каде ќе имаме слободно време за слободни активности, индивидуален ручек, време за капење или посета на селото Манолас на островот Тирасија. Во договор со групата и нашиот брод се упатуваме на низводен поглед на OIA  Фира се до старото пристаниште каде е жичарата која води до Фира. Околу 16:00 часот, се враќаме назад на пристаниште - Атињос каде не чека нашиот автобус и се упатуваме кон хотелот. Време за слободни активности. Ноќевање.

5
 ден 23.05.2022 (понеделник) – САНТОРИНИ - СКОПЈЕ
Појадок
. По појадокор напуштање на собите во период од 10:00 до 11:00ч.Багажот во автобус,сите оние кои не одат во посета на винарија не чекаат на договорено место и време за поаѓање ,а сите други заинтересирани се упатуваме на Факултативна посета на најубавата и една од таков вид винарија во Грција.GKoutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во дожина од 300- та метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите четиринаесет генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес, посетата на винаријата завршува со дегустација и презентација на четирите најпознати вина кои што се произведуваат во оваа винарија, односно на Санторини. По посетата на винаријата околу 14ч, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на брод. Поаѓање за Пиреа во 15:25ч.  Ноќно пловење према Пиреа/ Атина. Пристигнување на пристаниште на Пиреа околу 23:30ч. по локално време. Патувањето продолжува со автобус од Пиреа према граничен премин Богородица, со попатни паузи. Пристигнување во Македонија наредниот

 ден 24.05.2021(вторник) во утринските часови.

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО :

ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

 

НАПОМЕНА :

Агенцијата го задржува правото за промена на денот и часот за бродското пловење доколку има промени од страна на бродската компанија, воедно го задржува правото за промена на редоследот и часот на факултативните излети.

ДОПЛАТА ЗА :

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПАТНИЦИ СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ:

 

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: