Пребарување

Внесете клучни зборови:

MAJ 2022

Санторини – 24 Мај 199eur Период: 20-25.05.2022

Санторини – 24 Мај 199eur
Период: 20-25.05.2022

photo

 

 

 

1. ДЕН (ЧЕТВРТОК)- СКОПЈЕ

Состанок на групата во 14:30 часот на паркингот спроти Хотел Holiday INN. Тргнувањето ќе
биде во 15:00 часот. Следува возење преку Македонија и Грција со попатни паузи заради
одмор и регурлирање на граничните формуларности.

 

2. ДЕН (ПЕТОК)- ГРЦИЈА – АТИНА – САНТОРИНИ:

Пристигнување во Атина – Пиреа, во утринските часови. Поаѓање за Санторини од пристаништето во 07:25 часот. Предвидено е пристигнување на Санторини во 15:30 часот, следува трансфер до сместувањето. До вечерните часови следува слободно време за одмор и индивидуални активности. Во попладневните часови е предвидена факултативна посета OIA, каде ќе го дочекаме еден од најубавите и најпознатите залези на сонцето. Враќање во Хотел. Ноќевање.

Уживање во најубавиот залез на сонцето од градчето OIA

 

3. ДЕН (САБОТА)- САНТОРИНИ:

Појадок. По појадокот следува целодневна посета на островот. Посета на Археолошкиот град Акротири, Црвената плажа, Мегалохори, Пиргос (највисокото населено место на Санторини) Имеровигли, Фиростефани. По разгледот се враќаме во Хотел. Ноќевање.

Магијата на островот ќе ве остави без зборови

4. ДЕН (НЕДЕЛА)- САНТОРИНИ:

Појадок. По појадокот факултативно крстарење со брод, и посета на вулканските острови. Посета на новиот вулкан (на овој вулкан може да се влезе и се плаќа влез од 5 евра), потоа со бродот се упатуваме кон стариот вулкан (тука неможе да се влезе) каде постои можност да се бањате во термалните води. Враќање кон старото пристаниште и се упатуваме (со магаре или жичара, се доплаќа 6 евра) кон Фира. Враќање во Хотел. Ноќевање.

Крстарење со брод, посета на вулканот.

5. ДЕН (ПОНЕДЕЛНИК)- САНТОРИНИ – АТИНА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на сместувачките капацитети. По напуштањето на сместувањето следува факултативна посета на винарија. По посетата на винаријата следува трансфер до пристаниште. Испловување од пристаништето во 15:25 часот. Предвидено е пристигнување во Пиреа во 23:30 часот. Следува ноќно возење преку Грција, со попатни паузи заради
одмор и регулирање на граничните формалности.

Прегледување на најдобрите фотки по пат

6.ДЕН (ВТОРНИК) - МАКЕДОНИЈА – СКОПЈЕ:

Пристигнување во Скопје во утринските часови. Крај на програмата.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
✅ 3 ноќевања со појадок во 1/2, 1/3 и 1/4 соби во Хотел 3* во Периса
✅ Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
✅ Бродска карта на релација Пиреа – Санторини – Пиреа
✅ Пратител на групата за времетраење на аранжманот
✅ Организација на патувањето.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 0.7 евра по ден (покритие до 30.000 евра без франшиза) – се плаќа во агенција
Факултативни излети
PCR Тест 
Индивидуални трошоци на патникот.

 


Ковид политика:
– Т.А, гарантира поврат на уплатени средства во случај:
– Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест)
– Затварање на граници
Напомена:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.

 

Факултативни Излети

Излетите не се вклучени во цената аранжманот.

Пиргос

Посета на најсветото место на островот- ПИРГОС каде на ВЕЛИКИ ПЕТОК се поклонуваат сите Христијански верници, со специфичен  традиционален ритуал кој го приредуваат мештаните. Целото село е осветлено со смола која гори како илјадници запалени свеќички, кои и најсилниот ветер на овој ден не може да ги изгасне. Оваа посета на Пиргос ќе ја паметите цел живот.

Цена: 15€

 

Full Day Santorini

Целодневна екскурзија на островот. Почнувајќи веднаш по појадокот ќе ги посетиме следните знаменитости: Посета на Археолошкиот град Акротири, Црвената плажа, Мегалохори, Имеровигли. Разгледот го продолжуваме кон градчето OIA (Иа) каде ќе имате можност да го видите еден од најдобрите залези на сонцето. Оваа гледка ќе ве остави без зборови.

Цена: 40€

 

Крстарење со брод

Kрстарење со брод до вулканскуите острвои. Посета на новиот вулкан НЕА КАМЕНИ. Посетата следува со пешачење до врвот на висина од 130 метри, пешачењето трае околу 25 до 30 минути. По патот до врвот на вулканот ќе се посетат сите кратери на НЕА КАМЕНИ каде на самиот врв ќе го видиме активниот кратер. Тоа не значи дека ќе видиме оган и лава но ќе видиме присуство на големи количества на сулфур и дим. Излетот продолжува на стариот вулкан, ПАЛИЈА КАМЕНИ, каде ќе имате можност за посета на термалните вулкански води. На ова островче нема пристаниште, бродот застанува на 30м од термалните води и постои можност за капење. токму ова место го нарекуваат “здравјето на островот” каде сите туристи Се мачкаат со калта и се капат во термални води богати со железо кои се добри за кожата... По 40 мин слободно време екскурзијата продолжува на старото пристаниште во ФИРА. можност за искачување до фира со жичара или магариња кое е исто така едно посебно чуство и искуство на овој остров. ја посетуваме исто така црквата во Фира и по тоа имаме слободно време за прошетка.

Цена: 50€

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: