Пребарување

Внесете клучни зборови:

БОЖИЌ И НОВА ГОДИНА 2022

СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН РИМ! Директен лет од Скопје за Дочек на Нова Година 2022! 28.12.2021-01.01.2022 (5 дена/4 ноќевања)

СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН РИМ! Директен лет од Скопје за Дочек на Нова Година 2022! 28.12.2021-01.01.2022 (5 дена/4 ноќевања)

 

 

 

 

 

 

Главен град на Италија со епитети кои ги носи повеќе од 3000 години! Вечниот град или градот на седум ридови ја раскажува својата историја буквало во секој свој агол, а посетителите со причина го опишуваат како посебен и единствен. Големиот број на споменици и знаменитости го прават Рим музеј на отворено, во комбинација со тредновите кои доликуваат на еден модерен и современ град. Локалните жители кои за својот град велат дека е посебен свет, ќе Ви ја раскажат приказната за Рим преку архитектурата, модата и кулинарските вештини од кои произлегуваат највкусните традиционални специјалитети!

 

ПРЕДЛОГ ПРОГРАМА
1 ден 28.12.2021 (вторник) СКОПЈЕ – РИМ

Пријавување на аеродромот во Скопје 3 часа пред предвидениот лет кон Рим во 15:05 часот. Пристигнување на аеродромот во Рим во 16:40 часот. По завршување на пасошка и царинска контрола, следува оргранизиран приватен трансфер кој ќе Ве одведе до хотел. Сместување во хотел со 3* во центалниот дел на Рим (пример хотел Hotel Nizza Roma 3*). Одмор и релакасција пред попладневна прошетка низ улицита на градот кој го носи епитетот Вечниот Град. Ноќевање.

 

2 ден 29.12.2021 (среда) РИМ

Појадок во хотел. Уживајте низ улиците на Рим и почуствувајте ја италијанската култура, предновогодишната еуфорија и едни од најпосетените, а воедно и најпознатите туристички и историски знаменитости. Посетете го Ватикан, ватиканските музеи, Св. Петар и Систинската капела. При посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните збирки дела од кои збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16 - ти век, салата со канделабри, како и собите кои ги насликал Рафаело.  Овде посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и неколку други светски познати сликари. Во времето од 1508 година до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30 - тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд. Нашиот разглед продолжува со посета на најголемата црква во светот Св. Петар во која се наоѓа познатата “Пиета“ - единственото потпишано дело на Микеланџело. На крајот прошетајте на прекрасниот плоштад кој бил уреден од Бернини кој го носи епитетот на најзначајниот уметник на италијанскиот барок. Направете пауза за ручек во некој од многуте ресторани и најпознатото италијанско еспресо. Потоа заминете на Пиаца НавонаПантеонФонтана ди ТревиШпанските скали, а на крајот релаксирајте се со шопинг на некоја од шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо). Ноќевање.  

 

3 ден 30.12.2021 (четврток) РИМ

Појадок во хотел. Доколку сакате прошетка надвор од Рим, препорачуваме посета на градот Тиволи кој е оддалечен на само 40км, а до него можете да стигнете со јавен превоз. Прошетајте во паркот Тиволи и комплексот Villa D’Este, кој со својата градина и палата им припаѓа на најдобрите ренесансни градини. При враќањето во Рим, предлагаме да ја посетите црквата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, а потоа и една од најголемите знаменитости и атракции во Рим – Колосеумот, лоциран до дворецот на Нерон “Domus Aurea”, кој воедно бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја. Ноќевање.

 

4 ден 31.12.2021 (петок) РИМ

Појадок во хотел. На последниот ден од годината или денот кога ја дочекуваме новата, на улиците на Рим владее предновогодишна еуфорија на која никој не останува рамнодушен. Дочек на новата година во Париз значи забава, прекрасни италијански специјалитети, попратени со музички настани и артисти од целиот свет. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! Ноќевање.

 

5 ден 01.01.2022 (сабота) РИМ-СКОПЈЕ

Појадок и одјавување од хотелот. Слободно време за прошетки до организираниот трансфер до аеродромот во Рим. Пријавување на шалтерите на Wizz Air за летот кон Скопје во 17:15 часот. Пристигнување на аеродромот во Скопје во 18:50 часот.
 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ: 369
 

Пакет цената е изразена по лице, при што истата вклучува:

Пакет цената НЕ вклучува:

Напомени:

newwaysoftravel Превземи целосна понуда   

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: