Пребарување

Внесете клучни зборови:

2024

Скандинавија 1ви Мај

Скандинавија 1ви Мај

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ОСЛО – КОПЕНХАГЕН – СТОКХОЛМ
Авион / 7 дена / 6 ноќевања


01Мај (Среда) СКОПЈЕ – ОСЛО
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10.30 часот. Авионот за Осло полетува во 12.35 и слетува во 15.50 часот. Сместување во хотел. Вечерта, предлагаме прошетка во шармантната област Aker Brygge, старо бродоградилиште кое е целосно реконструирано. Старите бродови се заменети со постмодерна архитектура. Неверојатните челични и стаклени конструкции се издигнуваат кон небото и ги чуваат некои од најдобрите ресторани, продавници, пабови и кина во градот. Популарна област за шопинг, јадење и забава, како и станбена област со висока класа. Вистинското место за сите оние кои бараат луксуз и сјај! Ноќевање

02.Maj(Четврток) ОСЛО
Појадок. Разглед на главниот град на Норвешка, викиншкиот град кој го опкружуваат спектакуларни фјордови. Разглед со локален водич: главната улица во Осло, Карл Јоханс Гејт, едно од најживите места во градот, дом на бројни ресторани, кафулиња, продавници, како и универзитетот, театарот, парламентот и кралската палата. Прекрасното Градско собрание, тврдината и замокот Акершус една од најважните средновековни тврдини во Норвешка, каде што можете да ја следите норвешката историја од 12 век до денес. Посета на паркот Вигеланд со 227 монументални скулптури сместен во рамките на поголемиот парк Фрогнер, кој е и најголемиот парк во Норвешка. Најновиот симбол на Норвешка е Операта, која се наоѓа на средината на старото пристаниште во Осло, со прекрасен поглед на фјордот Осло. Слободно време. Посета на Bygdoey „Музејски полуостров“ каде што има фантастични музеи. Norwegian Maritime Museum – ја претставува норвешката поморска историја, бродоградба и подводна технологија. Norwegian Museum of Cultural History– музеј на отворено, кој го прикажува животот на норвежаните во изминатите пет века преку автентични куќи, стари работилници, дрвени магацини преселени од различни делови на Норвешка.  Fram Museum – најсилниот дрвен брод што некогаш бил изграден и сè уште ги држи рекордите за пловење најдалеку на север и на југ. Во музејот Фрам можете да видите како екипажот и нивните кучиња успеале да преживеат во најстудените и најопасните места на земјата – Арктикот и Антарктикот. Музејот Фрам има и поларен симулатор каде што може да го доживеете студот и опасностите од поларните експедиции пред повеќе од 100 години. The Kon-Tiki Museum – посветен на норвешкиот истражувач Тор Хејердал, кој ја предводел експедицијата Кон-Тики во 1947 година, т.е. патување преку Тихиот Океан, од Јужна Америка до Полинезиските Острови. Ноќевање.

03Мај (ПетокОСЛО- КОПЕНХАГЕН
Појадок. Посета на познатата скокалница Холменколен лоцирана над градот, која на туристите им нуди неверојатен поглед на Осло и Ослофјорд.  Кога ќе ги прашате жителите на Осло кој е нивниот најпрепознатлив споменик, сите сигурно ќе ви одговорат на Холменколен. Скијачката скокалница била изградена во далечната 1892 година, а оттогаш била реконструирана дури 14 пати. Овде се одржани голем број важни натпревари, вклучувајќи ги и Олимписките игри во 1952 година. Посебна атракција е ски-симулаторот. Потоа, (околу 15.00 часот) качување на брод DFDS на линијата Осло-Копенхаген. Сместување во двокреветни кабини. На бродот има од продавници, барови и ресторани до вечерна забава. Вечера. Ноќевање.

04Мај (СаботаКОПЕНХАГЕН
Појадок. По слегувањето од бродот (околу 10.00 часот), трансфер и разглед на градот со локален водич: Разглед на средновековната Данска престолнина Копенхаген: Палатата Амалиенборг, резиденција на Данските Кралеви, Градското собрание, Парламентот на Данска во Палатата Кристијансборг, Операта, Кралската библиотека, Дворецот Розенборг, симболот на градот “Малата сирена”, создадена според истоимената бајка од Ханс Кристијан Андерсен… Сместување во хотел. Прошетка по најстарата пешачка зона во светот Строгет, со препознатлив „скандинавски дух“ и едноставни фасади со живи бои, канали и готски цркви. Нихавн e најживописното данско пристаниште препознатливо на сите разгледници во градот, со многу луѓе, кафулиња, ресторани. Слободно време за посета на пивницата Carlsberg и можност за дегустација на познатото данско пиво.  Ноќевање.

05Мај (НеделаКОПЕНХАГЕН – СТОКХОЛМ
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки или посета на забавниот парк Тиволи, најголемата традиционална атракција во Копенхаген, отворена во 1843 година. Тиволи е најпосетениот тематски парк во Скандинавија кој со својата егзотична архоитектура, градини, ролеркостери, претстави, концерти, изложби… привлекува повеќе од четири милиони туристи годишно. Трансфер до железничка станица и патување до Стокхолм со воз (околу 5 часа). Сместување во хотел. Ноќевање.

06Мај (ПонеделникСТОКХОЛМ
Појадок. Разглед на градот кој лежи на 14 острови: Градското собрание во чија златна сала се доделуваат Нобеловите награди и за Швеѓаните е најубавата зграда во земјата, кралската опера, кралските градини, парламентот… Пешачка прошетка до островот каде што се наоѓа стариот дел на градот, Гамла стан, со еден од најдобро зачуваните средновековни квартови во Европа. Популарниот плоштад Сторторгет, музејот на Алфред Нобел, средновековната катедрала и кралската палата, која сè уште е официјална резиденција на шведското кралско семејство и со 608 соби е меѓу најголемите палати во Европа. Промена на стражата на палатата во Стокхолм е исто толку спектакл  како и во Лондон. Гамла Стан е остров со многу знаменитости, ресторани и барови. Слободно време да се проба и омилената храна на Швеѓаните Inlagd sill -харинга во саламура или Gravad lax – пушен лосос и за десерт принцес крофни за кои имаат посебна традиција.  Ноќевање.

07Мај (ВторникСТОКХОЛМ – СКОПЈЕ
Појадок. Факултативно, посета на островот Џургарден кој годишно го посетуваат над 10 милиони туристи, го нарекуваат и остров на музеите бидејќи тука се наоѓаат најдобрите градски музеи, како оној на светски познатиот шведски бенд АББА во кој има неколку интерактивни аудио и видео пултови каде што посетителите можат да пеат или пуштаат некои од хитовите на популарната шведска група или да танцуваат на сцена со холограми на другите членови од бендот. Скансен – најстариот музеј на отворено кој со повеќе од 150 антички куќи ја прикажува шведската историја, развојот на нејзината архитектура и поранешните обичаи и живот. Слободно време за ручек. Организиран трансфер до аеродромот во Стокхолм. Полетување за Скопје во 23.10 часот. Пристигнување во 02.10 часот наредниот ден.


За уплата до 10 Декември: 1190 евра
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  1290 евра


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:


Напомена:

// $(".covid19").on('click', function() { // $(".covid19").fadeOut().remove(); // });