Пребарување

Внесете клучни зборови:

Есен 2021

ТЕЛ АВИВ, ИЗРАЕЛ 19.11.-22.11.2021

ТЕЛ АВИВ, ИЗРАЕЛ
19.11.-22.11.2021

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПРОГРАМА

1 ден 19.11.2021 (петок) СОФИЈА-ТЕЛ АВИВ

Пријавување на шалтерите на аеродромот во Софија (Терминал 1) 2 часа пред предвидениот директен лет кон Тел Авив во 06:40 часот, со авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во Тел Авив, Израел во 09:10 часот. По завршување на пасошка и царинска контрола, со организиран трансфер се упатувате кон хотелот (пример хотел Sea Net Hotel 3*). Сместување во соба според правилата на хотелот. Одмор од патувањето пред почеток на авантурата наречена Тел Авив, најголемиот град на државата Израел. Релативно млад град кој постои околу 100 години, а го одликува јужноевропска архитектура. Индивидуално или организирано како факултативен излет препорачуваме посета на гробот на Св. Ѓорги во Лод (Древниог град на Лида Палестинска) како градот Јафа кој е еден од најстарите градови на Блискиот Исток, лоциран на висина од која нуди прекрасна глетка кон Тел Авив и неговите песочни плажи. Панорамски разглед на градот Тел Авив е секогаш добра опција за оние кои имаат желба да го прошетаат градот со локален водич, кој ќе ја раскаже приказната за израелската метропола. Прошетајте по квартот на елитата Рамат Ган и населбата Бел Град која е под заштита на УНЕСКО како светско архитектурно наследство со градби во стилот на Баухаус, со различни правци во модерната архитектура. Ноќевање

 

 

2 ден 20.11.2021 (сабота) ТЕЛ АВИВ

Појадок во хотел. Индивидуално или како факултативен излет, секако препорачуваме посета на Ерусалим, град кој е духовно значење за најголемите религии во светот. Еден од најстарите градови во светот, основан во 4-от век п.н.е, кој е од најголемо значење на јудеизмот и духовен центар на евреите во 10-от век п.н.е. Свет град исто така и за христијанството и исламот по Мека и Медина.

Овде се наоѓа Маслиновата Гора, Стариод Град, Ѕидот на плачот кој е единствениот остаток од храмот на Соломон, улицата Виа Долороса или на латински Патот на болката древната улица на Ерусалим по која Исус Христос, со крстот на кој подоцна бил распнат, се движел до местото Голгота каде е извршен најтажниот чин во историјата на христијанскиот свет. Таму се наоѓа и Божјиот гроб кој е најсветото место во христијанството, каде Исус бил погребан и од каде воскреснал. По посетата на овие места добивате сертификат за аџилак, а пред седушевен мир и спокој. Ноќевање.

 

3 ден 21.11.2021 (недела) ТЕЛ АВИВ

Појадок во хотел. Искористете го денот за прошетки по обалата на Тел Авив или релаксација на некои од плажите овде. Доколку имате желба за посета на некоја од блиските знаменитости и свети места овде, тогаш препорачуваме посета на Кана Галилејската или местото каде е луѓето во времето на Божјиот Син биле сведоци на првото чудо од Него, претворајќи ја водата во вино. Овде се наоѓа и Капернаум, место каде Исус ги сретнал своите први ученици како и планината на Блажествата, позната по прекрасните градини и величествените погледи на Галилејското море. Направете пауза за ручек во некоја од локалните ресторани, каде ќе имате можност да пробате традиционални специјалитети. Низ јудејската пустина ќе пристигнете до Мртвото Море кое е најсоленото езеро во светот, со околу 30% сол, поради што во ова море нема растителен и животински свет, освен некои едноклеточни организими. Овде се наоѓа и Ерихон, град кој е под нивото на морето што го прави најнискиот град во светот. Поглед кон манастирот на Искушението, познат по постот на Исус од 40 дена и 40 ноќи, и посета на градот Јарденит каде Исус бил крштеван од страна на Јован Крстител. Ноќевање.

 

4 дена 22.11.2021 (понеделник) ТЕЛ АВИВ-СОФИЈА

Појадок и одјавување од хотелот. Со организиран трансфер се упатувате кон аеродромот во Тел Авив, за директниот лет кон Софија во 10:00 часот. Пристигнување на аеродромот во Софија во 12:50 часот.

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА: 299€

 

Пакет цената е изразена по лице при што истата вклучува:

 

Пакет цената не вклучува:

 

Напомени:

newwaysoftravel Превземи целосна понуда   

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: