Пребарување

Внесете клучни зборови:

Зима 2021

ТОПЛА ЗИМА НА ПЛАЖА ХУРГАДА од Ноември до Април 2021! СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ВО ФЕВРУАР 2021 

ТОПЛА ЗИМА НА ПЛАЖА ХУРГАДА од Ноември до Април 2021!
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ВО ФЕВРУАР 2021 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За оние кои сакаат топла пауза во зима - авионски пакет аранжмани за Хургада, од Ноември до Април!

Програма со вклучен авион од/до Скопје, 7-14 ноќевања во хотел по избор, All Inclusive, трансфери, виза...

ХУРГАДА ЗИМА 2020/21 - ПРОГРАМА

1.ден:  Скопје - Истанбул - Хургада

Пристигнување на Скопски Аеродром 3 часа пред и лет, согласно актуелните аеродромски правила за чекирање. Лет за Хургада преку Истанбул (Sabiha Gokcen) со Pegasus Airlines окулу 02:35 часот, односно согласно времето наведено во авионската карта. Слободно (транзит) време меѓу летови во Истанбул - на сопствена режија може да се напушти аеродромот. Вечерен лет од Истанбул за Хургада. По пристигнување, пречек од страна на претставник од партнер агенцијата во Хургада и организиран трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување. Ноќевање. 

 

 2 - претпоследен ден:  Хургада

Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети. Ноќевање во хотел.

Последен ден:  Хургада - Истанбул - Скопје

Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до времето за трансфер кон аеродромот во Хургада. Лет преку Истанбул (Sabiha Gokcen) за Скопје со Пегасус во поставеното време, согласно издадените авионски карти - најчесто во вечерните часови, после полноќ. Слободно (транзит) време меѓу летови во Истанбул - на сопствена режија може да се напушти аеродромот. Пристигнување во Скопје.

СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ВО ФЕВРУАР 2021 

од 783еур за двајца

 

ЦЕНИТЕ ВКЛУЧУВААТ:

» Авионски карти на релација Скопје - Хургада (преку Истанбул) со Пегасус.

» Чекиран багаж до 20кг + 7кг рачен багаж 

» Аеродромски и административни такси.
» Пречек и асистенција на аеродромот во Хургада.

» Организиран трансфер аеродром - хотел - аеродром во Хургада.

» Престој во избраниот хотел согласно резервираниот број на ноќевања.

» Организација на патувањето.

 

ЦЕНИТЕ НЕ ВКЛУЧУВААТ: 

» Меѓународно патничко здравствено осигурување.

» Хотелски услуги после одјавување на собите (*** Хотелот има право да прекине со All Inclusive услуги по Check Out).

» Факултативни екескурзии и други индивидуални трошоци.

» Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата.

» ПЦР тест не постар од 72часа пред влез во државата е задолжителен. Агенцијата може да асистира и закаже навремено тестирање во акредитирана лабораторија.

» Влезна виза за Египет - за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување. Потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6 месеци. *** за престој од 01.07.2020 - 30.04.2021 визите за туристи со македонски пасош се БЕСПЛАТНИ***

 

ЗАБЕЛЕШКИ: 

» Цените се калкулираат согласно најниските авионски тарифи и истите се предмет на расположливост, односно не можеме да ги гарантираме. Доколку не се пронајдат соодветни места на лет, цените може да бидат повисоки.

» Сите хотели се на барање.

» Цените се во евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 мкд за 1еур.

» За време на празници цените може да се разликуваат од наведените.

» За влез во Египет потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).

» За резервација потребна е уплата од 50% од вкупниот износ, додека остаток се доплаќа најдоцна 14 дена пред патување. Авионските карти откако се издадени стануваат нерефундабилни.

Издвојуваме од понудата и ви препорачуваме:

» DESERT ROSE RESORT 5*
Еден од најатрактивните фамилијарни ALL INCLUSIVE хотели во Хургада, погодно лоциран во туристичка зона на самиот брег на Црвеното Море. Располага со огромни зелени површини, голем број на барови и ресторани, аква парк, голема плажа...

» LABRANDA ROYAL 5*
Хотел со врвна услуга, богати содржини и ретко убава голема песочна плажа - погодно лоциран на самиот брег на Црвеното Море, во прекрасниот залив Макади Беј (Makadi Bay). Одличен избор за мирен и спокоен одмор на море.

» CONTINENTAL RESORT 5*
Сериозно квалитетен хотел со традиционално отмена услуга и содржини - идеален за удобен и спокоен одмор на брегот на Црвеното Море. Мирна атмосфера и сервис налик на бутик хотел, прекрасна природна песочна плажа вдолж брег од палми, а надвор - атрактивно туристичко шеталиште (Memsha), ресторани и барови, Buddha Bar, Hard Rock...

» JAZ MAKADINA 5*
Престижен и отмен хотел лоциран во еден од туристички најатрактивните луксузни хотелски комплекси во Хургада - MADINAT MAKADI. Првокласна 5* услуга, прекрасна песочна плажа, аква парк, голф терени, вкусна храна...

» SHERATON SOMA BAY 5*
Изграден во стилот на импресивниот храм Карнак, овој отмен и луксузен хотел ја има една од најубавите лагуни на Црвеното Море!

» PYRAMISA SAHL HASHEESH 5*
Огромен All Inclusive ресорт полн со содржини распослани низ прекрасно оплеменети градини, лоциран директно на долга песочна плажа во елитната туристичка зона Sahl Hasheesh.

» TITANIC ROYAL 5*
Овој сосема нов и луксузен хотел сместен на самата обала на Црвеното Море, поседува повеќе различни базени со вкупна површина од дури 5.200 м2, свој аквапарк со 13 тобогани, неколку ресторани и барови, софистицирано опремени соби и лобија, спа центар, детски клуб, и многу, многу други содржини.

» SUNNY DAYS RESORT 4*
Континуирано еден од најпопуларните и секогаш фотогенични хотели на Црвеното Море во Хургада. Од 2020 година, поранешните два Sunny Days хотели (Palacio & Palma De Mirette) се спојуваат во еден голем ресорт богат со содржини.

» MERAKI BEACH RESORT 4* (Adult Only)
Уникатен, модерен и секогаш забавен, еден од најпопуларните - МЕРАКЛИСКИ хотели. Уживајте и чувствувајте се живи во уникатната атмосфера на овој хотел само за возрасни

» FORT ARABESQUE RESORT 4*+
Хотел идеален за љубителите на вистинските убавини на Црвеното Море, лоциран во живопосниот залив Makadi Bay - на преубава сопствена песочна плажа долга 900м - една од најдобрите во целиот  регион на Хургада. Официјална категоризација е 4*+, но наша категоризација - чисти 5* !

 

ХУРГАДА
Хургада - еден од најатрактивните ресорти во Египет, се наоѓа на окулу 5 часа возење ( 530км ) јужно од Каиро на западната обала на Црвеното Море - на афричко тло . Најголема атракција на Хургада е беспрекорно чистото и топло море. Од Нил ја делат окулу 150км каменеста пустиња чии врвови преминуваат 1700м. Градот е исполнет со голем број на ресторани, продавници, барови, мали пабови и интернет кафеа. Подводниот свет е исклучително богат така што Хургада е особено популарна кај љубителите на подводни спортови, нуркање и снорклинг.Она што е особено интересно за посетителите е и малиот, ненаселен  архипелаг на корални острови со прекрасен подводен свет и бели, песочни плажи.
Освен за уживање во раскошот на стотиците хотели на обалата на Црвеното Море, Хургада е погодно лоцирана за посета на Каиро како и на импозантните храмови во Луксор стари по неколку илјади години. 
Хургада е населена во почетокот на 20 век и од мало рибарско место, во последните десетина години прераснува  во привлечна туристичка дестинација. Денеска Хургада е град со над 50.000 жители и се протега на повеќе од 40км покрај море.
 
DAHAR – е најстариот дел на Хургада, административен центар во кој се наоѓа главната пошта, автобуска станица за меѓуградски сообраќај, базат и пазар, полициска станица и граддска управа. Тука живее поголемиот дел од локалното население
 
SAKALA – спој на стариот традиционален  Египет (бројни продавници, традиционални сувенирници, ресторани со национална кујна..) и современи туристички текови ( хотели од различна категорија, нова марина, шеталиште, ресторани, клубови, барови покрај самото море..). сакала се наоѓа на км јужно од дахар и км северно од туристичкиот центар Мемша како и 7км од аеродромот во Хургада.
 
MEMŠA – нов туристички центар на Хургада, туристички регион кој се развил многу брзо и се одликува со долго, поплочено и уредено шеталиштена кое се наоѓаат раскошни хотели, голем број на продавници, маркети, пазари, ресторани и познати барови и клубови како Hard Rock Café, Little Buddha, Elements..На само 2км од шеталиштето се наоѓа меѓународниот аеродром на Хургада.
 
SAFAGA ROAD – се наоѓа помеѓу Мемша и заливот Сал Хашиш . Воцентралниот дел на оваа зона се наоѓа едно долго, ново шеталиште со луксузни хотелски комплекси, продавници, маркети и големиот трговски центар Senzo Mall.
 
SAHL HASHEESH –  е туристичка зона, прав бисер на Црвеното Море, која го добила името по истоимениот залив со прекрасна, тиркизна вода. Ова е ексклузивен дел на јужна Хургада кој го сочинуваат раскошни хотелски комплекси изградени покрај самиот морски  брег а поврзани со шеталиште долго 8км покрај самото море. Од новиот центар Мемша, оддалечен е 18км а од стариот центар Сакала, 26км.
 
SOMA BAY – Туристичка зона на крајниот југ на Хургада, во истоимениот залив, во близина на градот Сафага. А оддалечен од Мемша 45км. Сома Беј е познат по луксузните комплекси од познати хотелски ланци и долгата песочна плажа ( окулу 5км долж заливот ). Поради коралните гребени, како расцветани рајски градини кои се идеални за гостите кои сакаат гњурење тоа е заштитена зона во регионот. Идеален е за мирен одмор во супер луксузните хотели изградени во самата пустиња покрај брегот на Црвено Море.
 
MAKADI BAY   – Туристичка населба која се наоѓа на окулу 35км од Хургада, во истоимениот залив. Населбата е опкружена со прекрасна песочна плажа долга 4км и се состои од поввеќе луксузни хотели од познати хотелски брендови, изградени во уникатен стил, комфорно опремени со прекрасни градини и најразлични украси. Привлекува голем број на туристи, поготово оние кои сакаат нуркање.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ - ХУРГАДА

Освен уживањето на All Inclusive покрај плажа во вашиот ресорт, има многу други активности и места кои може да ви го збогатат престојот во Хургада: Крстарење и снорклин, Пливање со делфини, Рајски острови, Пустинско сафари, Храмовите во Луксор, Јавање камили, Пирамидите во Гиза, Посета на Каиро.