Пребарување

Внесете клучни зборови:

Есен 2022

ФИРЕНЦА И СИЕНА ИТАЛИЈА - симбол на убавината

ФИРЕНЦА И СИЕНА
ИТАЛИЈА - симбол на убавината

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Авион / 07 Октомври/ 4 дена / 3 ноќевања
07-10.10.2022

07. Октомври (Петок)  СКОПЈЕ - БОЛОЊА - ФИРЕНЦА 

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 12:15 часот. Полетување за Болоња во 13:50 и пристигнување во 15:45 часот. Трансфер до Фиренца (околу 1 час и 30 минути) и сместување во хотелот. Прошетка низ главниот град на Тоскана - лулката на ренесансата, градот на “Давид“ на Микеланџело, на “Раѓањето на Венера” на Ботичели, градот во кој Данте го започнал создавањето на италијанскиот литературен јазик. Слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет. Ноќевање.  

08. Октомври (Сабота)    ФИРЕНЦА  

Појадок. Разглед на Фиренца, Катедралата Дуомо со автентичната купола - чудо на ренесансната архитектура, Палатата Векио - Градското Собрание, Плоштадот Сињорија - познат по репликата на Микелаџеловиот Давид и Галеријата Уфици, Понте Векио - стариот Мост од 14 век, Палатата Пити... Слободно време за индивидуални активности. Можност да се почувствува атмосферата на елитните кафулиња со “вистинскo” италијанско кафе. Ноќевање.

09. Октомври (Недела)  ФИРЕНЦА - СИЕНА 

Појадок. Препорачуваме целодневна посета на Сиена, еден од најубавите средновековни градови, вечниот “ривал” на Фиренца. Сиена е позната по готската архитектура со карактеристична црвена боја. Разглед на градот, опколен со ѕидини од 16 век, Плоштадот Ил Кампо во форма на школка, еден од најубавите плоштади во Европа каде доминира Градската Палата со високата кула, Катедралата со богата мозаична декорација... Превоз низ преубавите предели на Тоскана, налик на позадина на ренесансните слики. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање. 

10. Октомври (Понеделеник) ФИРЕНЦА - БОЛОЊА - СКОПЈЕ 

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Превоз до Аеродромот во Болоња. Полетување во 16:15 часот и пристигнување во Скопје во 17:55 часот. 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399 евра   (24.750 денари)

 

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:: 

 

- Авионски превоз на релација Скопје-Болоња-Скопје 

- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm до 10kg) 

- Организиран трансфер со автобус од Аеродромот до Хотелот и обратно 

- Сместување во Хотел Delle Nazioni 3* во центарот на Фиренца на база 3 ноќевања со појадок 

- Организација на аранжманот  

 

 

  

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 

 

- Рачен багаж (уште 1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg) 1.500 денари 

- Багаж за чекирање 1 куфер до 20kg 2.350 денари  

- Посета на Сиена 45 евра  

- Туристичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција) 

- Доплата за еднокреветна соба 6.200 денари 

- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз  

- Патничко - здравствено осигурување  

 

Напомени: 

 

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ 

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 21 патници Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари 

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето  

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Пред да извршите резервација, Ве молиме да ги проверите посебните услови за патување на Вашата дестинација поради актуелната состојба со Ковид 19, во надлежната амбасада или на следните линкови: