Пребарување

Внесете клучни зборови:

# ДОМА СИ Е ДОМА

Хотел РАДИКА Маврово

Хотел РАДИКА Маврово

 

 

 

 

 

Хoтел Радика е првокласен планински комплекс лоциран во Националниот Парк "Маврово", Западна Македонија, на одлична издигната позиција над Мавровското Езеро, која е опкружена со автентична шума. Локацијата е инспиративна во текот на целата година и е на оддалеченост од само 90 километри од аеродромот во Скопје.

Хотелот е целосно реновиран во 2008 година и претставува изненадување за сите кои за прв пат го посетуваат. Одличната локација и опкружување (1400м надморска висина), просторните соби, стилскиот дизајн како и големиот СПА центар, ќе придонесат Вашиот престој во Хотел Радика да биде незаборавен.

Со чаша македонско вино можете да се опуштите и да уживате во посебната атмосфера и да се уверите во познатата македонска гостопримливост. Хотел Радика е идеално место за бегство од градскиот метеж и регенерирање на потребната енергија. Ние ги нудиме најлуксузните и најпространи хотелски соби во Македонија. Собите се со современ, елегантен и удобен мебел, изградени во барок и модерен стил. Располагаме со 5 видови хотелски единици, приспособени за сечии потреби. Хотелските соби имаат поглед кон Мавровското Езеро и дел кон планински пејзаж. Хотелот располага и со внатрешен и надворешен базен, фински сауни, парни бањи, масажи, турски амам, џакузи со солена вода, спортски терени, забавно рекреативен центар, ски лифт, ски опрема, моторни санки за возрасни и деца, велосипеди како и многу други подобности кои ќе го направат Вашиот престој во Радика исполнет и интересен. Нашата мисија е на локално ниво да достигнеме врвен хотелски стандард, да ги надминеме очекувањата на регионалните посетители и да станеме прв избор, за нашите потенцијални корпоративни и приватни клиенти. Како добри домаќини, со природна насмевка и ненаметлива љубезност, со задоволство Ви стоиме на располагање 24 часа во денот, 365 дена во годината.

 

Период: 28.12 2020 до 24.01.2021

 Тип на соба

1 лице

2 лица

 Супериор

5.520

4.280

 Јуниор суит

6.140

4.900

 Апартман &

 Дуплекс апартман

6.760

5.330

 Претседателски апарман 

17.980

8.990

Цените се дадени по лице по ноќ со вклучен појадок

 

НАПОМЕНИ:

Период: 01.12 2020 - 01.04.2021

(Освен за од 28.12.20 до 24.01.21)

Тип на соба

1 лице

2 лица

 Супериор

4.280

3.040

 Јуниор суит

4.900

3.660

 Апартман &

 Дуплекс апартман

5.520

4.280

 Претседателски апарман 

 13.580 

8.000

Цените се дадени по лице по ноќ со вклучен појадок.

НАПОМЕНИ:

Деца од 0 до 4 години со двајца возрасни – бесплатно

Деца од 4 до 12 години со двајца возрасни – 1.240 ден.

Трето возрасно лице – 2.170 ден.

Доплата за ручек 930 ден. / вечера 930 ден.

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

Туристичка такса

Спа центар (внатрешен базен, џакузи, сауна,парна бања, фитнес центар, пинг понг, билјард, игротека...

Паркинг

Интернет конекција