Пребарување

Внесете клучни зборови:

# ДОМА СИ Е ДОМА

Хотел Туто Јанче/Галичник

Хотел Туто Јанче/Галичник

 

 

 

Кога се патува од Гостивар кон Дебар, од левата страна на патот под Бистра не може а да не се забележи селото Јанче со својата прекрасна архитектура.

Водејќи се од се ова еден наш Македонец, повратник од печалба направи традиционален македонски рај и привлекува туристи во селото Јанче. Хотел „ТУТО“ нов и современ хотел идеален за одмор и повеќедневен престој. Нуди низа услуги по високи стандарди.

- Еднокреветна соба 30 ЕУР со вклучен појадок;

- Двокреветна соба 50ЕУР со вклучен појадок;

- Трокреветна соба 60ЕУР со вклучен појадок;

Доплата за полупансион 38ЕУР од лице, полнпансион 50ЕУР од лице.

 

Хотел Туто, село Јанче Хотел Туто, село ЈанчеХотел Туто, село Јанче

 

 

 

 

 

Куќите во Галичник и во Јанче се комплетни архитектонски творби, кои се засновани на логична просторна организираност, рационални и одмерени во надворешниот изглед.
Со галичките и јанечките куќи се исткаени градот и предградието. Тие мајсторски творби го смируваат зеленилото околу себе и планинскиот амбиент и ја ублажуваат напнатоста на стрмниот терен.
Овие епитети за село Јанче се доволен предизвик за негова посета во престојните пролетни и леетни месеци, кога престојот во овој регион е посебно атрактивен бидејќи природата нуди многу.