Внесете клучни зборови:
http://korabtrnica.mk/complex-trnica/
Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо Ве пречекува, се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар.
Комплексот им нуди на гостите можност за одмор во два објекта за престој, кои се состојат од апартмани и соби со прекрасен поглед кон падините на Кораб, Шара и Бистра.
Во склоп на комплексот се наоѓа Ресторан Кораб Трница во кој се служат највкусните традиционални специјалитети како качамак со кисело млеко, трничка тава, ѓомлезе, реканска пита...
цена на сместување по соба |
капацитет бр. на лица |
||
Тип на сместување |
недела-четврток |
петок-сабота |
|
двокреветна соба |
1800 |
2100 |
2 |
апартман |
2300 |
2800 |
4 |
вип апартман |
2800 |
3500 |
4 |
трокреветна соба |
2100 |
2500 |
3 |
голем апартман |
3500 |
4200 |
8 |
Планинска куќичка |
1400 |
1900 |
2 |
Доплати по лице: пoјадoк 200 ден, ручек/вечера 450 ден.
Деца дo 8 год. бесплатно, до 12 год. 50% попуст.
Опис на собите:
- двокреветна соба (од кои 3 се со брачен кревет а 2 се со два кревети)
- трокреветна соба (се состои од 1 брачен и еден единечен кревет
- апартман (Капацитет: 4лица Апартманот се состои од една спална соба со голем кревет за две лица и дневна соба со голем кревет на спуштање за две лица)
- вип апартман (капацитет: 4 лица, ист како обичниот само поголем и со тераса)
- голем апартман за 8 лица кој се состои од две спални соби со по еден голем кревет за две лица, голема дневна соба со софа, терпезарија и 4 единечни кревети.
- Планинска куќичка за две лица
Активности:
-oрганизирани тури за јавање коњи за почетници
-бесплатна риболовна опрема и велосипеди
-детско игралиште
-пешачки патека